Чепче е тоа? Немам а требаше да си купам за секој случај А со шприц пробавме минатиот пат немаше шанси, па затоа ја будевме и со лажичка си пиеше. Не знам што и стана сега што не сакаше така да пие...
Фала ти многу. Еве успеавме да и дадеме сепак со лажичка поспана со пеење песнички. Ама чепчиња мора да си земам за секој случај..
Да, чепче, има од различни mg, ќе прашаш во аптека, имаат рок и ок е да имаме при рака, и мојата одбива сирупи па ова ми е спас, иако не смее да се претера нели
Здраво мајки ние цела нок сме по болници малата почна да повракат и даја боли мешето, ајде прими инфузија само што заминавме почна да повракат па се вративме назат пак бо болница, ни рекоа нормално било да повракат додека се среди, ама еве пак дома повракат а во уста не сакат да стави ништо не знам што да правам ве молам за совет
Пробувај електролити да дадеш. Дали на хип орс,хумана, јас навеќе сум задоволна од хидратон нео. Имаш во аптека лижавчиња на база на ѓумбир тоа е против повраќање и реглан сируп но тоа не би ти препорачала зошто може во инфузијата да и имаат ставено. Ако продолжи да повраќа враќај пак на лекар да не дехидрирА.
Ако спие јас не давам, штом спијат добро им е. Ако качи ептен висока над 39.5 тогаш може да подразбудам па да мерам по 10-15 минути. Потопли се кога спијат, ако осетат дека не им е добро сами ќе се разбудат, оставете ги малку сами нека се борат.
Електролити давај само по лажичка две и Наусолвит јуниор капки. Ден два без јадење ништо нема да им биде, ќе надокнадат откако ќе им биде подобро.
Кај возрасни подочници темни можат да бидат индикатор за проблем со бубрезите. Кај дечиња нз да не те вадам од памет,консултирај се со матичниот.
На познаници детето имаше подочњаци од време на време што јас од страна не можев да ги приметам, ама они си го познаваат. Детето има цело време зголемени крајници и активен трет крајник, заради тоа во спиење тешко дише, рчи, и кај нив тоа доведуваше до таквата слика. Имаа испитувано и д витамин и тоа покажа недостаток. Посетуваа орл за да добијат соодветна терапија за крајниците ама немаше секогаш резултат. Кажи му на педијатарот за спиењето и подчњаците, кажи му и дека рчи навечер па да те советува дали треба и што да правите.
Колку што знам заразно е за време на инкубација, штом избијат толку. После три дена треба да му се намалат и изгубат, ако е во ред носи го, мојата тоа и беше прво разболување и ептен ја кутна и требаше време да се поткрене.
Јас за сипаници да прашам..денес четврт ден..во овие денови неколку пати ја истуширав за да и олесни и вчера матичната пуфка ме напрај, не требало капење 10 дена и денес домашните ми коментираат требало само во топло, да не ја пресечел студот...и ме испотресоа со муабетите, ич на температурата во собата не пазев.
Сигурно не го чуваш детето на 5 степена, не се секирај. Ќерката имаше лани сипаници баш за нова година, јас ја туширав. Испомачкана со свашта, само лежи, мислам дека и поубаво и беше кога ќе се освежеше. Тоа со небањање и чување на топло мислам дека е чисто муабет дека многу им паѓа имунитетот со сипаноците, па да не настине, а не дека баш на сипаниците има некаков ефект. Секако треба да се внимава да не се гребат плускавчињата за да не остане некоја лузна, ама внимателно со тапкање ќе сушиш и готово.
Јас ги туширав најмалку еднаш во денот и баш не ги држев на топло (да се потат) Моите имаа во октомври ама уште беше топло и дома седеа најчеато по кратки. Ако им дојдеше топло почнуваа да се чешаат.
Капење секако дека треба ама јас мојата ја капев во растворена вода со хиперманган во прав. Прстофат треба розова да биде водата ,не потемна. Ем ги суши сипаниците ем е добро за хигиена.
Тоа од времето, демек од топлото избивале повеќе, како па да не, на големиот најмногу му излегоа дури бевме надвор на 2 степени во декември. Значи на времето викале на бело да лежи само, на вриено, во топло, небањато тоа кај запотено, па уште и чеша, лудило! Ништо од тоа не е точно. Редовна хигиена, со вода и без агресивни средства, без бришење, со памучна пелена само тапкање и толку. Дури и на воздух можеш да го изнесеш, без да го мешаш со народ нормално. Најважно е да не поткачи нешто плус, само тоа.