Здраво мајки Детето е 2ипол години, затнато е 4,5 дена, има бел густ секрет, други симптоми нема. Му ставам синомарин, и влечам со носко 3,4 пати во денот. Вади три заби( петки) наеднаш. Сега во 22ч, почна многу да плаче и да се жали на болка во левото уво. Му измерив одма тт немаше, ама му дадов 5мл парацетамол, има 14кг. Ама многу плачеше па го облеков и тргнавме на дежурен, зошто ме фати паника, прв пат се жали на болка во уво. По пат заспа во 22и30, па се вративме дома. Што да правам ако ми се разбуди и плаче, да одиме ли или има нешто дома со што можам да му помогнам. Ве молам за совет, тие што сте се соочиле со ваква мака. Ако ја преспие ноќта мирно утре да одиме ли одма на педијатар, вака е само настинат, не кашла и нормално диши.
Сигурно делувал парацетамолот, се смирила болката и спие. Идете утре обавезно на преглед да го видат увото, скоро секогаш даваат антибиотик за тоа. Ако се разбуди и пак плаче неутешно идете на дежурен.
Ушето може да го боли и од растењето на 5те. Да сум јас ако и утре ми се жали за секој случај ќе го носам на преглед.
Ке го однесам утре да му го прегледаат увото. Само да помине ноќта, за да можеме кај матичната да отидеме. Да му дадам ако се пожали до утре сабајле парацетамол пак или блокмакс? На 6ч смееше да се даде така?
Земи чисто крпче, стопли го со пеглата и стави го на увото, тоа ми беше совет од матична Болка во уво не поминува без антибиотици, сигурно ќе треба да пие. Ако се разбуди и плаче, носи го на дежурен. Ако имаш парафинско масло може да му капнеш по една капка. Сигурно му е воспалено од секретот. Со лесно да ја поминете ноќта
Се разбуди детево, и пак почна да се жали, околку 3 саата после парацетамолот. Го однесовме на дежурен, ништо... да сум давала сируп за болка до утре сабајлево, па со упат од матичен на орл. Си дојдовме дома, поминаа 4ч, и му дадов овој пат блокмакс 5мл. Пишува 2.5мл, ама мене таму ми рекоа 7мл да му дадам., па дадов 5. Сега наредно можам ли по 4 часа да му дадам пак за болката блокмакс? Или парацетамол да мењавам?
Бруфен е блокмакс? Тоа е баш против болка за уво и за други инфекции. Прво со тоа се почнува па ако не мине за ден, два, се дава антибиотик. Кај нас секогаш минело само од Бруфен увото.
Мајки здраво. Малава плачеше многу ,крена ТТ . Ја носевме на дежурен во друг град. Ни рекоа воспалено уво. Ни дадоа антибиотик капки за носе и ми рекоа да земам Лекоклар антибиотик. Не го земав ,бидејки пред една недела заврши Панцеф. Давам Блокмакс и капки у нос Дали ке помине без антибиотик увото ? Ваши искуства ?! Не сакам толку брзо пак антибиотик.....
Да,ќе помине. Има секрет во носот? Чистете го редовно. Кај моето кога го болеше увото матичната му препиша комбинација од дексаметазон оперил и уште еден лек во спреј и рече ќе помине од тоа. Ако не помине дексаметазон во уво.
Мое мислење е дека воспалено уво без антибиотик не проаѓа, никогаш не ми прошло и на мене и на дете, ама не мора да значи дека сум во право. Јави се на матичен прашај. Уво тешко се лечи и лесно прогресира бидејќи е затворено, не се лачи секретот нанадвор лесно како што е нос и грло пример, локално ако делуваш пример со ОтолХ, може да пројде болката или да ја маскира, а да работи процесот и да дојде до голема беља. Јас би ти рекла сепак, појди на орл ако имаш опција, или кај матичен, уво не е играчка и лесно може да дојде до оштетување.
Абе јасно ми е, ама уво е, јас лично имам ужасно искуство со уво, се друго лечам природно освен уво. Имам пробано и со капки и со чувар куќа и со масла и со топло и со чистење нос само и секако, ама на крај пак на антибиотик завршувам. Пред да се породам така заглавив и не сакав и не сакав да пијам антибиотик и терав инат и изгубив и слух и многу ме болеше и на крај пак завршив со антибиотик. Одзатнувај носе, притисокот да не стои, чисти нос со лаважа и пробај со ОтолХ, можеби ќе успееш.
Ако често пие антибиотик можно е да ти каже и Не е материјалче за градинка. Нас ни рече, ама прво проверивме алергии и излезе дека е алергија, интолеранција, па се спасивме.
Па така е да, блокмакс пишува на сирупот,и доле ибупрофен Ама секако бевме сабајлево на лекар, му препишаа алмацин и капки декстаметазон. Капки му ставив, а антибиотик му немам дадено, незнам што да правам, се смирува и така без сируп за болка, од 2ипол ноќеска му немам дадено, а тт му е 37.3 Ви благодарам на сите
Па да пие, во понеделникот го завршивме Панцефот ....во смисла да не ја носам? Колку би сакала ...ама немам чаре...мајка ми е тука привремено ама мора на работа.... На иста мака сме со увото моментално мајка..и Јас се еве се мислам за антибиотик. Некам пак да и давам ,гледам мирна е и без Бруфен ....знае на моменти да заплаче..ама не како некни...
Да, за деца што често се разболуваат он вели Не е материјалче за градинка и вели нека седи дома. Мене кога ми кажа земав жена дома да го почува, 3м, додуша тогаш излезе и морбили епидемијата и мораше да седи дома.