Некоја вирозичка фатило. Ова се референтни за возрасни, кај бебиња леукоцитите често се покачени. Вака добро е, симптоми нешто има?
Ние со сипаници уште сме со темп. висока, бевме на контрола затоа шо не е нормално уште висока да качува, денес се жали на болка во ушето ставаме капки, антибиотик ни даде докторката ќе почнеме од вечерва , се жали и на болка во грло, имаме и ние некоја таква инфекција и двајцата со ненормална болка во грло и температура, на крвна слика беше супер вчера детево и на преглед само увото црвено и сега има болка дали треба да давам и нешто друго за уво, ставаме капки и антибиотик ќе пие, до сега уво го нема болно.
Те читам , за Докторката Благица Манчева , денес ни закажаа за кај нејзе. Во Поликлиника Букурешт , иако сакав за во Козле, но матичната ни ја препорача и оваа Др. И немало многу гужва. Како си задоволна и дали ги прават сите алерготестови како во Козле? Ќерка ми е 3ипол год и кашла претежно навечер , давам Авил . Но ова нема крај .
Незнам што да кажам. Синчето и нема некој страшен проблем, тогаш имаше неколку ларингитични напади и сакавме да исклучиме алергиски, зошто секогаш крвна слика му беше супер. Прават алерготестови преку кожа (што се подобри), ама ние конкретно правевме само респираторен панел. Јас исто одев по препорака, на пријателка моја синчето има ептен проблем со алергии и она го носеше кај неа редовно уште и во Жан Митрев додека работеше.
2ипол години има Исфрлен е по лице и тело црвени флеки и топчиња ама скроз е здрав Малава 6ипол има, само на лицето е Двајцата се исто црвени во лицето образите Кај малиов топли се на допир топла е кожата Во градинка не знаеја што е, барале на Гугл не нашле што може да е Од градинка отидов во аптека и таму рекоа не знаат што е ама дека може до утре ќе го снема Педијатарот до 12:00 работи денес, па затоа бев во аптека, на лекар од 21:00 се оди на итна, ако е итно секако има лекар и меѓу 12:00 и 21:00 ама ова не е итно Немам поим што би можело да е Да не знаете случајно? Скроз е здрав, расположен јаде пие, од облека да не е нешто дека баш кај памеерсот е бела кожата нормална, немам сменето прашок немам ништо сменето, исхрана иста
Претоплени да не се и двајцата? Ако им е абнормално топло во градинка, а надвор ладно... Па од тоа? Може лупам и глупости, не викам не.
Некоја препорака за детски орл што има веднаш термини, 2год е не знам колку ќе соработува. Кај Мирка се чека, не можам да ја мачам додека дојде термин. Не спие ноќе од секретов. Не знам како да и олеснам, и солен раствор и влечење и мералис ставам не може убаво да дише на нос, стани легни е навечер.
Нека проба матичниот да ви издаде приоритетен упат за пол.Јане Сандански дозволува системот само така најбрзо ќе завршите работа.
Аудио бм во Капиштец мене ме примија на приватно кај докторот. Се јавив и ги замолив за преглед на мало дете.
Кај Маркоски во Ремедика има одма термини, ние таму одиме. И да не соработува има сестра што помага, брзо се завршува прегледот.
Да прашам: -Риностоп за дете од 8 години мора ли сируп, зошто таблети полесно пие, од сирупот ако не и е погоден и се гади; -Дали го даваат без рецепт? -Дали мора да се даде при прв симптом или подоцна може? -Колку пати на ден и дали поспаноста е само по првата доза. Поздрав
Скоро ни едно дете не соработува, посебно мало, и син ми скоро 3 год кај др не го однедов, и на ОРЛ воспалено уво, и плус не прегледуваат трет крајник ако не е сосема здраво детето. Ние сме биле во Козле, и во Аудио БМ кај др.Златко.
Можеш пола таблетка да дадеш, доаѓа доза како сирупот. Го даваат без рецепт, можеш кога сакаш да дадеш не мора на први симпотоми, поспаност има цело време поради состојката што помага за одзатнување на носот. Дозирањето е на 6-8часа. Мислам не повеќе од 5 дена.
Мајки, кога се дава ефералган за болка, а не за тт, како се дозира? За тт давам пола од килажата, а за болка? Си ја чукна главата и се жали дека ја боли.