Здраво, син ми има 5 ипол годинки, тенот му е бел, руса косичка бел тен има одсекогаш, има големи огромни крајници, и на периоди рчи кога спие, на пати му се прават како подочници, под очињата како темно не многу но јас секакви филмови си правам.. Дали некој имал искуство со подочници кај деца и што би можело да е причината
Ве молам за мислење. Од четвртокот вечерта малиот (16м) почна да качува температура 40-41 на секои 2-3 саати. Од саботата веќе качуваше до 39, а недела и понеделник размак меѓу качување е 8 до 10 саати. Еве синоќа качи во 20h и тек сабајлево 38. Мислев дека е добар ама губи апетит последните два дена и сабајле му се појави осип на грбот и мешето. Спојлер Бевме кај матичната грло, гради супер, малку секрет од носето ама ништо страшно, помисли на уринарна ама никакви промени немам забележано со урината, осипот не знаеше да ми каже со сигурност што е, ми рече најпрво да го истуширам и да дадам нешто за алергија да видиме како ќе биде, во меѓувреме крвна слика. Еве ја крвната слика, се мислам дали во приватна да го однесам зашто овде за црп морало да вена да му земат, пишува само дека е позитивно, а колку е покачено не знам. Јас колку што знам ова би требало да е вирусно така? Додека ја чекам матичната да ми одговори мислев може некоја ќе ми каже ако сте имале ваков случај. Спојлер
Ова нели е тоа после висока тт шо се појавува? Заборавив како се викаше @Mucika на тоа ли мислам? Розеола? Ми рикна мозокот
Го спомна уз муабет, повеќе гледаше да не е нешто пострашно. Мада тој вирус мислам не трае толку долго ама дај боже тоа да е.
Кај нас 3 дена висока температура имаше, само што откако спадна и не качуваше веќе се исфрла скоро па исто како на сликава твоја. Крвнава слика ми стои ко за вирус, само параметриве за железо како да му отстапуваат, не знам дали референтниве вредности се за деца, а може и од вирусот да му се ниски, нека ви каже тоа матичната. А и за алергија ако дадеш нешто ништо страшно ако ти е од тоа шубе. Ако му паѓа темепратура јас не би пребоцкувала за црп.
Повеќе изгледа дека е од температурата. Дали сте се консултирале со оторинголаринголог за крајниците?
Да го имам носено пиевме терапија аериус сируп и спреј момокс, и од нив исчезнува рчењето ама на периоди ни препорачаа вадење ама не сум баш за..
Не, редовните витамини и парацетамол/блокмакс комбинирано. Прееска имаше така помека столица со нешто растегливо низ неа, како на 4-5 месеци кога имаат често бебињата од лигавење, дали раснат заби којзнае. И на лицето и нозете се прошири и го гледам мака му е, кенка само, многу е напорен. Значи ако поминува најверојатно е розеола.
Ако не качува веќе температура, големи се шансите да е розеола. Може ако му растат заби му паднал имунитетот и закачил вирус, и кс укажува на вирус. Со лесно само да помине побрзо
Devojki zdravo kerami e 4 godini redovna kaslica e vo prasanje nema temperatura nosot i teci bez prekin ve molam ako imal nekoj vakva situacija nekoj da mi kaze nekoj sirup ili nesto dr
Егзентема е или розеола, или некои го викаат шеста болест, мојата фати одма штом тргна градинка и скрос исто како на сликата, дури и на лицето и се прошири. Четвртиот ден од темп се исипа и траеа три дена, со ништо не се третираат среќа не чешкаат. Со помин
Изгледа е тоа. Знаеш дали е заразно додека трае осипот? Имам ненормално многу обврски, морам најрано што можам да го носам во градинка.
Како им давате сируп ноќе? Со температура е убаво си пиеше со лажичка без проблем до вчера, денес пак качи и никако не успеавме да и дадеме, за изнаплаче и заспа. Околу 38.1 е цела вечер, ако почне да качува дали има некој начин на нерасонето да и дадам? Обично ја будев пиеше па ја заспивав пак, ама ако прави пак проблем не знам што ќе и правам, одма вика заоѓа кашла многу се противи..