После десетина дена од први симптоми, кашлицата станува типична за пертусис. Иначе од старт е поинаква од обична кашлица кога кашла поради слевање на секретот од нос, како да е подлабока. А симптомите на почеток се како кај класичните респираторни инфекции. Бар мислам дека така беше. Иначе и мојов кашла, ама се затна во неделата вечерта, од предострожност не го пуштив во школо два дена. Носот нема секрет, односно горе е затнат, и кашла кога му се слева назад, насабајле повеќе и навечер пред спиење. Вчера ми го вратија од школо дека многу кашлал и црвени образи имал (атопичар беше ко мал, и секоја зима образите му се црвени), дома си беше супер. Го однесов на матичен, детето е здраво, кашлицата ќе трае уште некое време, сепак е и одбранбен механизам. Се јавив во школо да не ми го враќаат ама кај нас родителите почнаа да извољеваат нешто, да се правеле брисеви, да не се пуштале деца ако имале и барем малку растечен нос, а на детето иначе не му е ништо. Па во градинка не извољеваа вака, ова преминува во лудило. Матичнава се крсти и ги кара родителиве, пошто скоро сите ги носат децата кај неа, ама не слушаат. Па не иде да ги ставиме децата во стаклено ѕвоно, во колектив живееме, не сме изолирани еден од друг. Нормално дека ќе префаќаат едно од друго, па и од нас родителите. И не може на секое брисеви да правиме. Изгледа заборавиле како растевме ние, сега многу нежни излегоа генерацииве.
Нас па ни викаат за лесна настинка да не ги носиме. Класична настинка е. Во саботата беше на пливање, може и од таму да му е. Мада и бебе еве го шмрголи. Бел водест секрет без температура, фит скроз, турбо се и двајцата и за јадење и за пиење во форма. Така да сметам дека се здрави.
Мајка вирус ли е што ли е мојата е 7ми ден со температура иначе има 7 години и прв пат да спушти секрет. Денес ни дадоа вентолин да инхалираме и кортаир.Утре на контрола дали има подобрување ако не Козле
Вирус да. И бебе спушти па заврши со зинат и инхалации со ипратом. Тт два дена до 40 качуваше па после уште два дена до кај 38.5 ама ептен беше жалче, само спиеше и во раце ми беше. Сега е каде каде подобар, кашла ептен влажно дури до давење кашла, ама мора да го исфрли секретот Многу многу чудно овојт пат, ни кашлање ни нос растечен, за после еден ден да почне многу малце да кашла и веќе утредента забрзано дишење, краток здив и цел крчеше Кај нас веќе од 3тата инхалација имаше подобро, така да инхалирај па се надевам дека ќе бидете подобри
Здраво, син ми (3 години) веќе 5ти ден како станува насабајле и ги чеша дланките, нема точки, само кај дланките има како внатрешно црвенило, и после тоа толку во текот на денот нема ништо, не се чеша. На стапала нема ништо, чисти му се, само дланките ги чеша кога ќе стане од спиење. Некој искуство вакво дали имал и како се средило?
Не препратија во Козле денес ја слушнаа ни рекоа да продолжиме со инхалации и понеделник на контрола. Доста секрет извади од вчера
Дали знаете дали има дежурен педијатар во Јане сандански ова време? Детево ми е со температура, па се мислам да го однесам негде, да не чекам до утре. Кај 3ипол му дадов блокмакс, се спушти, општо весел цел ден. Ама накај 8 почна пак да крева, морав да почекам до 9 за да му дадам пак блокмакс. Го намачкав и со ракија по грбчето и сега сум на мисла дали да одам веднаш или да чекам до утре. Инаку има година и 9 месеци. Имаше вчера и сабајлево мрсули со минимална доза на зелено, не одеше два дена во градинка превентивно. Сега нема ич мрсули ниту кашла.
Касно ти е сега да го малтретираш. Ако не е 40 и со ништо да не спушта тогаш одма лекар. Ама ако спушта со Блок Макс прегирајте ја ноќва па утре одете на лекар. Во меѓувреме топли го додека качува и потоа откако ќе се качи температурата разладувај го (туширање со млака вода, чорапи со оцет или сенф на нозе, масажа со разреден алкохол или домашна ракија).
Дежурни педијатри немаат во Јане. Немаат ни лабораторија. Само општи мислам им ротираат на дежурства. Педијатри има само клиника и козле.
@JoyJoy @Mucika фала ви. Малку се спушти тт сега и заспа. Земав и ефералган пошто нели е парацетамол, па ако се качи пак следно од него ќе му дадам. Страв ми е со големава кашлица и не знам кај е попаметно да се оди, дали козле, дали клиника или сепак систина.
А кога шетаат по молови и ги фаќаат стаклата и ги лижат воедно таму нема бактерии, нели? Таму е се стерилно и по кафани кога ги влечат во пушница и после се како радиоактивни уште недела дена од кожата што им мириса. Али битно брисеви да се направеле.
Не носи дете мојот 12 саати држеше не ни спушташе со ништо на крај лепенки ставив како за вакцина што се на нозе и му спадна температурата. Иначе пред да го зафати вака 2 дена качуваше нерамномерно еднаш на 6 саати после тоа на 4 па на 10 испомешано и на крај го затера вака 12 саати и после се стиши. И сега кашла ларингит фати и зелен секрет има ама он си е супер.
Дежурен педијатар во Јане има само во сабота преку ден, вирусов или што и да е е катастрофа, кај мене по 3 дена беа нонстоп со тт,потоа на 8 саати качуваат, вториот не се симнуваше со ништо, а од пред два дена се со зинат,едниот со ларингит и жар грло, другиот со влажна кашлица и тоа поголеми деца се, ама ептен ги бутна
Дежурен педијатар нема, ама има општ лекар дежурен и прегледува и деца јас моите сум ги носела и сабота и недела.
Imaat. Bas vcera se javiv kaj maticniot nas i rece deka denes odsabajle ima dezuren pedijatar vo jane od nivnata ordinacija. Izgleda se vrtat pedijatrive so dezurstva vo poliklinikive neznam... Sistina sekogas ima. Bevme sinoka nie ama Obocki bese ne mi se svigja bas ona ama toa e, bitno mi bese da ja slusne bar pa vo pon nosam kaj maticen.
А кај сте вие со матичен? Мислев уште сте кај Паскалов. Нашите денес дежураа во Идадија, нормално дека се нацртавме таму да не видат и да не слушнат, со воспаление на уво.