По грипот, уште една недела пост темп ќе бидат малаксани и ќе кашлаат. Ние го пројдовме крај на декември
Маст во носето колку длабоко треба да се стави и колку дена за да има ефект при бактерија во нос, детето е добро и нема никакви симптоми само температура имаше 4 дена и покажа бактерија во нос, не бо ставала ништо бидејќи е добро но треба да прими вакцина и зароа сакам чисти резултати
Како да припремам дете 5г психолошки за операција на крајници? Многу е чувствителен и можам да кажам "кршлив". Не би сакала негативно да се одрази на него тоа, како сте ги припремале децата од дома?
СаМо со зборење. Мој совет е да не го лажеш. Подобро објасни му ја цела процедура дека ќе одите во болница и дека ти ќе бидеш цело време со него и дека таму ќе спиете, ако правите на клиника мислам дека и сладолед даваат таму па можеш да му кажеш дека ќе му дадат и сладолед но дека ти секакл ќе бидеш со него и дека ќе го боли грлото неколку дена и после тоа ќе биде здрав и нема да се разболува. Веќе разбира полесно е да разбере и подобро да не го лажеш ако го излажеш можеби ќе бидеш и најлошата и дека лошо си му направила вака подобро да знае. Имам другари многу рано му ги извадија крајниците еве го 3 и пол години скоро уште блендирано јаде зошто му е страв да не го боли грлото. До сега јас на моето 3 годишно дете за секоја постапка пред да одиме на доктор сум му кажувала што ќе се случи и докторот што ќе прави, до сега никогаш немал траума.
Шок собата не е толку лоша најлоша е во 8ми септември јас кога се разбудив и кога видов луѓе со црева во уста да не кажам полу мртви на апарти за дишење итн е тоа е шок. А во Систина нема многу што наеднаш прават операција и нема гужва во шок соба. Без гајле биди. Јас во државна ги вадев крајниците на 19 години и супер пројдов би ти ја препорачала докторката бидејќи беше детски хирург ама отиде во пензија веќе.
Дали имате искуство со лечење на бактерија од нос (кај нас е мораксела) со ацидосалус спреј или диво оригано? Или па предложете мешто друго? Симптоми нема па затоа не пие антибиотик ама сопругот ја префака од малото а он развива симптоми
Јас исчистив Хемофилус и Мораксела во нос кај големото, само многу бев упорна. Секое утро чистење нос со физиолошки или морска сол тие спрејчињата, после Ацидосалус прскав, 3 пати на ден така. Најважно е да се исчисти носот. Можеш и со систем за лаважа, она под притисок што се става морска вода, со шприц или специјална боца. Најважно е да се чисти носот, да не се ствараат нови и да стојат.
Моево нема секрет од носот, што треба да се одмива? Нос како нос или сектер ако се ствара? Фала ти многу
А пример може со синомарин спреј да се чисти носот, и откако ќе се исчисти одма се прска друг спреј? пример диво оригано или ацидосалус, или треба да помине време?
I nie sme so bakterija momentalno isto bez simptomi i voopsto nema sekret znaci vlecam ne izleguva nisto, mast Bactobran stavam
Да срц, диво оригано е за не се лепат ствари у нос и да не мораш до бесконечност со синомарин да прскаш
Шок собата е оделена со завеси меѓу кревети, има тв може да пуштите цртани и ти можеш да лежиш со детето цело време.
Од која возраст смее да се користи овој балсам? https://zegin.com.mk/mk/esensa-expulmo-pavle-balsam-za-deca-50-ml На страната на Зегин пишува за настинки, олеснување на дишењето, во упатството од балсамот нешто џет лаг, такви работи.
Мене ме советуваа во Систина да користам крем бактробан за хемофилус како најдобар меѓу сите со најбрз резултат. Прскате синомарин во текот на денот а ноќта пред спиење од кремот. Јас имам фирма со камиони и шоферите можат да донесат на кој сака (нема во мк)