Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    2.899
    Пол:
    Женски
    Виранто дај му.
     
    На Ив10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    5.555
    Неколку постови прочитав за болка во нозе со грдиов вирус, може ли да споделите колку време траеше кај тие дечињата што им имаа ваков симптом. Малиов релативно лесно ми го поднесе вирусот ама како да го заприметив потешко да станува и да ми е нестабилен кога ќе трча па се прашувам да ме го болеле ноџињата.
     
  3. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    3.940
    Мојата се жалеше на едната нога само, ја прашував постојано и кога и да ја прашав ми ја покажуваше само едната дека ја боли. Една недела скоро траеше болката, ама си одеше нормално, трча, не накривуваше туку само одвреме навреме ќе рече ме боли ногата дури и кога лежи или седи. И јас многу се испаничив оти прв пат до сега да ми каже дека ја боли нога и одма на лекар, и проверија некои работи за болката испадна се во ред и препишаа дека е од грипот - вирусно и така и беше. Ќе помине.
     
    На le.soleil и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Каков топломер користите за мерење температура да е проверен? Имам неколку типови и сите различна температура ми покажуваат
     
  5. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Дигитални имам на чико и микролајф,на микролајф подобар се покажа.
     
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    7.951
    Пол:
    Женски
    Дигитален на микролајф. Точен е.
    Го споредував со тој со жива, исто покажува.
     
  7. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    И јас таков имам ама како за 0.5 помалце да ми покажува
     

    Прикачени фајлови:

  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Големото синче од вчера е со висока тт, до 39.4 качува со сируп спушта до 38.1 само, му давам далерон и блокмакс на 5часа одприлика наизменично, плус виранто, спреј од диво оригано и витамински сируп флорадикс киндервитал.Маж ми паничи да одиме на лекар да му даделе антибиотик, колку време е вирусот, имам ли шанси со виранто да го поминеме, не кашла не му тече нос, од сабајле се пожали дека осеќал шлајм во грло малаксан е, све го боли.Цела нок е како во занос, блада во спиење, не спусти под 38.1 воопшто, му ставив и лепенки и го бришев со разреден алкохол со влажно марамче.Како да му помогнам, кажувајте чаре, матичната е втора смена ке го однесеме попладне да го види.Бебето па само иде околу него, го гушка го бацува, овој му дува во фаца, абе нема разбирачка, едвај се подоправија, еден ден го пуштив само во градинка и толку, еве сега пак наново.
     
  9. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    3.940
    Вирус е најверојатно, кај вируси не играат никаква улога антибиотици. Нека го види лекар прво и ако имате можност да направете тест за грип, кс исто така. Ќе мине и ние го одминавме исто со висока температура 2 дена цели и цела недела малаксаност.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    7.951
    Пол:
    Женски
    Јас имам од тие другите, безконтактен.
     
    На anngelique му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.674
    Допаѓања:
    104.644
    Пол:
    Женски
    Ама зошто антибиотик на вирус? Носи го да го видат, ама напраи обавезно кс, на вирус не му треба сега уште и антибиотик на така паднатиот имунитет уште толку да го досимне. Давај виранто, не е доцна, давај витЦ плус уште една доза, антипиретик за тт и болки и малку да одмара. Многу течности да се пере организмот.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.066
    Допаѓања:
    26.610
    Грип е, цела група во градинка го фати.
    Течности многу, пробиотик, витамин ц. Не давај антибиотик ќе го бутнеш имунитетот уште толку.
     
    На Spidy и macalavica им се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    7.951
    Пол:
    Женски
    Нека го види доктор. Може да му е јако црвено грлото па може и од тоа да крева тт. Мојата беше така, и мораше антибиотик. Сепак најдобро да види доктор. А може да се работи за вирус, тогаш не треба антибиотик.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.445
    Здраво, синко е 2 години. Од вчера качува висока тт, крвна слика добра матичниот ми рече црвено грло. Кога нема тт е весел, руча и пие течности, ни препиша тримоксазол. Стварно се мислам дали да му давам антибиотик. Што би ме советувале вие?
     
  15. Ana.v7

    Ana.v7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Вирусот трае 5 дена, 3 дена е со високоа температура, ние го поминавме сите дома, кој со антибиотик кој без, на крајот сите оздравување. Лично сметам дека од антибиотк немаше потреба, кога ослабе вирусот после 72 часа се смирија и симптомите. Знам колку ви е мачно со 2 дечиња и високи температури, мене двете во исто време ми качија и гореа 3 дена. Издржете, а секако во меѓувреме посетете педијатар. Температурата со ништо не се симнуваше ни кај нас, 39.5, ќе падне со алгофрен до 38.2 и пак така во круг
     
    На Ане. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    И ние имавме темп скоро два дена, и вчера ја носам да ја зирнат, вика само црвено грло, гради чисти, ќе пробаме вика со прополис спрејче прво, дека темп се намали вчера ич немаше цел ден само синоќа еднаш 37,8 и сама и спушти ноќта. Се надевам ќе пројдеме вака без антб, многу ми се свиѓа матичниот уопште не брза за антб, може ќе се измачиме вака и подолго ќе трае.
    Од септ како тргна во градинка е се болна или настината, три или четири пати пиеше антб, од кои три пати на дежурен на детска ни го дале колки ради реда мислам. Сега чекам ако не е нож до коска се разбира и кај него одам не трчам на дежурни.

    друго прашање дали после температура сте ги пуштале во градинка ако си е во ред се, ден два после темп? Јас секогаш сум ја оставала таа недела да речам дома а немала ништо, ама гледам исто се фаќа дали оде или не.
    16+ сме
     
  17. Ana.v7

    Ana.v7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Доколку пиеле антибиотик, ги оставам дома и до 2 недели, нали имунитетот им е паднат после атб. Лани после цела доза атб ја пуштив во градинка, вториот ден фати вирус и веднаш се спушти на гради, па после тоа лечење вирусна пневмонија. Доколку е вирусна тт, кога ќе поминат симптомите ги пуштам после некој ден. Во моментов моите не одат во градинка и нема да одат ни февруари поради вирусите кои циркулираат, а ние пиевме антибиотик околу нова година.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.066
    Допаѓања:
    26.610
    Убаво, ако имате опција кој да ги чува.
    Инаку не е правило дека одма ќе закачат нешто ново. Има деца во градинка ретко болни, дома 3 дена, после во градинка ништо не фаќаат со месеци. Други колку и да ги чуваш пак одма се разболуваат.
     
    На Sofi.ja, dromka и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.626
    Допаѓања:
    13.923
    Пол:
    Женски
    Грипов е катастрофа, ама џабе не трчајте по лекари и антибиотици. 2 дена пред да качи температура почна антибиотик заради инфекција на уво, и пак 3 дена пројде болна со темп 39, вирусот попрво заврши него антибиотикот додека да го заврши. Случајно се поклопија двете болести, и антибиотик нема никаков ефект на вирусот. Само антипиретици и да се преживее, нема што друго.
     
    На Sofi.ja и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  20. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Исто се и моите ама им дадоа антибиотик многу плачеа од болка во грло ради тоа