Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    13.529
    Бебево од септември му тече нос. Префаќа од големата. Полудев веќе и јас.
     
  2. Pandev12

    Pandev12 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Vo red li e ovaa krvna slika fala vi dali se dobro ovie trombociti
     

    Прикачени фајлови:

  3. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, синко прв пат разви бронхит.

    Грлото многу црвено, крајници потечени, наод на плуча, диши забрзано и на меше:(

    Амоксицилин доби, и капки за пиење изгледа се кортизонски да се рашират бронхиите. Па во петок контрола.

    Температура два дена до 40 оди и спушта до 38 само.

    Што практикувате при бронхитис за побрзо да го извади секретот?

    Не соработува баш, не сака да јаде, течности некако со лажење пие.
    Ќе пробам во спиење да инхалира само физиолошки.
    Што би можело друго?
     
  4. sandza

    sandza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2019
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Некој да сподели искуство со главоболка кај 6год дете... Повремено кажува дека ја боли и денес ми кажа на физичко кога трчале ја болело:(
     
  5. sandza

    sandza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2019
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Колкаво е детето? Инхалации ви дадоа? Можеш да го тапкаш по грбчето легнат на твоите нозе на меше.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    20231206_202540.jpg многу сум уплашена да не е неурофиброматоза утре ке одиме на доктор ама сакав едно мислење од вас воопшто не ми е добро од ко прочитав што може да биде не ми е добро

    Само да напоменам имам и јас една ваква флека а малата имат три од кои две не се познаваат многу
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2023
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.081
    Допаѓања:
    33.187
    Пол:
    Женски
    Моето дете има две огромни вакви флеки на нозете. Не се ништо страшно.
     
    На Калинаа20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    3ипол е
    Не ни дадоа инхалации, ама направивме пред спиење една само со физиолошки, после тие капките што ги пиеше
    Инаку кога почнува да кашла го тапкам по грпче
     
  9. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
     
  10. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    здраво мајки, температура 6ти ден, на секои 6-7-8 часа зависи качува, давам блокмакс зошто парацетамол не помага, качува до 38.7-8, 2 пати качи и до 39.2. Носена на лекар констатирано е дека е воспалено увото (притоа не се жали на болки), препишан антибиотик. Крвна слика правена на 5ти ден од темп. црп 11, вака крвната слика е океј. Докторката од Мк ни рече дека ако е вирус ке трае и до 7 дена . Не живееме во Мк, меѓутоа вирусите се тие сегде. Некој со слично искуство? Памет немам веке, се распаметивме двете дома, детево изгоре
     
  11. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.968
    Ние сме 5 години, температура трет ден, не качи повеќе од 38.5. Трета недела кортаир, четврти ден вентолин. Испијан Зинат, а навечер Аериус. Кашлица страшна, матичната кажа нема спуштено. Еден ден и болка во уво. Спреј синомарин и оперил П.Три недели кашлица, ова никогаш во животот не сум го видела, што чудо од вирус е?!
    Со што да продолжам? Што давате барем на природна база нешто?
     
  12. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    3.947
    Ако нема спуштено, ништо, терајте така како што ви дала докторката терапија. Јас мачкам со балзам Viks, не живеам во Мк и не знам точно кој го има таму, а има и детски знам пишувале членки тука. Мачкам на грбче, на гради и на стапала, 2 или 3 пати на ден, се покажало ефикасно кај нас. Ако е со шлајм кашлицата, штом почне да кашла го удираш по грбче полека, на секое кашлање така, за да се одлепат шлајмовите.
    Тука инхалации нема, наместо тоа ни даваат маски директно да дише дете и оди во б.дробови, Вентолин-Аеролин е кај нас и Flixotide и секогаш ни помага. Кашлањето може да потрае и и цел месец, битно е да нема Температура и да нема спуштено, ако кашла само тоа не е проблем.
    Ако има и секрет во нос, јас чистам со шприц и физиолошки од литар од аптека, го има и во Мк, земам дете во скут, над лавабо и полнам шприц од 10 мл и ставам во едната ноздра и течноста излегува од другата ноздра. После во другата ноздра и се така додека не излезе се. И тоа е. Со помин.
     
  13. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.968
    А каква е поврзаноста на ова со болки во колена? На тоа се жали?
     
  14. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Женски
    Кај нас обично Експулмо го даваат и јас го мачкав син ми на гради и грбче многу ни помогна.Иначе и ние бевме во истата ситуација со нашиот матичен педијатар го носам навечер во Козле кашла ужасно ми викаат има наод на гради да почнеме со инхалации а следен ден го однесов кај матичната така ми рекоа од таму да го прегледа и она а доколку се влоши да се вратиме таму повторно. Го прегледува докторкава ми вика детево е чисто на гради како чисто на гради кога кашлаше и тоа саглам плус во Козле ни рекоа дека има наод.. Фати викенд почна да се влошува тт да качува пак во Козле па и гнојна ангина испадна па ни препишаа Панцеф а пред тоа само на инхалации беше на 8 часа со ипратом а на 12 часа со пулмикорт.Мој совет до членката е само во Козле да се однесе детето..
     
  15. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    1.428
    Пол:
    Женски
    Малата има 19 месеци и на брис и излезе мораксела...пред тоа кашлаше и беше малку затната....терапија и дадоа коалмацин и веќе една недела го пие и еве три дена кај што клаваме капки флоксимед...овие два дена е бетер со кашлањето...не можи да спие од што кашла, дури ко влошена ми делува ситуацијата наместо да има подобрување. Некој искуства.
     
  16. Pandev12

    Pandev12 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    probi viranto
     
  17. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    1.428
    Пол:
    Женски
    Не вервам дека виранто ќе помогни во овај случај.
     
  18. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    4.634
    Пол:
    Женски
    Ако е влажна кашлица види прашај за инхалации да правите.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Krismare

    Krismare Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Majki izvinete za slikava no Ve molam za iskustva eve veke Eden mesec vakva stolica I'ma dve godisno dete od sto bi mozelo ishranata ni e ista kako sekogas
     

    Прикачени фајлови:

  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    4.704
    Личи на запек, повеќе течности, овошје, храна богата со влакна, може и пробиотик. Пробај ден два, давај овошје, направи го смути ако треба за да изеде/испие повеќе, банана ако ставаш гледај да е убаво зрела зацрнета, манџи, течности многу, вода, ако не сака вода како мојава цеди сок и растварај го, нека пие пола литро-литро течност, без леб, тестенини и види. И советувај педијатар.