Сме ги пробале на оваа фирма пробиотикот со електрлити што се во комбинација заедно, тие се баш за мали деца ама не го сака. А за шишенцево ме мисли за возраста.
Исто и ние сме со температурата, ова прв пат ми се случува, не знам каде ми е главата, само што моето е поголемо ама нема кренато повисока над 38.5. Сега се радувам на температура 38.8 кога се симне . Два дена полудев Јас само со провен имам искуство. Тие ми се покажаа како најдобри.
Нека им поминува побрзо. Обелев овие два дена. Среќа што храна и течности не одбива. Ама ме мисли мешето, од време на време вика бои мамо тука.
Син ми вчера се жалеше на мачнини, ама каков е јуначе за разлика од мене, вика мама само дојди до мене јас сам ќе си повратам. Вирусот е ваков никаков ова не вирус, чудовиште, 2 дена од кревет не стана, јаде си редовно само не толку количински и секако лесна храна. Од течности сега најмногу сака вода, добро е барем тоа што пие. Како косата ќе ни белее
Јас го давам, многу е добар. Секогаш кога има болка во мешето веднаш му поминуваат. Само погледни на капачето како се отвара, таму има прашкаста материја што треба да се раствори во течноста. Јас на почетокот не видов и така го давав
Да да, прво иде десно да се сипе прашак па лево. Нормално дека нема да знаеме ако прв пат купуваме и не ни појаснат во аптека.
Јас давав баш пред да наполни 2години малата. Исто се мислев ама ми рекоа може. Сепак е пробиотик немало штета. Инаку ми ги препорачаа како подобри од пролајфот.
Zdravo na site, Ke ve zamolam za prepopraka na dobar pedijatar (bilo kade vo mk, bilo drzavno, bilo privatno) za da mi dade profesionalni nasoki. Malata mi e 3 godini i vo izminatiov mesec 3 pati se zalese na silni i bolni glavobolki koi i traeja po okolu 15 min pred spienje (bez tt), a potoa kako nisto da ne bilo... Dali nekoja majka se ima sooceno so vakov problem? Maticnata doktorka sostojbata ja povrzuva so aktiven den, konzumiranje na blago ili gledanje tv/telefon...raboti koi ne mislam deka se pricina kaj kerkata.
Друг доктор освен Чадиковски во Систина не знам, само не знам дали би ви закажале термин, пробај. Во меѓувреме исклучете го телефонот скроз, пробајте малку подолго да сте на дневна светлина.
Ние за дневна болница плативме 100 евра, со тоа што имаме некој минимален попуст дека е породен во систина. А за ден на педијатрија од другарка мислам ми спомна дека е 15к. Него сакав да прашам, малото ми има многу чести воспалениа на уши. Втор антибиотик во рок од 2 недели пие моментално, планираме после терапијава да иде на ОРЛ преглед. Може ли препорака за доктор приватно/ државна сеедно каде да би оделе? Фала
Што може да излезе на анусот на едно дете? Не ме остава убаво да видам. Кога и менував пелена приметив има нешто над површината. Не можам да видам ги крева нозете и никако да видам што е како брунче, како кожичка ми заличи. Се извадив од памет.
Дали сте имале проблем со зголемени жлезди? Се почна од варичелата на негови 6месеци (сега има 16м) тогаш му потекоа жлездите околу вратот и главата. Кога оздраве се повлекоа ама не скроз и сега на секое разболување пак му потекуваат. Еве сега има гнојна ангина и пак потекоа ама до волку никогаш не дошле и малку се секирам. Докторката го прегледа целиот рече само тие на вратот се, да пие панцеф минимум 10 дена и ако не се повлечат ќе се договориме што понатаму. Знам и мене како мала стално ми потекуваа од ангини и откако ги извадив крајниците ги снема. Дали сте имале ваков проблем, што воопшто значи ова и како се завршило? Како заушки да има личи. Спојлер
Мирка е во ординацијата Интергин 2 во Центар карши Јосип Броз средното училиште. По внатре е, не е во првиот ред на згради. Не знам дали ќе ме разбереш. Не ми текнува на името на диското што се наоѓаше напред , позади таа зграда доаѓа.
Направивме кс со размаска,преку вена проверивме хормони,во ред беше се. Ми кажаа дека после Варичела нормално е да се појават од пад на имунитет,се бори организмот. Понатака ако треба ќе ја видат и на ехо,ова за поголемата. На малата и се појавија ама мали и речиси исчезнаа. Поголемава почесто се разболува,има алергија па валда затоа неможат да се повлечат.