Со големиот од порано, а со малово од годинка го земав. Многу убава работа, олеснува дишење, после бањање мачкам и ставам на гради, грб, на носот и челото, спие бајче.
Благодарам, значи може секојдневно да се става без разлика на настинки? Мислев да и го купам и ставам кога има затнато носе, а тоа со градинкава е често. Веќе наполни година.
Може да се советува да се става локално антибиотук само ако е правен антибиограм и е докажано дека баш бактеријата која е присутна е сензитивна на истата. Во нашипв случај (брис земен во Син лаб) не е ставен мупорацинот( всушност бактробан) во антибиограм па не би антибиотик да ставам на своја рака. Во секој случај фала на споделено искуство
Дали актуелниов вирус е таков што се враќа тт по ден два? Од четвртокот попладне немаше ич, петок цел ден ок, денес крена пак. Башка се раскашла и нос му тече сеа
Ќути, со ова течење нос и мрсули крај се нема од градинкава хаха, една недела нема мрсули, една недела има и цело време така
Очигледно и јас ќе треба да почнам. Секој ден прскаш после градинка така? По еднаш во двете ноздри? Мака ми е да се борам со ова ѕверов мој мал, тешко е да ја скротиш не знам од каде и доаѓа таа сила. А спрејовите и пумпата не и се баш омилени. Ама изгледа ќе мораме да се бориме секој ден, зошто ми се здосади од тој нос течење.
Систина ти е “бајка” у споредба со сите остали, башка и персоналот е лизни мазни, за кешот што ќе го дадеш ќе бидете соодветно “тинтрани” што ќе посака да јаде/ пие ќе донесат.
Балзамов е многу добар, јас секогаш го има дури и резерва купувам. После 9 месеци откако наполни таа зима секој ден и ставав после бањање. После преку лето по потреба , бидејќи топли како Викс е, само понежен. На зима пак продолжувам секој ден. И кога има висока температура не го користам, загрева. Мала количина ќе намачкаш на гради и грпче и толку. После година можеш и под носе.
Пред и после градинка шприцам. По еднаш. Ние се лажеме, ги прскаме прво играчките, и еднаш за да избегне оти знае дека е она на крај сакаше мачката да ја прскаме прво
Само пред спиење со чепкалка за уши нанесуваш малку тука каде што заокружив. Внатрешно високо напред. јас му ставав мислам дека 2 недели
Да,да. Точно така како што опиша е грипот. Отпосле почнат носот и кашлицата. 10-12 дена траеше кај нас и еве една недела е без ништо веќе дури и носот и се смири
Малава моја 11 месеци, од четвртокот со температура која се качува до 39. Петокот денски ко нова беше, ноќта пак висока тт. Ниту нос и тече ниту кашла. Вирус, бактерија или грип ќе е ова?