Во болница лежевме за сипаници со малиот. 2 инфектолози и педијатри за тт му препишаа Бруфен, од кај ова жити се?
За да не го чешаат многу сипанициве ми препорача докторката лоратадин но не ми кажа колку се дава за дете од 15 кг?
Јас одамна знам дека не треба комбинација ибупрофен и варичела како и астма не го измислив сигурно, може и да прочиташ, а може и да давате без оглед на ризикот ваш избор. Напиши на google varicella ibuprofen ќе видиш резултати, еве линк и на македонски https://pedijatar.mk/preporaki-od-l...so-varichela-kolku-i-da-chesha-negoviot-osip/
Не давам бруфен од други причини, ама лежевме баш за варичела, летово. Таму му даваа, па сменивме парацетамол. Ама никој не спомна за вакво нешто. Не знам дали применувате ама за сипаници калиум перманганат ни беше спас за брзо сушење. Моето дете имаше доста голем осип. Секој ден го туширавме со растворот и после со Pox Clin. Исто пиеше и Лоратадин.
Здраво, Ќерка ми има затнато носе и е полна со шлајмови, дали да правам инхалација само со физиолошки или имам и дексазон ампули? Живееме во странство овдека ништо не даваат ем се јавив на матичната и само ни рече дома да седиме..
Нека ја види прво педијатар, да ја слушне, ако е чиста на гради не давај ништо на своја рака, ниту инхалации, прави и чај од ловоров лист или прогуглај за искашлување има многу врсти чаеви да видиш кој да и го дадеш. Не знам колкаво е, ако веќе пие и јаде се, може и не може чаеви за неа, не знам. Исто така многу ефикасно кај нас се покажало и со балзам со еукалиптус и некои други тревки ако имаш или види таму во аптека што ќе ти препорачаат, мачкај на гради, грбче и стапала, 3 пати дневно, многу ќе е подобро.
Ти благодарам на советот, ќе побарам во аптека сега да видам дали имаат, инаку голема е 5 години, може да јаде и пие се
Супер тогаш немаш гајле. Може и сауна во купатило, пушти да тече топла вода од туш, затвори врата, стави и еден бокал во струја што се става, искрши еукалиптус внатре и пушти нека врие, пареата од еукалиптус от ќе ви ги отвори дишните патишта и ќе исфрли се што има внатре од шлајм. Ти ги кажувам овие совети од лично искуство, сме пробале и ти кажувам нас што ни помага, па ти види пробај што ви одговара.
Како негувате дома дете со бронхитис? 15+, денес си одиме дома, примаше антибиотик и инхалации со кортаир и вентолин. Сега дише поубаво и се мислам дома како да постапувам покрај тоа што ми е препорака од болница. Смеам ли млеко? Природни сокови?
Млеко не, сокови да и препорачливо е повеќе течности. Нека спие на поткренато, повеќе течности и тоа е.
Ама не искашлува се' уште многу, а помирно спие, нешто домашно друго сте давале за разводнување шлајм?
Јас давам 5мл Летизен за таа килажа. Најдобро види во упатството,ете за Аериус друга е дозата. Можеби не е исто за сите
И кај нас еве два дена е со некоја си таква температура повеќе од 38 со 5 не качува. Сува кашлица и еве денеска носе