Овие врснициве у ден два се следат, нема утка еј. Завчера ми го направи тоа мене мојот. Цела вечер на 15мин приплакуваше. Вчера го видов запчето распукано, двојка горе, боцка ама не излезено, и вчера цел ден ми приплакуваше по малку. Му дадов Осанит, имав престанато да давам, му намачкав Дентинокс и се смири инстант. Сабајле уште одма Осанитот го шлапнав, мајка ми ќе става Дентинокс пред и по градинка и ајт.
Двојката доле проби пред некој ден, вчера видов кај четворката горе белко, ама не исплаши ептен, како и да е треба докај докторката да појдеме и ќе видиме
На толку мало немам,мојата беше скоро 3 год.кога и давав и тоа 7 капки по препорака на педијатарката,се покажа ефикасно.
Црвено грлце.. направивме крвна слика и брисеви.. а мислев од следната недела на адаптација да почнеме
Ако има некоја будна мајка, да ми каже дали можам да дадам сируп за температура на два часа? Му дадов бруфен пред два часа имаше 38.7, и сега му мерам пак има исто ?
Не смееш на 2 часа, на 4 се дава повторна доза, во меѓувреме бараш друг начин да спуштиш тт( туширање, чорапи со оцет, алкохол разреден) и не се грижи 38.7 не е превисока температура
Искрено страв ми е да го туширам кога има температура. Кога имаше година, имаше температура го истуширав и почна да се тресе. Летото бевме во болница и ми рекоа кога ќе му почне да у паѓа температура тогаш да го туширам. Ми рекоа дека може да добие грчеви ако му падне нагло температура. А и сигурно му беше повисока кога му мерев првиот пат. Малку држеше топломер.
Не паничи мама, 38.7 не е многу високо. И подобро е ако му спаѓа побавно. Расслечи го, разреден алкохол ставај му под пазуви, ако има топли ноџиња и чорапчиња натопени со оцет. По 4ч можеш парацетамол или по 6 пак бруфен. Со лесно и брзо да минува.
Ние вчера бевме на контрола, конечно е подобар син ми, резултати се подобри, црп паднало на 10.Нели пишував дека 4 дена е со ниска тт, и докторката рече дека сме претерале со сирупи, јас давав на 4часа блокмакс и далерон, ми рече премногу е тоа посебно блокмакс, за него требало да поминат минимум 6часа,и ми вели докторката и ако има 40 тт со сируп ако спушти до 38 - 38.5 па и 39 да е не давајте на краток рок пак сируп, не е страшно да ја држи таа тт, подобро донесете го во болница па со инфузии ке пробаме да ја регулираме, вика биди среќна добро сте прошле, на 34тт може да дојде и до внатрешно крварење, не е играчка. Иначе се сомневала на миокардит кога отидовме ама сега е во ред, ја прашав дали треба да одиме на кардиолог, ми рече не а потреба добри се резултатите. Се мислам дали да го однесам плус на кардиолог.
Ti rekov bolnicko lekuvanje ama aj... Jas ne bi se mislela tuku odma bi trcala na kardiolog, ne e igracka taa rabota. Odi kaj Milev najdobar e, vo Cardio art e sega.
Да оди, и кај син ми се сомневаа на тоа затоа и 2 пати на кардиолог бевме. Ние бевме во Државна, супер се и двете докторки.