Кај има морбили ? Никаде не сум прочитала, тоа ако има и еден случај мора да се пријави во Центар за јавно здравје од страна на лекар по дијагноза. @Tea SK не се тоа морбили не паничи, ти удриле хормони во глава па само паничиш, не читај глупости не се стресувај за безврска.
Моите кога беа таа возраст имаа таква температура, ми кажаа до 37.5 било нормално. Инаку да не ви е премногу топло или да не е премногу облечено бебето? Обично кога се мали мислиме дека им е ладно па претеруваме со облека и затоплување.
Не се согласувам со докторите. И мојот доктор вика до 37.5 била нормална температура. Но јас си го знам детето. Некогаш без да е болен му мерам од страв и не му е повеќе од 36.2-36.5. Штом е веќе 37 мене ми е индикатор дека нешто не е во ред.
Во Скопје. Видов на слика и не ми беше јасно што е зошто прв пат во живот гледам, ама доктор им потврдил Морбили. Не ми е близок да давам информации ептен. Ова според мене ни варичела не е, а камоли морбили, осип некој. Прогуглај ќе видиш дека морбили вака не изгледаат. Ама во Центар за јавно здравје се пријавува секоја заразна болест, тоа не е нешто страшно, и не е дека за еден, два случаи ќе даваат на тв. Доктор ми има кажано дека морбили има постојано, изолирани случаи, ама не значи дека е епидемија како пред 5 години. Најчесто се случаи кои патувале во летувалишта/скијачки центри каде има многу голема концентрација на деца, а од негово искуство најголем случај му се случувале после Банско скијачки центри и тамошните хотели. Пренесувам инфо, да не бидам лошо разбрана.
Па најпрво една крвна слика со црп, па ќе видиш дали има потреба од нешто плус после. А нешто за пеленскиот осип ви даде? Инаку и моите некогаш имаат до 37,5 ама ќе ги соблечам и намалуваат. Твоето константно има над 37?
Нас ни кажаа дека може да се дава и кога е болно и после јака вироза за покревање имунитет. Различни се дозите (шемата) во двата случаи и не се дава без консултација со педијатар.
И кај нас на едно дете му "потврдија" морбили, прво педијатарот, па крвна слика, и пошто мора да се пријави во јавно здравје кај нив испадна не се морбили туку нешто друго што и педијатарот им го утнал. Така да грешки прават, како утнуваат ваква дијагноза ни јас не знам.
Здраво мајка. Ќерка ми пред година ипол имаше тромбоцитопенија, нејзе од јак стомачен вирус и паднаа. Примаше терапија кортико и полека и се нормализираа. Сега пред една недела повторно и паднаа, беше болна, најверојатно од тоа. Со дупла доза витамин Ц и се качија. Ако се премногу ниски, под 50, добро би било да отидете до детска клиника и да се направат дополнителни испитувања и да се даде соодветна терапија.
Мајки како користите лој од гуска? Може во млеко ? И дали може од него да поврати? На кој начин ги исфрла шлајмовите? Фала ви
Преку кака ќе го исфрли шлајмот. На почеток дадав на лажиче, сега веќе сами со прст сакаат да земат. Значи малку ќе дадеш на врв од лажиче. Ги мачкам и на плуќа од лојот. Можеш и во млеко, сок, ако не му се допадне вкусот на детето.
Малку се дава од него, башка мачкај на грб и на гради. Штета нема од него. До сега добро се покажа кај моите.
Јас и давам во јадење 1-2 лажици тргам од ручекот и ставам малку од лојот. До сега не ми повратила сигурно ги голта шлајмовите.
Чисто да ви кажам да гледате ,да пазите и да отварате 4 очи и да почнеме сите да студирање медицина. Многу сум разочарана од Систина педијатрија. Премногу ! Бевме во понеделникот на преглед во средата ги добиеме резулатите од брисевите од нос и грло кадешто излегува дека има бактерија во нос. И ги праќам на докторката да ми каже што антибиотик да земам ми вика оспен 3×5мл ( детето ми има 13 кг и треба 3мл да пие) а во резулататот стои дека пеницилинот е резистетен. Среќа што видов и иако не сум медицинско лице имам еднаш пропатено со големиот и почнав колку толку да се едуцирам.Немам коментар жими се.