Дали нешто конкретно се испитува после опструкција? Прв пат му се случува, прв пат доби урбазон, прв пат сум волку исплашена и не знам од каде ова. Никакви симптоми освен упорна кашлица неколку саати. Има шанси да се оправи без да заврши во болница? Дајте некои искуства.
Ние последно завршивме со урбазон, спасивме глава од болница со вентолин 7 дена плус и антибиотик Исто така ненадејно почна, кс беше добра. За испитување не ни рекоа баш ништо, а од колешки слушам дека им снимале плуќа, искрено да не беше толку језив процесот ќе ја носев сама.
Ако се повторува често се прават испитувања, ако не , немаш потреба. За болница само матичниот може да каже ама никој неможе да предвиди како ќе иде болеста. Со лесно и брзо да помине. Мојот имал до сеа годонава 4 пати опструкција не баш лесна ама ниеднаш не сме лежеле. Предпоследниот пат месеципол го лечевме едвај се опорави, и од тогаш е на фликсотид.
Месец и пол влажна кашлица, па вентолин и пулмикорт, болница со урабзони... домашно вентолин пулмикорт па посета на ОРЛ каде е даден флексоназе спреј заради намален слух и сируп алергиски.. Кашлицата не се намалува напротив е влажна, продуктивна, многу кашла... не знам веќе каде да го носам детето (5г) месец и пол со таква кашлица, инхалации, инфузии.. Сте имале такво искуство?
Повеќето дома се лечат. Нека направат една инхалација ако реагира се осеќа одма и ќе си продолжите дома. Никакви контроли не ми препорчаа инфектолозите и педијатрите кога бевме во козле, а бевме 12 дена хоспитализирани. Да, и направија контролна снимка пред да си одиме, ама не мислам дека за секоја опструкција е неопходно. Мојава е помала, 2 год е. Во ноември спушти на плуќа, вентолин, кортаир, атровент, панцеф, 2-3 недели беше со кашлици, па пауза 2 недели се смири и еве ја пак 2 недели со продуктивна кашлица, овојпат без наод. Пулмологот ни даде сега плус летизен покрај инхалации и спрејови, на орл рече не сега пошто демек ради инфектот немало да биде релевантен прегледот. За алергии респираторни мала била за испитување... Утре 3 ден е од сменета терапија, и на котрола сме, ако нема подобрување следен чекор ми е испитување на алергии па колку сака нека не се релевантни. Брис од грло чист, црп ниско, кс добра, она кашла како пушач од 80 год скоро 2 месеци. Исто ни рече да не сме приметиле од храна некоја да не е, ама нема ништо ново, млеко пресно само исфрлив, тоа читам дека често било причина алергиска, ферментирано си давам. Мед исто тој период почнав ај реков сега и него ќе го прекинам. Ама тоа во принцип, крвна слика и брисеви ако се добри, орл и алерготестови би правела.
Фала ви, да не ве тагнувам сите. Фликсотиде и Назонекс исти се? Тоа ме чуди, он веќе 3 месеци е на терапија со Назонекс и Аериус, баш ме зачуди оваа опструкција. Два дена го инхалирам со Кортаир, антибиотик пие и не се подобрува. Вчера урбазонот помогна малку да ја поминеме мирно ноќта ама еве го слушам пак почнува со таа језива кашлица. Помалото исто е цела недела со антибиотик, почнува страшни шлајмови да вади, се плашам да не се случи и кај него, што ќе правам со двајцата во таква состојба. За Козле ми треба упат за денеска да го носам?
Кортико е и тој за во нос, како фликсоназе, момокс. Фликсотиде и фликсоназе се различни едниот е за инхалирање за бели дробови, вториот за нос. Мојот го инхалирав скоро месеципол со кортаир и вентолин немаше подобрување. Крвна слика испитавте ли црп? Инаку за козле мислам дека ќе ве примаат и без упат.
Не, никогаш не сум земала упат за козле. Само кортаир ви дадоа за опструкција? Ние кортаир за добро утро инхалираме. За опструкции вентолин и атровент ни давале.
Немаме испитано ништо, видоа дека се смири од урбазонот и ни рекоа од утре да видиме со матичната, прашав за вентолин као уште нема потреба. Може и на слушалка не им изгледа толку страшно ама кашлицата ме плаши мене, а и дишењето на рака го осеќам остро. До вечер ако се влошува ќе го носам во Козле, Систина не ми се оди, а Искра во Ремедика тек утре е на работа. Фала ви многу, немам кого да замарам за утеха, мм бетер паничар е за болести.
Ако е сува кашлицата не се плаши, ако има влажна и ако е од бели дробови се осеќаат вибрации на градниот кош кога кашла и се слуша влажно. Види како ќе биде, а може најдобро ти е да не се нервираш и секираш однеси го и порано, подобро џабе да го однесеш отколку да го мислиш цело време.
Мојата имаше така упорна кашлица. Два дена прими урбазон. И плус сумамед пиеше три дена. Инхалации со вентолин и кортаир неколку дена, потоа само со кортаир. Ама да не те лсжам не знакм колку дена беа во прашање, не беа многу. Околу 6 дена можеби. 3 со вентолин после ни го исклучија. И помина. Јас вака паничев ама брзо и помина.
Е ако де и ние замараме за утеха. А кој е лабав кога дете ќе му се разболи. Продуктивна мокра кашлица не мора да значи опструкција, ако кашла како зарипнато повеќе укажува на тоа. Ако ти дише брзо, отсечно и тешко однеси го. Кај помаливе нели се гледа ако им се собира кај лажичката повеќе мешето или кај клучната коска под гркланот, ваљда и за поголеми е исто. Ако си во аеродром, во јане прашај мислам има дежурен, однеси го само нека го наслушаат па ако е сомнително ќе отидеш и во козле.
Ние веќе некое време сериозно размислуваме да се преселиме во помал чист град, ништо не не врзува тука, работата може од било каде да ја работиме, само уште не сме собрале храброст. Треба паметно да одлучиме каде зашто веќе кога ќе тргнат во школо не сакам да им менувам околина. Не гледам никаква причина да се гушиме тука, ужасно е, не сакам ни да помислам како ќе ни се одрази тоа понатака.
Подобро друга држава барај...мислам дека нема град во Мк што не е загаден. Можи не се како Скопје ама сегде е страшно. Со помин да е.
Што е со кашлициве на децава. Никако не прекинуваат. Двајцата имаа спуштено на гради, кашлаа, носови течеа. Пиеа ко алмацин. На поголемиот му помина, на малата не и делуваше па после 4 дена и сминија уште 5 дена пиеше панцеф. Се подобри ситуацијата, ама не помина ни една недела, еве ги од вчера пак двајцата кашлаат и нос им тече. Утре пак кај матичниот ама више аман ми се вика.
Кога ќе тргнат во школо нема веќе да се разболуваат толку многу. Да се издржи до школо и потоа е полесно од аспект на разболување. Ние кога одеше во градинка имавме период кога месец дена пиеше антибиотик нон-стоп и едно време престана да слуша зашто се му беше затнато. Сега во школо лани ради намален имунитет што седеа со маски и со дезинфекции претходно вртеа Стрептокока па мамата ни се подра (ама немаше испади од типот кашлање и спуштање на плуќа туку само температура и малаксаност и позитивен брз тест за стрептокока). Годинава пупу да не урочам еднаш имаше стрептокока и два пати вирус што го помина на нога (односно вториот пат во моментов го тера, а од првиот пат јас настрадав од вирусот повеќе од него). Маката е да се издржи додека се мали. Инаку на секое разболување кога беше мал сецкав кромид и ставав блиску до главата на детето. Труеше цел стан на кромид ама носот го одзатнува при спиење чудо едно. И секако спиење на поткренато односно сролан пешкир под душек кај главата.