Ај некој ако сака да ми пушти слика од вигантол д3 и од сирупот малтофер. И да ми кажете што цена се?
Па ако имало потврда столица не ме чуди. Давај храна за помека столица некоја недела, па ќе видиш дали ќе се повлече.
Треба да прерачунаш според килажа според упатството, не спрема годините. Зависи кој сируп во која концентрација е.
А алергија или сензитивност на храна да не има? Инаку на детево му прскам и диво оригано во зима и прополис во грло секоја вечер и од тоа е подобар. @girl__20 антибиотик е за бактериска инфекција. Кортикостероиди ние до сега сме добивале само за инхалација ако има спуштено на плуќа инфекција или при ларингит или за болка во уво. Не знам што проблем има точно детето ама следен пат оди со некој што подобро знае јазик за да се разбере точно што е и што се советите.
Здраво мамички можеби не е прашањето за тука,но не знаев каде да пишам, мала се роди со хемангиоми на палецот на ногата на челото и еден има на вратот од зади, на челото и на палчето се повлече а тоа што и е на вратчето сеуште го има, малата има три ипол години на доктор викаат ќе се повлече, мене не ме загрижува тоа што е црвено него што е како грутка ве молам за мислење
Ако е на спојката меѓу вратот и торзото, не е грутка ова, рбетот е. Кај сите е вака, кај послаби повеќе се забележува.
Рапаво е? И кај ќерка ми се уште такви, не се целосно мазни. 2 години е. А местото е такво, не е од хемангиомот. Хемангиомите се збир на крвни садови на едно место од необјаснети причини ама до сега немам видено да предизвикаат некоја дополнителна промена како испакнатина на кожа како топка, грутка и сл.
Во очекување сум малата(скоро год) да прифати сипаници од сестра и. Средата и беше 13ти ден и почна со темп и ларингит. Ама темп траеше два дена и за лљрингитптот инхалирљвме и и се смири. Петок сабота немаше температура за денес да ми крени 39.5. денес е седумнаесетти ден од сипаниците на сестра и. Можно е сега да избива или некој друг вирус има. Ништо не ми се јасно.
Цело шише го давате ? Мојата има година и пол. Во аптека ми рекоа може. Ама некако многу ми делува цело шише да го испие.