Јас откако го купив инхалаторот сум помирна. Пред 2 недели големиот беше настинат. Го инхалирав 2 пати дневно. И плус спреј во нос му ставав. По првата инхалација имаше подобрување. Му се одзатна носот малку. Немаше кашлица. Ама ако не средев навреме, ќе имавме проблем. Лани и со вентолин правев, ама по препорака од доктор. Имаа кашлица. Нека поминува побрзо.
од што би можело обојување на урина во темно кафена боја(ко одстојамнчај) кај дете? Здрав,без течење нос,кашлица,без тт,не е клапнат...јаде...Цвекло нема јадено...Малце со вода забушавал вчера на училиште... Ова е од утрово и мн сум загрижена
Ќерка ми од ноќеска качува тт 39 со нешто и ставам чепче ефералган. Ќе и спадне и после неколку часа пак качува толку. Бевме на одделение правевме крвна слика црп покачено 33, лимфоцити,леукоцити и тромбоцити беа покачени. Грлото малку црвено, носот затнат ама не тече. Друго нема. Ми препишаа антибиотик. Пред еден месец пиеше антибиотик ја отрув веќе. Прашањето ми е дали мора антибиотик? Некако се научија за се нешто антибиотик да даваат.
Брисеви направи? Јас без брис после едно фијаско што го имавме пролетта не давам веќе антибиотик. Ќерка ми со 116 црп без антибиотик, за 3 дена и се симна на 8.
Многу зависи од ситуацијата, нема општо правило. За малку црвено грло некогаш ни крвна слика не правам. Најдобро се гледа од детето, дали е весела или изнемоштена, а и докторот треба да знае добро да процени. Мада на рано направена крвна слика, а такви вредности…може и за антибиотик да е.
Бебето мое за 4.5 црп му дадоа амоксиклав, се побунив докторката вели имало благо покачени леукоцити и се слушало малку спуштено на гради дека е подобро да пие и му давам, а пред 10дена пиеше цефалемсин, пред тоа зинат. Големово пак почна да јаде ама во лице цела ден е блед скоро бел од што млже тоа? Пишав предходно дека повратил обилно во сон а не се сеќава никој не ми одговори, цел ден си јадеше денес нормално ама бел е од што е блед, му дадов и електролити
Па ако има спуштено на гради нели би требало некој друг антибиотик да препише? Инхалации без антибиотик? Не ми се јасни со тие крвни слики, како да не знаат терапија да препишат без крвна слика. А за поголемиот син да проверите да не е анемичен?
Не му дадоа инхалации зашто предходно правевме со дексазон,демек да паузира само солени капки да прскам, направивме брисеви за вируси ама дури во понеделник ке бидат резултатите а до тогаш да пие амоксиклав и да ставам капки тобрекс во очи. Очињата му се подсмирија нема гурелки ама почна течно да кака, и едното обравче му е црвено како зажарено и топло на допир а другото не, па се мислам да не е некоја алергија на капките или на антибиотикот. Мада и грицки од големото пробува може и од нив да е, обично не ги јаде ги плука ама којзнае.,веќе неможам да им фатам ред ме збудалија.
Виранто давате на маливе дечиња? Година и 3 месеци. Затнат нос сабајле имаше, па во игра се растече проѕирно, и вечерва поплачлива беше пред спиење, изгледа се затна носот пак. Имам лепенки респиратол, да залепам на пижамче или на кревет? И друго да прашам, дали ко ќе имаат затнат нос вашите се прават црвени околу око и кон челото и носето на пола црвено кај што е затнато, а и тоа око подзатворено. Со големиот вакво нешто не сум видела колку и да е затнат во носот. Буквално на пола и беше едното око сега пред спиење.
Па тт ја држи додека трае дејството на чепчето, ќе спадне и таа ќе се расположи после пак 39. 39 со нешто и одбива да јаде. И течности со сила. Повеќе е на цицање. Прашав сега 2 доктори мислење за крвна слика. Ми рекоа за антибиотик дека е. Тоа е ќе си пие пак. Од градинкава е гарант. Не знам како да се понашам кога има тт, иако втор пат сме со олку висока. Не знам дали да ја расоблечам пошто е ладно испотена викам да не стане бетер. Прееска пример имаше тт а се тресеше, и кај устата помодре. Па после симна тт, и се расположи...
Како е сега? Јас расоблекувам кога веќе ќе се стопли, ќе почне да се поти и самото дете покажува кога веќе сафра го фаќа од топло. И да е испотена одма облечи други суви алишта, а ако се тресе, ладни и се рацете и нозете тогаш стопли ја. За течности и храна пробувај еден саат после чепчето кога веќе ќе почне да намалува. Пробај со цевче, со некоја интересна чаша, директно од шише, било како. Исто ми помагаше грицки ако му давам, па да ожедне од тоа. Те разбирам, мојот болен не јадеше по 4 дена ама со грицки и течности од цевка поминувавме некако. Па постепено супа, пире, овошна каша и се враќаше во нормала. Ама молење по цел ден буквално, секакви сокови, чаеви, се наредено на маса и за секоја голтка радости. Нека поминува побрзо.
Не знам. Не давам такви сирупи. Само виранто ако приметам дека почнува нешто, по потреба, односно кога има нешто витамин Ц и редовно витамин Д.
Мојава го допива дефендилот по препорака од козле беше, ништо аир не видов ама ај нека го допие, и сега е настината па викам дали и виранто да и дадам плус, али ќе консултирам матичен. Тнх
Немам ништо против сирупите, ама строго да се препишано од стручно лице. На своја рака може би дала само од Флорадикс, на природна база е како Вирантото ама пак да има добра позадина за тоа (многу чести разболувања). Види со матичен. Да знаеш Виранто се дава на првите симптоми за да спречи.