Смееш, ќе му дадете и на 4 часа ако има потреба. Ние летото два пати бевме болница, јас му давав сируп 5 мл, таму му даваа 7 и пол мл. И сега кога ми крена температура давав 5 мл блокмакс, ама на 40температура давав 7 и пол
Има вториот ден е најлош не можеш со ништо да симнеш тт, потоа ќе зголеми на повеќе саати, кај големиот траеше 4 дена, средниот 6, и кај бебево туркаме 4 ти ден
Со уртикарија и примени 2 дози урбазон, даден совет за диета. Освен компир, морков, банана, јаболко и ориз што смеам да давам? Детево само бара јадење веќе трет ден не знам што да му давам, па и ориз не обожава баш...
Зељести мислам смее, ќе се израдува, блитва, спанаќ, брокула... Палента, тиква не смее? Проја, палачинки со вода и масло, на таа основа исто и мафини, внатре банана тиква јаболко може или блитва спанаќ.
Нервоза. За возрасни има такви како вилици што се ставаат боксерски особено за оние што стискаат заби навечер или крцкаат.
Кај возрасни е причина стрес. Кај деца може да е недостаток на витамин Д , премореност во текот на денот, несоодветно подредени заби. Пробај некое чајче навечер да дадеш пред спиење. Инаку не е страшно, многу деца тоа го прават тоа, обично го надминуваат до 6та година.
Мојов крцкаше така во спиење со забите додека беше помал. Сега ќе полни 7 години и одамна немам приметено, значи како растат се губи тоа, барем така би требало да биде.
Веќе кога е темата за крцкање на забите, ќерка ми е 2 години и веќе го прави тоа, не цело време ама почесто во последно време. Да чекам да надмине или мала е уште од сега да почнува со тоа па да прашувам педијатар?
И мојот правеше тој период и самиот прекина ништо не му давав. Сигурно пола година правеше така и престана преку ноќ.
Малиот мој имаше 5 години кога почна со крцкање во сон. Баш во период кога се породив со малата. Претпоставувсм од приновата дома, и се рефлектира така. Сега има 7, и уште знае да крцка со забите..
Мене девојчето на околу 5 години почна да ми крцка со заби во сон, баш пишував... И пораснаа 6ките, додуше само и пробија и намалено е со крцкањето...
Јас го купив од еурофарм (во веро тафталиџе аптеката) а и во зегин има. (На филипс со маска за помало дете околу 2000 ден.)
Мајки малото имаше стомачен со температура, повраќање три дена и после два дена пролив и давав диа стоп и нормално диетална храна, орис компир и супа, помина сега три дена се нема какано, а давам се за јадење, шо да дам следно за нормална столица.
Едно можеби несоодветно прашање, дали прокулин капки може и за мало дете 6г? Немам друго во моментов, има иритација некаква, па мислев да ублажам до сабајле.