Дани пак ќе се повторам, мене од капки за очи ми е полошо него ли кога пијам орално антибиотик. Не знам дали е поврзано, ама сега со паднат имунитет па може да закачила и нешто плус. На лекар кога бевте последен пат? Земи и урина носи за уринокултура. И бактерија боли така, мешето и пече. Нема потреба да оди она, во Авицена носи не ти треба упат.
Како што ти кажа @AngelOfArh направи уринокултура. Јас би те советувала и брис од вулва. Провери дали е црвена долу. Ќерка ми два три пати до сега имаше стафилокока на брис од вулва, а уринокулура чиста. Исто така се жалеше на стомачето и дундето, плус беше прилично црвена. И плус кандида како придружник Провери за секој случај. Или барем следи ситуација.
А сама да и земам брис? не сакам трауми да има ако јаносам на друго место. Еве денеска е океј, им пишав у градинка, викаат океје. Ако ја боли пак вечер, утре ќе носам се.
Мојот па само спомни му идеме кај Гого, лета. Дома ако сакам грло да му видам ќе ме заколе, а таму Гого вика зени он ААААА... Шала на страна, ипак носи ја за брис, бар Гого нека го земе. А може и ништо да не и е, моментално да ја здоболело ако не се измочкала или седела лошо, мене после долго седење свиткана знаеше како мала да ме здоболе така и стомак и ду*де, оти од бактерија па ќе ја боли подолго.
Ако нема црвено на дундето, не земај брис веднаш, прво провери уринокултура. Јас сама земам брис секогаш. Чисти раце, дете врз чиста пелена ја легнувам, стапчето за брис само горе го држам, за да не се контаминира. Секогаш ни било успешно. Мислам дека поголеми трауми ќе има друг да и земе. А трауматично им е Од вечерта ја спремам, па пак сабајлето има плачки
Ништо само се повлекува. За 2 саати немаше ништо, па пак на друго место се појави па се повлече. Така 2-3 дена.
@AngelOfArh неделата вечер бевме на итна. Педијатарката ни рече свеж воздух, диета, сок од јаболко. Без терапија за повраќање. Има огромна црвена флека во белката од окото. Рече како што модриците се повлекуваат по неколку дена и флеката ќе се повлече.
Тоа е веројатно од испукани капилари, ја чешало, имало инфекција, мислам нормално е. Јас имав од повраќање. За повраќањето на Матео најмногу му помогна мислам строга диета, да не речам само на чај и вода, ништо не јадеше. На почеток давав јогурт и се утепуваше од повраќање редовно, прекинав докторот рече не јогурт кога повраќа и се смири одма.
Пак јас со драмиве околу салмонелата...Детево 2д со нормална кака(а веќе недела дена не поврача),му се врати и апетит,сега ми јавуваат-ПРОЛИВ ко вода,течено најтечно.Ќе полудам. МОраше пак да однесам корпо,па со тие рез ќе одам кај педијатар,ама ме интересира во вакви ситуации со послаба салмонела(ако може така да се опише) даваат ли антибиотик?
Јас колку што знам салмонелоза секогаш се третира со антибиотик. Возрасни луѓе со лесна клиничка слика ги ставаат на терапија а не па дете. Упорна е салмонелата не верувам дека ќе се излечи сама од себе.
Не ќе да е од капките за очи. Може бкатеријата да и предизвикала рвено грло па од надразнето грло да повраќа. Се случува кај деца (мојот обично повраќа кога му е црвено грлото од бактерија не од вирус). Коњуктивитот е чудна работа. Ние сите дома еден по еден го поминавме. Маж ми најмногу настрада.
blagodaram za mislenjeto.Dali znaete koj tip na antibiotik i dali e zadolzitelno bolnicko lekuvanje ili moze i doma so sirupce?
На резултатите од копрокултурата стои на кои антибиотици е сензитивна бактеријата и според тоа лекар треба да даде терапија. Во однос на хоспитализација зависи од возраста и состојбата на детето. Кумашинчето мое лани на 5 години се затрови со салмонела но не го хоспитализираа, примаше дома терапија ама не беше многу лоша клиничката слика. Ако има многу чести проливи може многу да дехидрира па ќе треба и инфузија да прима. Носи го пак на лекар и дома треба многу со хигиената да се внимава и никако не смее со други деца да се меша.
И ние бевме со болка... со плачки....не до толку како вие. Испадна ешерихија...добро што беше малку. Од симптоми се јави...температура, проливеста столица, жолта столица, омалаксаност. По антибиотик чиста беше. Дури носат пелени нормално е и да се пренеси нешто. Мојава не носеше, ама в градинка мн. се стегаше...не им кажуваше дека и се мочка...ќе си чува за дома...а не чини ако нема доволно протек. Прво како воспаление ја фати исто со болка, помина со чајчиња без лекови и шишенце со топла вода и ставав на мешето по предлог од матичната....ама вториот пат очигледно беше дека е нешто плус со столицата и температурата....и тоа секој нов ден си јавуваше по еден симптом. А на крвта ништо не покажа, црп нормално...педијатарот по симптомите што и ги кажав и прегледот антибиотик ни даде (немаше уште жолта столица појавено тогаш), а на матичната после и кажав дека има жолта столица и ме убедуваше вирусно било да направам уринокултура, па ќе сум видела дека ништо не било..да не пиела без потреба антибиотик...и на крај испадна што испадна. Кај нас педијатаров е за антибиотици, а матичнава многу е против антибиотици и многу спротивставени мислења имаат и на крај јас се чудам што да правам. Нека не седи на ладно и чорапчињана нозе да не и достудува.
Немаше други симптоми, освен плачење кога мочкаше и како да мирисаше чудно јако мокрачата. Океј е сега, па ке видиме после антибиотик ке направиме уринокултура... зашто ешерихија ако е, таа тешко се лечи