Не бил на пливање месец скоро, да е вода. Ама оди на пливање од 5г, до сега не му се затнало. Ќе морам да го однесам да видат, исто се стиска, се нервира и неможе и да заспие...
Да, може да се исчисти, и тоа е терапија локална и можеби уште подобро. Особено ако не видел, чул, друг проблем. Ама штом е скептичен ќе ја носиш пак на котрола ќе ти каже. Ние досега не сме прошле со капки никогаш, пошто стандард е проследено со многу секрет, многу шлајм, многу температура... Мене ме интересира за деца очила за заштита за тие што користат компјутери. Големиот не седи долго ама седи, по 1ч во денот одприлика. Бевме денес кај Тренчев и ок пројдовме, ни рече ништо страшно, иритирани се, ни забрани 2 недели екрани, ама се мислам да му земам очила за кога игра тој саат во денот да е со заштита бар. Користите за дечињата? Барнер или други?
Користам за мене, оди во оптика прашај по нарачка да му направат мислам поевтино ќе излезе од барнер. Плус има неколку типа на такво стакло, ќе изберете што ви одговара.
2 дена до 39.8 и после 2 дена немаше воопшто и синоќа 37.6 неколку часа и толку беше. Денес сум јас крш, ме боли цело тело, главата ќе ми експлодира
Значи би требало уште денес. Малото не качува висока ама многу кашла во спиење,големово лежи не мрда за греота е. Јас денес осеќам вртоглавици ќе паднам мислам.
Види да не има формирано чепови на крајници и од таму да ви е температурата. И мојот крена ама му ги фати во почетна фаза па само 2 пати имаше температура и наредниот ден одма се повлекоа со трицефот од 2 пиења.
So prekini 6 dena, sega sekret do kolena kolku cistis poveke izlaga.I jas so vrtoglavici kaj i da e ke se srusam nekade.
Go vide vcera nemase nisto. Krvnata slika ukazuva na virus i grip. Od dene rece doktorkata treba da deluval tricefot. Mnogu gaden virus.
Ќерка ми вчера прими 2 вакцини и беше добра.Во спиење кај 4-5 часот сабајле измерив 37.9 ама дека и се спиеше ја оставив да поспие и кога се разбуди полека ја спушти.Не сум и дала ништо.Денес има некаде 37.3/4 цел ден и ми се жали дека ја боли глава.Плус малаксана е.Си велев дека нема што да давам на таа температура,ама ева ја само што заспа омалаксана и пак во сон качи 37.9.Не сум паметна дали да дадам сируп и кој:Парацетамол или Ибупрофен? Инаку не би дала,ама главоболката и брзо дишење во спиење ме плашат. Што би правеле вие?
Антибиотик на грип не делува, вирус е и ако нема друго ништо освен температура, секрет и кашлица џабе даваш, ќе мине само по себе. Лани го минавме овој вирус и сега пак, недела дена трае и после кашлицата останува подолго и секретот од нос. Редовно чистење и по потреба инхалации може ќе ви даде доктор, ние со аеролин сме за сега, нема спуштено
Инаку јас се напив Бруфен, не се издржуваше болката во глава и тело, како некој да ме натиска над глава, не можев да станам од кревет ни па деца да гледам. Бруфенот за еден саат ме подоправи
Дали после стомачен, односно после дијареа, некое дете имало лигава столица? Утре треба да однесам примерок од првата столица, ама ме интересира ако некоја имала искуство.
Да не седи долго во неправилна позиција. Јас така имав како затнување и како некој да ми тапка на тапанче излезе од приклештување на нерви во вратна регија. Требаше да одам на ренген и физикална, ама останав бремена и ништо. За среќа со повеќе внимавање за сега ми се смири. Секако нека го види доктор.
Давај парацетамол, соодветна доза за возраста и килажата и нека спие ако сака, побрзо ќе се опорави. Ни пола, ни четврт, давај си цела доза во вакви случаи, детето ќе биде подобро, отколку да го оставиш да се мачи со главоболка.
Во право си. Се зфркнав и дадов пола доза парацетамол,ко ништо да не сум дала.И ете ја за спиење пак 37.9.Дадов една доза ибупрофен дека се измачи цел ден дете и еве ја се испоти и сега за сега мирно спие.Памет за друг пат.
Колку дена и инкубацијата на грипот? Внук ми има потврдена инфлуенца а, а со моите деца играа понеделникот. Кога да очекувам дека можно е да развијат симптоми?
Мајки незнам каде да пишам. Чистев купатило и плочките ги прскав со Саво по 5 мин влезе ќеркичката по голема нужда.. ја оставивме вратата отворена, ама пак ми е шубе дека дишеше таму.. дали знаете колку е штетно и какви симптоми можи да јави?
Какво средство е точно, тоа против мувла или тоа wc cleaner? Да се редактирам, средства за дезинфекција се обично бази/киселини кои примарно имаат корозивен ефект на кожа и очи, испаруваат оние многу јаките и тоа може да е штетно, ама од самата миризба од обично средство не може да биде ништо. Секако важно е и времето на изложеност што верувам кај вас било ептен кратко и плус сте отвориле врата. Ако имало било каква штета симптомите одма се јавуваат - потешкотии со дишење, вртоглавица, губење рамнотежа, онесвестување, и тн. Ако нема ништо од ова, океј сте - немаат long term effects.