Пак јас. Изгледа ќе си дежурам на темата како почнавме во градинка. Сега друг проблем, многу се загрижив. Од како го зедов од градинка кака 3 пати, многу е разранет на газето и столицата му е бела. Знам дека е опасно ако е бела, може од храна некоја да е? Утре секако ќе се јавам на матичен ама во мегувреме да ве прашам и вас. Што прегледи предлагате да направиме за столицата? И да ми предложите некој ефикасен крем, многу го пече. Мачкам веледа ама не помага скроз
Пробај со судокрем,вазелин(ова за се ми помогнало околу дете па и на мене), маст за потпарено(оваа редовно ја користевме ако му се зацрвенеше газето дури рани му се правеа на моето и само оваа му помагаше. За секојдневна употреба бекутан крема од КАМ што ја имаат иако не сум фан на бекутан али само од нејзе не му се правеше осип зборам за секојдневна. За белата кака не знам дали имаш воведувано млечни работи бела кака знае од тоа да биде, барем кај бебево беше од тоа белата кака.
Носи на доктор. И да, од сега ќе бидеш редовна кај доктор, нажалост. Доказ дека не е само во Мк состојбава, значи секаде каде што има колектив. Ние вчера бевме кај матичен за двајцата, баткото е со воспаление на уво, бебе кашла и слева секрет ама топ не го бие, засега, додека не застане нешто да се воспали.
Сирот на 3ипол месеци антибиотик пиеше, па сега си ова бактериички маф ги прави. Инаку дефинитивно, откако ставам Диво оригано секретот е минимален и полесно проаѓаме.
Здраво, може ли да препорачате добар пулмолог, се работи за 4 гпдишно дете што нонстоп се разболува? Прочитав дека др. Баџакова не работи со пациенти? Дали знаете некој др исто добар како неа?
Обично не сум тип да бара совети за вакви работи на форум ,но имам една дилема.Малата викендот се раскашла многу,така као ни суво ни влажно,како да и стои нешто и не може да го искашла,температура ништо,нос ништо,на гради чиста. Во понеделникот ја однесов кај матичната и ни даде само инхалација со кортиар и физиолошки,крвната слика добра,црп мирно во граница.И се смири кашлањето,почна да искашлува погусто шлајмче и денес и реков на мајка ми да ја однесе на контрола до кога да ја инхалирам.Ја слушала ,нема ништо ,само искашлувањето и и дала антибиотик Амоксиклав и да продолжиме со инхалации. Јас сум целата во прашалници дали да и го давам антибиотикот,детево ниту има температура,ни спуштено,само искашлува,и тоа многу ретко,јаде,пие,спие најнормално весела е,дали има потреба во ваква ситуација стварно од него?? Не сакам да се правам лекар,си ги познавам децата многу добро и никогаш не ме лажел инстинктот,кога стварно треба сум давала ,ама сега сум во недоумица и не знам што да правам дали да дадам или да почекам некој ден? .
Јас би почекала, може има секрет од нос синуси и се слева во грло директ па од тоа кашла. Плус и кс црп се во ред... Подобро спреј во нос да ставаш деконгестив да видиш како ќе биде неколку дена, и перење со солена вода.
Никако!! Тој шлајм и до 6 недели може да го искашлува. Кај нас е така од Септември и ни еднаш антибиотик не ни давале. Со тек на време помине кашлањето. Пумпица користиме штом почне да кашла влажно само и ништо друго.
Малиот е настинат. Кашла нос тече, температура, затнат. Може ли да давам парацатамол серуп без да чекам да каче темп?
Ма каков антибиотик... Јас во таква ситуација форсирам природно. Чај со кромид, мед со кромид, лој од гуска и сл.
Фала ви женски. Бевме на преглед стомачен вирус е. Денес е веќе подобар, само сабајле какаше малку потемно бело. Не најдов судокрем тука ама зедов пенатен, многу ми се смири црвенилото од само 3 пати мачкање. Ангел во право си, ова со градинките е секаде така. Знам и другарка ми страдаше многу минатата година во Германија. Тоа е, мора да издржиме. Само да минува брзо се и да нема поголеми последици
Ви благодарам,истото го мислам и јас како вас,сакав само да прочитам и друго мислење да не згрешам,еве и сопругот истото ми рече уште одма да не даваме сега да следиме ситуација. Јасно ми е се ,не ми е прв пат со шлајмови и сме ги минеле така од нога со чаеви кромид и слично ,посебно од поголемата имам искуство во 9 години два антибиотика има испиено и знам кога е сериозно,кога не,ама ова баш ме изненади Др,не планирам да и го уништувам имунитетот без врска. Некогаш мислам дека за да сме покриени за викенд даваат ради реда антибиотик.
Подобро остави го да се избори организмот сам, ептен ако е залегнат, гледаш дека се жали и го боли нешто, има висока температура, тогаш дај му, во спротивно не.
Мајки на деца што прележале сега пертусис, како поминавте? Внука ми денес и потврдија, она е со автоимуно заболување и баш сме исплашени. Не е комплетно вакцинирана.
Терапија и дадоа. Мене ме плаши да не се врати болеста, она е во ремисија веќе 6г, ама ништо не се знае. Доктор ја следи, терапија има, ама пак, многу сум исплашена.