Кашлица еве веќе 2 недели...пробавме да третираме локално со спреј во нос ама не се смируваше кашлицата и мораше да пие антибиотик и затоа е дома...да, само во носот ја има а мрсули нема имаше неколку дена и толку, веќе една недела нема воопшто мрсули ама кашла како кочијаш...па чекам да му се смири за да направам брисеви па да го пуштам
Мајки, како се викаше тој спреј за во нос, ацидосалус? Ефикасен ли е? Откако ќе ја спукаме бактеријава, ако му прскам во нос од спрејот, ќе има заштита, делува превентивно да не ја закачи пак?
Кај мојот се покажа добар. Ако нешто случајно закачи и покрај спрејот или викендот кога не иде у градинка не прскам, појачувам на 2 пати на ден и се опоравува за неколку дена. Ама мојот има препишано од лекар и момокс спреј па незнам дали и тоа има врска ...
Синко паднал, не во мое присуство. Поплакал и се смирил. Сега кога се исправа на мебел (не е прооден) го крева левото ноџе наназад и плаче. Очигледно го боли. Го опипав секаде, не покажува дека го боли. Го витка во колено, зглоб, движи прсти без проблем. Ама кога ќе застане со цела тежина го крева и плаче. Ако и утре е така кај да го носам? На ортопед? На рентген?може глупаво прашање ама појма неам.
А чек не те разбрав. Го пушташ во градинка ако закачи нешто? Тој дел не те разбрав и покрај спрејот кајшто велиш. шо да прам, 9 вечер е веќе, преморена сум.
Ако му се растече нос и покрај тоа што му. Прскам спреј пред градинка почнувам два пати на ден. И ако е само со растечен нос, да, го пуштам, а ако недајбоже има температура, грло, бронхит и слично секако дека дома седи. Се надевам ти се разјасни, мада што не гледам што е битно тоа дали јас го пуштам во градинка ако закачил нешто или не во муабетот за ефикаснота на спрејот одмори се шштом толку си изморена, утре со нови сили
Батко од вчера со тт до 38.6 во текот на целиот ден комбинирав сируп Парацетамол и Блокмакс поради тоа што не спушташе само од Парацетамол. Масиравме со вински оцет и чарапчиња на нозе. Синоќа околу 19 наеднаш качи 39 и со повторно масирање и ладни облоги на челото спуштивме тт и беше добар цела ноќ. Утрово бевме на лекар грлото премногу црвено со што ни дадоа Амоксиклав на 12часа и по потреба ако пак качува Парацетамол. Само што стигнавме дома повторно вивна 39 , што друго може да превземам за да не качува пак?
Има ли некоја финта да капнам капки во носе ама успешно? Вака нема шанси да ми седи и да чека да и капнам....
Парацетамол за 15 кила колку давате и колку бруфен. Ми рече доктор парацетамол 9ипол и 7 и пол бруфен, не е многу некако оти не ја чувам амбалажата?
Јас го земам во раце како за доење, едното раче позади мене на грб , другата му е долу. Ако имаш некој да ти помогне да му држи глава. Ако си сама отвори капки и низ игра стави му ги.
Не знам колкаво е твоето, ама моево има 2 години и 14.5 кила, педијатар ми кажа 7.5мл парацетамол, 6-6.5мл блокмакс.
бадијала 100%. И син ми беше со исти симптоми и крвна слика. Матичната даде антибиотик. Јас одлучив да не го давам и не згрешив.За 3 дена му помина. По недела го носам на контрола за потврда за градинка и докторката вика -супер е ,антибиотикот си завршил работа. А да сигурно завршил. Најлесно тутни антибиотикот и завршиле работа... Јас да прашам, дали боли кога растат шестки?