Точно, си трае 4 дена температурата, малку се потспушта со антипиретик и пак се качува. Ни антибиотик ни антивиротик помага. Да се преживеат тие денови со помалку грижи, друга опција нема
Колку дена трај температурата од грипот? Мојата веќе трет ден е со темп...првиот ден само 37.5 креваше ама еве денес трет ден и 38.5 оди...само главата ја боли, други симптоми нема.
Со грипот да имате искуство да нема еден ден температура па пак нареден да качи? И антибиотик и дадоа дека грлото црвено 3 дена имаше вчера не, денес се раскашла суво и пак качи 37.8 ме плаши работава
За сува кашлица, ако ви е сомнително, отидете до козле да ве слушнат, не ви треба упат, ќе ви направат и крвна слика и ќе си бидете мирни, со помин
Вчера ја носев ја слушнаа ништо немаше и грлото дури веќе смирено сега се раскашла пред некој саат и гледам и температура пак а и на инхалации езарем може така брзо да спушти
Колкаво е детето? Кај нас лани се спушти многу брзо, вечерта не прегледаа и се беше ок, сабајлето беше спуштено (истата докторка не слушаше)
Мојов пример. Во градинка оди од септември,само еднаш беше со вирус кој траеше 3 дена. Распустов остана дома и се разболе и дојдовме до антибиотик . Значи нема правило...
Во сабота ноќта крена тт. Од тогаш навака креваше на 7 саати. Вчера го виде др дека има бело на грлото рече стрептокока е и пиша Зинат. Е сега..антибиотик пие од вчера вечер а сега ми качи на 4 саати пак тт и почна и да кашлуцка. А до вчера беше само тт. Дали е за менување антибиотиков, да го носам пак или да чекам?
Моето имаше три дена па еден ден немаше и после пак качи уште еден ден. Примаше антибиотик заради покачени леукоцити. Го однесов кај матичниот и ни кажа дека таков е грипот, некои деца дури и после седум дена кревале пак температура уште ден-два.
Да, да, така работи грипот. Има 2 дена па 2 дена нема и пак еден ден има температура. Отпосле и кај нас дојде секрет и кашлање, додека имаше температура малата тие 2 дена ништо друго немаше, освен болка во ногата се жалеше. Ќе мине. Таков е грипот.
А како откри стрептокока дека е без тест? Само така оти има бело? Може е гнојна ангина која не мора да е од стрептокока, може да е и од вирусот и за вирус знаеш, антибиотици не делуваат. И на ќерка ми црвено и беше грлото при прегледот кога и направија и тест за грип и ковид, ама антибиотик не дадоа оти е вирусно. И помина за една недела. Ама штом сте почнале веќе антибиотик терајте така, треба 48 часа барем да поминат за да видиш резултати дали делува или не.
Докторкава до сега се покажала како добра. И кога не е сигурна не праќа на брисеви и кс. Сега рече јасно е. Башка и отечени му се жлездите, здивчето му мириса. Само ме чуди Зинатот уште да не делува. Понеделник во 20ч првпат дадовме. А и гнојна ангина како знам најчесто е од стрептококи.
Извини што ќе ти се вмешам неповикана нас како што ни кажувале за гнојна ангина најубаво дејствува оспен или панцеф ние секогаш тоа сме го добивале. Сепак почекај види дали ќе дејствува доколку не дејствува појдете на уште една контрола може ќе има потреба да се смени атб,брзо опоравување.
Да, омалаксан и плачлив. После тоа почна да кашла. Мислам дека една недела беше така и после уште некој ден да се вратиме во колосек.