Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.988
    Да, грипот е таков баш никаков, со болка во нозете, телото, глава ти пука, мислиш некој те гази по цело тело, температура 2-3 дена и таман мислиш готово се опоравуваш ајде пак те докусурува :x погрозен грип амин
     
  2. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.971
    Од што може да се исперутаат рацете и да има лупење? Само што го капев, до сега немаше такво, со Бекутан прв пат бидејќи кај баба му немаше Мустела инаку со Мустела го капам... Дали може да е реакција од капењето? IMG_8280.jpeg IMG_8280.jpeg
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8282.jpeg
      IMG_8282.jpeg
      Големина на фајлот:
      317 KB
      Прегледи:
      28
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Сува с
    Сува кожа ништо. Намачкајте хидратантна крема
     
    На Chimera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    Големата има 3 год и 9 месеци. Почна да крева незначителна темп 37,4 и да се жали на главоболка. И дадов ефералган во 12 часоти и се смири болката. Еве скоро 19 часот е и пак ми се жали дека ја боли главчето а температура нема. Да давам пак ефералган?
     
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.988
    Од вирусот ја боли. Ако и е подобро од сирупот дај и пак, Температурата е ок, не е ни температура, над 38 се смета дека има температура. Ќерка ми така пред да качи се жалеше на болка во ногата и после некој час почна да качува. Една недела траеше кај нас, грип се покажа. Со помин нека е
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    Фала..и дадов, засега нема други симптоми освен ко што видов црвено грло ама па година и пол скоро често е со црвено грло и без темп. Ќе помини.
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ana.v7

    Ana.v7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Обично главоболка оди во прилог на грипче, доколку дигне повисока температура, ќе и дадете блокмакс, тој ги смирува и болките во мускулите и генерално болки во телото. Пик на сите вируси е во моментов, може да и друг вирус. Со помин да е

    Од бекутан на нас ни се случи осип околу вратот и на челото. Од бебиња ги бањам со бекутан, пред 1 месец покажа реакција на бекутан и тоа веднаш после бањање. Ја однесов на дежурен и дадоа лоратадин, веднаш се повлече. Најверојатно составот на бекутан е нешто променет ама кај нас даде реакција

    Систина само да ја слушне Обочки доколку е на смена, или прашајте кога е на смена на кол центар. Она ќе ви каже што точно треба да правите. За вирусна пневмонија, многу често не ни даваат атб, третираат со кортико инхалации и вентолин. Во козле најчесто даваат атб од која и да е причина. Не ги потценувам докторите во козле, но дефинитивно бр.1 педијатар пулмолог во државава е Ќети Обочки, од искуство ви кажувам
    Со помин да е
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2024
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.971
    Па добро да реагираме некаде околу ова?
     
  9. Ana.v7

    Ana.v7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Алкалоид, јас им пишав маил
     
  10. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.971
    Ти вратија?
     
  11. Ana.v7

    Ana.v7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не, но го сменив бекутан засекогаш
     
  12. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.971
    Им пишувам сега и јас, ќе те спомнам во муабетот. Ама јас не се заебавам, јас јавно ќе ги линчувам ако не врати никој
     
  13. Ana.v7

    Ana.v7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Слободно
     
  14. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.746
    Допаѓања:
    3.439
    Пол:
    Женски
    Како поминувате со сува кашлица. Дали проспан сирупот засилува кашлица. Завчера и вчера малку кашлаше (почнав со проспан) денеска цел ден кашла. На спиеење воопшто. Друго што може да давдам за сува кашлица? 3 и пол год. Дали излегувате надвор на ладно, дали капењето помага?
     
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    8.948
    Пол:
    Женски
    Мајки да ми препорачате добар кожен ,Систина ,Ремедика ,имаат добри ?
     
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.988
    Сува кашлица само чајчиња, ништо друго не помага, мое мислење. За влажната има повеќе работи да се вклучуваат за да помогне да искашла подобро, не да смири оти и тоа не е во ред. Ама кај нас обично се почнува со сува и за ден два станува влажна и тогаш почнувам да дејствувам. Следи како ќе биде, да не се претвори во влажна па тогаш ќе се консултираш што да даваш, сувата не е страшна не се грижи, во краен случај може и алергиска да е па да треба антихистаминик. Ама се тоа ќе ви каже доктор. Сама на своја рака немој, за да си мирна.
    Проспанот е за влажна јас мислам, да исфрли шлајмови ако има во ареолите.
    Излегуваме секој ден на воздух ( ние живееме покрај море, не сме во Мк и тука воздухот не ни е загаден како во Скопје моментално)
    Помага капење ако е со шлајмови и да направиш топла бања со пареата да диши , тоа помага многу за отворање на б.дробови.
     
    На Malesia и Ana.v7 им се допаѓа ова.
  17. Ana.v7

    Ana.v7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ало е предизвикана од ларингит, помага ладно. Направете брисеви. Тежок период е, посебно за дечињата кои одат во градинка, сите се болни.
    Со помин да е
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    107.795
    Пол:
    Женски
    Ние поминавме Баланитис на 3г, тогаш на хирургија го отворија курето и од тогаш нема мака. Иначе беше потечено ко црвена пиперка и го болеше многу, ама имаше и бело кое откако спласна отокот се виде. Според мене инфекција на полов орган е озбилна работа и мора да се реши, ама ти си знаеш. Ние не пиевме антибиотик, мачкавме гарамицин локално и држевме во чашка со камилица и сол, да не го чуваме цел во легенче ни кажаа вака, се среди брзо. На секое отварање ни дадоа од таму лидокаин гел да го мачкаме за да не го боли на почеток. Буквално 3 дена траеше, се смири и од тогаш немал мака. Јодот ќе помогне во дезинфекција, но ако има воспаление и понатака носи го пак.
     
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Синко 6 год, од сабајле се разбуди малаксан, тт 37.6 се жали на болки во нозе и малаксаност. Порачав виранто да ми донесат, му прскам спреј диво оригано, што друго да му дадам превентивно да не го фати многу, вчера беше надвор скоро 2 ч возеше точак и толку требаше изгледа.Колку се даваше виранто, има 20 кг?
     
  20. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Машки
    Малото, 15 месеци го чуствувам како да има секрет на грлото и чат пат прокашлува и баш тогаш се осеќа дека има како секрет.. Нема тт ама два дена образите му се како потцрвени, а вака е подвижен не преседнува си јаде. Може ли да дадам нешто превентивно да избегнеме разболување...