Неколку пати сум го ставла линкот. Овде може да проверите дежурни педијатри во сабота за сите поликлиники. https://www.zplrm.mk/?cat=6
Матичните се вртат, може еднаш во 2 месеци да се погоди педијатар, немаат дежурна педијатрија како козле и клиника.
Дали можеби некој има дома Авил сируп? Или дали можеби знаете кој би можело од Грција доколку оди деновиве да ми донесе? Малиот има алергија и докториве сите ми препорачуваат тој сируп да го пие.
Ќе почне во март да прегледува во Систина по неколку термини ќе има. Мене двате деца она ми ги гледа кога ни треба преглед и што каже тоа е. Бебево само што го виде новородено ми кажа колку се мака ќе имаме со алергии, еве го 5м се што ми кажа така е. Од кога ќе почне со алергии, како ќе манифестира, што да даваме... Големиот на 2м направи опструкција, му ја реши за 1 недела само со инхалации Штета што е во години и што сите што учеа и работеа со неа (Искра Лазарова, Манчева, Обочки) не ја стигнаа во знаење.
Сирупот е јак. Да не кажам нај јак од сите што се даваат за алергија како аериус, летизен,лоратадин итн. Иначе Француски бренд е ако можеш да го најдеш таму. Порано кај нас од Турција ги носеа. Санофи е фирмата пишим им маил ако не за да ти кажат каде најблиску го имаат
Девојки, дај кажете искуства и предлог детски хирурзи, треба синко да се оперира има брух а јас поради свои трауми и лоши искуства не можам да се соземам и да размислам трезвено. Има 2ипол годинки, на преглед ни рекоа да се одложи до пролет негде, ама сега му се зголеми малце и не ми се чека. Не знам што да се прави.
Мојот ќе го оперира Лазо Јовчевски од клиника за детска хирургија. Не е брух ама поделиккатна операција е и него ни го препорачаа.
Здраво мајки. Дали може да ми кажете која доза да давам лој од гуска за 3 годишно дете. И како го мачкате
На врв на лажичка давам помешано со мед заради вкусот. Инаку од човекот што го купив ми кажа кога има бронхит или пневмонија да му давам полна мала лажичка наутро и навечер. Мачкам на грб и на гради по малку.
Дали знаете до кога најкасно може да се прими дитепер ревакцина што по правило е на 18 месеци? И дали знае некој во Јане Сандански дали намалиле гужвите, никој не се јавува на телефон.
Мене ми рекоа до 2 години најубаво да се прими ама сега заради ситуацијата вакцинираат и поголеми деца. Ние кога бевме повеќето беа 3+ години
Здраво Дали периодов има вирус со тт? Малиот на пладне ми стана не весел,и до вечер омалакса. Го однесов на доктор го прегледа грло чисто,плуќа исто така чиста. Ми рече може да почне да крева тт вироза да биде во прашање. Во 20:30 веќе имаше кренато 38.5,пред малце мерев паднала на 37.5 некако не сум мирна што ако крене ноќеска пак сируп смеам на 6 часа.