Син ми два дена со ред во ова време се жали на главоболка, не е настинат нема температура ама слабо спие во градинка и веќе се приметува дека му се спие си мислам од тоа да му е така ама пак ми е во мисла 4 годишно дете глава да го боли.. имате искуство некој?
Во 7 саат му мерев тт имаше 38.4 дадов блок макс ама наместо да му се симне му се качува пред 10 минути му беше 38.8 да го носам на инфективна? Варичела има..
Однеси го, деца генерално одма примаат. Ќе му ги направат сите иапитувања и ќе ви кажат што да правите. Инаку зависи колкаво детето и каква му е состојбата, деца со варичела хоспитализираат на инфективна, не на детско.
Не се секирај, златни се и доктори и сестри таму од вена земаат крв без плачки. Ќе бидеш мирна бар ќе знаеш што да правиш
Рано си му дала, ќе качи колку треба, па ќе симне. Ај баш ако го носиш таму прашај дали при варичела се дава бруфен зашто скоро имаше тука дискусија дека се дава само парацетамол. Инаку нормално е да има температура не се секирај, најчесто така поминуваат сипаници.
Ќерка ми денеска рикаше саглам некои 4 саати. Почна од ручек. Сакам да јадам/не сакам да јадам рикај, играње на маса и рикање цел саат. Се смири отидовме во дневна, ајде и велам мама земи вода напиј се да се освежиш, се разрика пак нејќела вода. Пак удри рикање цел саат. Тамам се смири, и донесов кутија ново лего демек да се заигра оти обожава лего. Ја фрли кутијата не сакала тоа и пак удри на рикање. Не знам што и стана. Цело време ја прашував ја смирував ама џабе беше. На крај веќе рикаше од умор. Конечно се смири и кажа дека ја боли увото. Ја допирав околу со благи притисоци не реагираше и велеше не ја боли таму туку внатре. Ама веќе беше расположена почна и да си игра и јадеше и пак велеше дека ја боли, а вака воопшто не делуваше дека нешто ја боли. Претпоставувам можно е да ја болеше претходно додека плачеше, ама се пробав, ја прашував упорно дали ја боли нешто, ништо не ми кажа. Плус последно време почнав да приметувам и дека подлажува. И сега прашањето ми е, што правите во вакви ситуации кога ви велат дека ги боли нешто а иначе се ок и не изгледа како да имаат некој проблем? Дали давате нешто за болка за секој случај? 4 години e.
Фала ти многу уште еднаш Да баш ќе прашам и јас читав. Иначе фала ти ќе пројде секако мене малце ми е страв дека е со слаб имунитет иначе неизбежно е да прележи .
Дади витамински сируп, ако престане да се жали, значи измислува. Генерално, кога измислува меша што го боли. Пример ме боли нога, која? Ќе покаже еднаш лева, еднаш десна.. Ако продолжи да плаче, кенка после сирупот витамински, вистина боли. А и ќе видиш по однесување дали заборавила што ја боли.
Однеси уште утре на орл, не знам како треба да изгледа дете со болка ако не со промена во однесување и плачење. На тапа болка во уво може и да се навикне и да направите проблем
Нормално ли да се приметува како пулсирање кај грлото кога диши? Кај душникот како пулсирање приметувам диши тивко, спие,16 месеци. Преска минсе виде како да стави нешто во уста, му брцнав немаше ништо ама се закашла од тоа немам мир, после нормално се поигра без да кашла цицаше и заспаи сега го студирам.да не има нешто заглавено па така да му пулсира?
Единствено ме буни за претходното плачење за буквално ништо. Не се случило така до сега. Иначе за увото цело време кога ќе ја прашав беше за десното, ама не цело време ја болеше. Неколку пати ми рече и дека не ја боли. Ова со витаминскиот сируп е добра идеја. Попладнево и дадов парацетамол пола доза стварно не знаев што да правам, никогаш претходно не се пожалила на болка. На доктор ќе ја носам обавезно, прашањето ми беше во друга смисла.
Завршивме ние на инфективна му препишаа ацикловир таблети 5×180 мг (5-7 дена да прима) и да го однесам кај матичната утре да се преслуша има наод на гради рекоа може ќе треба да се вклучи антибиотик.. @Skyler за бруфенот ми рекоа нема врска може да се дава. Фала ви уште еднаш многу мајки Само уште нешто поксклин смеам да мачкам на лицето? Бајаги е исфрлан а за ушињата ни кажаа локално да ги третираме со бетадин воспалени се везикулите во ушните школки.
Да му го смени матичната тогаш. Ако не си пробај у монте да измешаш дали ќе го сака, она така ми имаше кажано но мојот тогаш ништо не сакаше да стави у уста.
@Yowannty Додека да Ве прими лекар, ма да ако е била болничка во скоро време, од шлајм, од дување на нос може да ја заболи. Мојата ако го дува носот и е болна, после следува уво болка, затоа користам електрична пумпа за носот, последниот пат од тоа ја заболи, преполн и беше носот од секрет. Капките се на природна база, содржат уље од бадем/кикирики. Со помин нека е
Здраво, малата е 3 ипол години и одвсј излечивме стрептококс во нос, што би можела превентивно да земам да и прскам како заштита?