Дали ќе помине или не без антибиотик може да каже само ОРЛ.Зависи дали е вирусна или бактериска инфекција,и колку е воспалено/црвено.Мојата ќерка до сега 2 пати имала проблем со уво и сме прошле без антибиотик.Само капки за нос и сируп за алергија.Ама тоа дадено од ОРЛ.Инаку со уво нема играње,мора да си на сигурно оти можеш поголема беља да направиш.Ако немаш можност да ја види ОРЛ,јас би дала антибиотик.
Незнам мајка ,немам памет...имам можност да ја види ОРЛ во Скопје сме веќе,ама матичниот ми рече донесете ја прво кај нас и ние ке видиме ако е воспалено ....
@AngelOfArh што викаш ти ,да ја носиме кај Гого да ја види ? Пошто најчесто кај Виктор и Сандра сме..... Ова читав дека и вие сте кај Паскалов
Еве него денес го виде матичната и само што го допра рече има воспаление. Му капнав капки декстаметазон, и по некое време заспа. Ама сега го допирам има повеќе качено тт. Кога ке стане ке му дадам и алмацин. Штом качува ке му дадам. Инаку ми даде упат за на орл, и ми рече ако не помине после 2,3 дена од терапијава да отидеме. Се надевам ке пројде со ова. Да и го даваш барем 2 дена антиб. па да ја види матичната ако е смирено, да не ја пие цела доза, ако нема до толку потреба.
Не е битно кој ќе го види од овие тројца, мене ми се сите ок. У последно време сме кај Сандра почесто, она ни се паѓа, мене само Кате ми е така така. Иначе имаат отоскоп, ќе видат ако има нешто. Јас они ако кажат нешто не се сомневам, особено Гого, тој врти цел картон пред да препише нешто и се памти. Ми вика ти текнува тогаш кога спушти? *пред сто години тоа, епа тогаш беше за во Козле ама нејќев да те плашам, ова сеа ништо не е.
Оваа мојата не знае точно да каже, прво викаше коленото дека ја боли, кога ја прегледуваа во болница и ги идтегаа ножињата и ја прашуваа овде те боли, овде, овде итн.не се пожали на коленото туку над него како се вика, бутот, таму покажува. И одма рекоа дека е мускулна болка, од вирусот дека е. Инаку она оди нормално, ни подрипнува, ништо, од вчера и игра дури , а кога ја прашувам пак дали ја боли понекогаш ќе рече да, некогаш не Колку време и беше болката кај твојата? Штом помина температура и помина или се жалеше уште неколку денови?
Трае по неколку денови... и секогаш е баш 3,4 дена после вирозата... Првиот пат кога ја болеше си викав ај може расте, грчеви од тоа да не има. Ама после пак кога и се повтори, прашав на лекар и рекоа може од вирусот да е..
За лојта од гуска сакам да пробам дали ќе има некој ефект, све е болно синчето, ама ај кажете од каде купувате или имате нарачувано вака од рандом страна на фб не ми се зима.
Јас да ти кажам им верувам. Еднаш одбиваа да ми дадат антибиотик и беба ми спушти , ама не им се лутам ,зашто знам дека сакаат само да се избори детето и не даваат освен ако нема реална потреба. Веќе и ми ја познаваат што викаш ко Гого вас, и знаат одма ко ке ја видат ....јас од Виктор сум многу задоволна ....и за воведување храна и за секогаш кога други не паничеле он ме смирувал
На големиот ни кажаа 1 недела дека ќе трае, за 2 дена беше ко нов ама пак си мирувавме. Јас разбирам дека многу родители им се кивни, не им е за право, ама јас имам безрезервна доверба. Еднаш и кај нас се деси да спушти, ама за воља на вистината јас не чистев секрет редовно бидејќи дете плачеше, вриштеше, не знаеше да дува, а голем за влечење и спушти. Се што рекле се исполнило и им верувам многу.
Штом се почне со антибиотик, мора да се заврши цела доза, макар и детето одма се почувствувало добро. Во спротивно, ризикувате повторување и влошување на недолечена инфекција и создавање на мутирани бактерии кај кои антибиотик не делува. Или давај до крај, 5-7-10 дена, колку треба, или ич не давај.
Не знам што настинка, грип ќе беше 10 дена трае веќе кашлање тт. 2дена добра наредните пак тт и многу кашлање, ми се стопи детето, ниту сака да јаде. 5 дена правевме инхалации се оправи малку и пак одново сега пак инхалации ќе правиме. Аман веќе душа немам во мене.
Ние бевме кај Паскалов. Воспалени и двете уши. Рече да пробаме прво со капки Тобрекс( дексаметазон со кортико) ,за два дена на контрола . Не сака да дава одма антибиотик зашто до пред 7дена пиеше...а и има историја на антибиотици. Ве молам утешете ме , го сфаќам дека не сака да дава цело време сме на антибиотик, сакам да му верувам.....ке помине ли само од Тобрекс? @AngelOfArh советувај ме жено ,ти си кај нив... кажи ми дека знаат што прават.......
Сонце, сега видов шо мака си имате вие . Да, апсолутно е можно да помине со дексаметазон и тобрекс. Не сум доктор да знам до кој степен би поминало така, ама кај ќерче поодамна мораксела предизвика воспаление на увце и помина со капки неколку дена.
Да кажам и јас кај мојата до сега едно 2-3 пати ја има така одеднаш фатено болка во уво и само со Бруфен и има поминато, секогаш одма во болница ја носев дека сите пати сабота или недела беше и мораше на итна за да видат дали е воспалено, црвено 2 пати и еднаш со секрет рекоа било и секогаш прво со Бруфен ми кажуваат 2 дена и ако гледам дека не мине или е полошо да дадам антибиотик. И секогаш од една доза Бруфен и минало. Што да кажам, дали се десило така кај нас или случајно, не знам, ама без антибиотик сме прошле сите 3 пати до сега. Ниту капки ниту масла што ставаат во уво, ништо.
8г ми е синчето, веќе 4,5 дена ми вика дека увото му се затнува (обично пред спиење се пожалува)... и вика дека некој звук му тропка, клокотка. Го притискав позади, болка нема.. од што може така да се затнува?
Кај мојот беше така ко му се имаше формирано чеп и бевме на чистење. Си го притискаше за да му се одзатне. А мене исто така ми се прави како со звук ако ми остане вода и по неколку дена имам мака.