Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.300
    Допаѓања:
    33.608
    Пол:
    Женски
    Мајки искуство со тамифлу кај дете имате?
     
  2. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    3.940
    Што те интересира поточно?
     
  3. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Sin mi imase primeno na dve godisna vozrast. Nemase nisto za zagrizuvanje.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    здраво ...дали може користење на орс од малина/јагода кој има црвена боја да предизвика црвенило во проливчето... има скоро цела недела пролив...не се жали на стомак...испитано се, урино, корпо... имаше стрептокока во нос само...
     
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.300
    Допаѓања:
    33.608
    Пол:
    Женски
    Другарка инфектолог ми препорача тамифлу да земам за детето, 2 и пол години ми е, со докажана инфлуенца е. Матичната инсистираше на изопренозин, затоа сакав да слушнам мислења и искуства.
    @deniz333
     
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    И мојата матична ни препорача изопренозин исто и мојата е 2 и пол. Кашла,жлездичките и се малку потечени и еве веќе второ деноноќие со температура. Никско не и спаѓа веќе незнам што да правам, и јас сум деноноќно со трмпература,ужас.
     
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.300
    Допаѓања:
    33.608
    Пол:
    Женски
    72ч ќе трае температурата, после ќе спадни, па веројатно сува кашлица ќе се појави. Ако не се искомплицира нешто не дај Боже.
    Кај моето после 30ч спадна и еве моментално е 4ч без покачена температура. Наизменично давав блокмакс и ефералган, туширам тело со помлака вода, мачкам со разреден алкохол и се молам да голтни водичка колку може почесто. Како сварен ми е.
    Ние засега немаме ништо, ама се вакциниравме, се надевам дека колку-толку ќе не покрие вакцината полесно да поминеме и да му дадам некое антитело на бебенцето.

    Со лесно и брзо да минува мама.
     
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    3.940
    Тамифлу не е вакцина туку антивирусни таблети.
    Има нус појави, имам давано еднаш и никогаш повеќе на син ми кога беше 4 и пол години.
     
  9. deniz333

    deniz333 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2018
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.701
    Пол:
    Женски
    Подобро изопринозин. Лично јас сум ги користела и за син ми исто, веднаш има подобрување од нив ептен ефикасни.
     
  10. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене по неколку дена,малата дури денес е подобро суште има по малку болка во стомачето бевме и на ехо фала богу нема ништо, докторката рече највероватно имала рота вирус ама дека била вакцинирана поминала полесно,ова ќе го паметам додека сум жива, понеделник ке и испитам и бактерија во столица сакам да си бидам сигурна дека се е во ред, ова беше тешка недела за нас а посебно за малечката болки повракање температура страшно
     
    На Cherry79 и Чанта им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Секогаш припазувај ја зошто и јас иста бв и на крај се воспостави дека од вирусот ми се воспалило слепо црево само кај мене болката траеше не се намалуваше, а повраќањто и температуеата беа присутни повеќе од недела дена. Со лесно да ви поминува само.
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.300
    Допаѓања:
    33.608
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е вакцина туку антивиротик и за него прашував, конкретно за сирупчето. А вакцинирани сме јас и маж ми со вакцина против сезонски грип.

    Со изопренозин почнавме. Денес е многу подобар. Фала ти.
     
    На Чанта, Kallias2 и deniz333 им се допаѓа ова.
  13. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Блазе вас,сега се каам што не се вакцинирав прелошо ми е, уште сме со температури дури ми се повраќа,ништо не ми сака душата… маливе колку толку подкаснаа денес банана и јуфки,и им давам еликтролити со шриц на секој 10 мин по 5мл. Исто давам наизменично парацетамол со ибупруфен, ќе купам акохол да ги мачкам и со тоа. А антивиротикот делува баш одма ако го дадеш во првите 24h.. затоа кај нас немаше смисла,полнав само со изопренозин.
     
    На IRBBB и Aledarkali им се допаѓа ова.
  14. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Температура повеке немат, на болка се жалит по јадење ама не секогаш, на ехо ја виде докторката беше се во ред и леукоцитите беа во мирување, се надевам дека се ќе си биде во ред, ни препишаа да пиет бекутан капки за грчеви и од кога ги пиет има доста гасови
     
  15. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.686
    Пол:
    Женски
    А колку дози на рота има примено?
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Давај електролити обавезно битно е да пијат течности, малата дека беше и со болка во стомаче од све што ке каснеше и што ке се напиеше ја болеше и затоа бевме на инфузии дехидрираше, единствено болката и се смируваше од ибубруфен кога и давав за температура, за болките помагаше но за температурата не, и чепчиња пробав тие пак воопшто не и ја симнаа температурата фала богу денес е 6 ден па е подобра, на болница ми рекоа немора да јаде битно течности да пиет затоа повеке течности ќе помине па ке почнат да си јадат
     
    На IRBBB и Чанта им се допаѓа ова.
  17. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Сите три ги имат примено навреме, докторката ми рече затоа лесно поминавте, замисли ова ние што го поминавме било лесно а што може да направи да не е вакцинкрано не сакам ни да помислам
     
  18. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Да , давам електролити и чајче и сокче. Помалце и вода пијат. Туку дали и провери измет ? Неќам да те плашам ама да не е салмонела?
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Понеделник ќе и испитам обавезно сакам све да е испитано, јас на све се сомневав кога почна ова од слепо црево салмонела хеликобактер ама баш на све, докторката ми рече дека е рота вирус, ама мене да ми е мирна главата и да не му ја мислам обавезно ќе се проверит тоа, кај малата и кетони имаше во мокраќата, ми рекоа тоа е така дека е дехидрирана
     
    На Чанта му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Најверојатно процениле дека е вирус по параметрите во крвната слика. Јас имам мака со хелико, и летото имав мн дијареа ,страшни болки во желудник,гадење и де мислев од хелико дека ми е . Матичната ми рече сигурна сум дека не ти е од тоа да испитаме измет. И се испостсви дека салмонела имав. Пиев антибиотик што ми го препишаа на заразно и се преродив. Колку год има девојчето ?
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.