Кога го прашав матичниот, ми рече 100 дена , ми се стемни. Рече децава не прекинуваат со кашлање, капак на се е што неможеш на воздух да ги извадиш. Ние дома сите бевме, малово заврши на антибиотици , со Трицев од завчера, денес се видоа ефекти веќе. Од вирусна, премина на бактериска инфекција. Не е јадена две недели, денес се разбуди и побара да јаде конечно. Колку што изела денес две недели нема толку изедено. Кашлаше на 30 сек, не прекинуваше, почна со крв да искашлува од толку многу кашлање. Ваљда веќе крајот се гледа на чудово, друго дете е денес.
Изгледа син ми има беланитис. Супер беше цел ден, до сега игравме и се бркавме околу маса, седна да пие вода и почна да се фаќа за курето. Обично така прави да ми каже дека сака пелена да му сменам. Кога видов ќе се онесвестев. Потечено му е и црвено. Го истуширав и исплакнав со чај од жалфија. Така прочитав на интернет. Вака е ок, расположен, си игра, веројатно го боли на моменти и се фаќа таму и ми покажува. Интернетот вика дека најчесто поминува само по себе по некој ден, ама прв пат се соочувам со ова па повеќе ме интересираат лични искуства? Дали е неопходно да го носам сега на итна, или подобро утре сабајле кај неговиот педијатар? Дали се добива некој лек за ова, ако да, како се третира?
Гној нема, ама отечено е, мене вака ко лаик многу ми стои. Не ми се чекаше до утре, само што стасавме на итна. Стварно не знам како се деси. Саат време пред тоа му сменив пелена и се беше ок..
Не се чека може да стане полошо. На мојот му беше предизвикано од сипаниците и за 1 саат му стана како бабурче со гној.
Матичната ни кажа дека и после 4-5 дена може пак да креваат температура. И ние поминавме сите дома , ама среќа со малку покачена температура. Сега баткото кашла и има секрет, ама докторката вели дека не е за антибиотик ни даде риностоп само, и да следиме.
Ви дадоа крема? Не се секирај,ќе му помине. Не знам што е беланитис,но и моето имаше нешто слично. Отечено,црвено, залепено куре. Можеш да го одмиваш во вода со сода/чај од камилица/хиперманган. Да си се покисне во кадичка. Можеш често да го оставаш без пелена да се луфтира. Од маст ,на нас ни дадоа Гентамицин да мешаме со канестен. Обично му се случува проблем со курето кога е болен и пие антибиотик. И покрај тоа што пие и пробиотик.
Баланитис е кај нас. Потечено и црвено. Го пече веројатно кога мочка. И кога се трие од памперсот. Иначе легнат на грб и раширен ко паша јадеше без проблем. Ми кажа дека не е за загрижување честа инфламација кај машките. Да му давам само нурофен за болка по потреба и да го премачкувам со јод. И таа таму му го чистеше со јод. Измивање со жалфија ми рече може исто така. И само ако приметам дека намалил со мочкање или ептен недај боже престане да моча следни 3 дена, обавезно на контрола. Иначе прв пат пиеше антибиотик сега скоро, ама има 2 недели како заврши со терапијата, па не знам дал може да е тоа.. Пробиотик не пие пошо не успеав никако да го натерам. Општо и освен вода ретко да се напие нешто друго.
Ми личи на габична инфекција, ringworm побарај на гугл за убаво да споредиш дали е тоа. Ништо страшно не е, ама може да се рашири на голема површина ако не се третира, и ако имате милениче, посебно маче, да се провери и тоа. И јас сум имала едно кругче, и ќерката кога беше накај година ипол.
Ќерката има 7 год. Во неделата качи температура и до четврток вечер ја држеше.крвната слика покажа вирусно дека е.Во средата ја носам во козле и ми велат дека спуштила на плуќа и коалмацинот ми го заменуваат со Панцеф и матичната ми вика нема шанси да има спуштено бидејќи истиот ден ја слушаше,сега е недела но вчера сабота сабајле кога стана некако чудно ми кашлаше пак ја носам кај матичната и ми вели дека сега ми спуштила и да ја носам во козле.Во козле ми викаат да има пневмонија рано е само три пати се напила Панцеф,ако се влоши ќе дојдете одма ако не ќе го пиете до седум дена и ако нема подобрување ќе ве хоспитализираме.Што мислите доколку треба да ме хоспитализираат каде е подобро во козле или Систина да одам????
Ќерката има 7 год. Во неделата качи температура и до четврток вечер ја држеше.крвната слика покажа вирусно дека е.Во средата ја носам во козле и ми велат дека спуштила на плуќа и коалмацинот ми го заменуваат со Панцеф и матичната ми вика нема шанси да има спуштено бидејќи истиот ден ја слушаше,сега е недела но вчера сабота сабајле кога стана некако чудно ми кашлаше пак ја носам кај матичната и ми вели дека сега ми спуштила и да ја носам во козле.Во козле ми викаат да има пневмонија рано е само три пати се напила Панцеф,ако се влоши ќе дојдете одма ако не ќе го пиете до седум дена и ако нема подобрување ќе ве хоспитализираме.Што мислите доколку треба да ме хоспитализираат каде е подобро во козле или Систина да одам????
инаку вирусот го фати сопругот и сите по дома ги изреди и поголемата ќерка и она е со зинат антибиотик четири дена три дена беше со температура но е на подобро тргната работата кај неа.Засега јас сум ОК.Кога да очекувам подобар ефект од панцефот
Направи голема количина чај од камилица (барем литар), и направи му купка во легенче на малото, да седи со долниот дел потопен во чајот, до половина. Се' што има внатре ќе излезе, јас така кај моево правев кога имаше баланитис, парчиња гној излегуваа и спадна отокот за неполни два дена. Е сега му дадоа и антибиотик да пие, морало. Ама чајот од камилица беше спас.
Вие терајте терапија и ќе биде добро. Ако сепак дојде до хоспитализација недај боже, Козле. Јас бев со малава цела недела во Козле кога имаше 2 год. Се е ОК, ќе имате соба што најверојатно ќе ја делите со уште една мајка, има тоалет во собите, чистат , дезинфицираат. Храната е ОК. Сестрите ти се нонстоп достапни, докторите професионални и стручни, 3 пати дневно имате контрола плус дежурни доктори. Никаква замерка немав додека бевме таму. Искрено незнам што повеќе би добиле во Систина.
Дете ми е 3 ден со темп, треска, омалаксаност. Денес температурава е пониска ама мнгогу се раскашла и се жали дека го болат двете нозе. Дали некој од грипов/вирусив има ваков симптом?
Да и докторката ми рече 2 пати на ден купка, со топла не жешка вода со неколку капки јод. Вчера вечер само го исчисти со јод и веќе утрово е подобро. Сега му спремам купка, се надевам ќе му помогне.