Дали зелен секрет од носот секогаш алудира на бактерија? Првин почна како водичка па мислев тројките го мачат. Веќе два три дена е со растечен нос со густ секрет. Прскам Синомарин и влечам со фрида, излегува нешто ама далеку од доволно. И исто што ме интересира, до сега двапати се разболува со кревање температура. И сега и претходниот пат Далерон не му симнува под 37.3/4/5 плус за брзо време крева. Блокмаксот завршува работа каде каде поефективно и се гледа детето живнува после Блокмакс. Кај сите е вака со Далерон, послаб е?
Инхалации со физиолошки и кортаир првите 3 пати. Од симптоми само кашлица влажна инаку весел јадеше пиеше спиеше играше , и нормално наод на плуќа. Последниот пат после месец дена инхалации со кортаир, физиолошки и вентолин немаше подобрување му вклучија и антибиотик и спреј фликсотид за инхалација и се среди после една недела некако. Од тогаш сме со спрејот еднаш пробавме да го исклучиме у декември ама пак направи бронхит и го вративме.
Бронхит и пневмонија не е исто. Ако е лесен наод може и да не дадат, ако има опструкција ќе дадат. Ако е помало исто, ако е поголемо може нема. Мн фактори има. Мојата 2 пати имаше 2 пати пиеше антибиотик. Првиот пат имаше висока тт, никакви други симптоми, вториот пат без тт само кашлаше суво и често, весела беше и расположена. Ама само со физиолошки синомарин да лечиш наод на плуќа мене ми е малку ризично..
Немам многу искуство со спуштање, ама за било која кашлица и старата матична и сегашната биле против сирупи за кашлици кај мали деца. Големиот лани имаше пневмонија, само со кашлица, друг ниту еден симптом, ни секрет од нос нит температура. Лечење во болница со антибиотик, инхалации со кортико. Малото пред 10 дена беше со спуштени (не пневмонија, туку бронхит), ама со многу обилен секрет и температура еден ден. Кај него беше бактериски (правевме брисеви). Терапија антибиотик, инхалација со кортико и редовно чистење нос. Зависи од степенот на наодот, ако е вирусен бронхит може би поминал и без антибиотик, ама мислам дека инхалација би требало да терате. Сепак најубаво ако сте во можност да ја консултирате и матичната.
Генерално за сите сирупи за кашлица. Ама овој колку што гледам сега намената му е баш за бронхијални нарушувања, сепак е за таргетирана проблематика.
Бевме на дежурен, тт нема веќе, ама не прекина да кашла (и се слевало) и има секрет, на гради чиста, кс вика вирусно, црп ниско. Ни дадоа само инхалации физиолошки, септоназал, ама и изопринозин. Пишал докторот 5 дена 3 пати на ден по 4мл и толку. Во аптека ми викаат по шема се давал. Што лек е за што се дава? Ќе ја прашам и матичнава утре. Не оди во градинка, претпоставувам фати нешто од едно настинато детенце. Дали докторов виде дека имала опструкции па ни го даде не знам.
Мене колку што ми кажа педијатар, изопринозин се пие 10 дена па 20 дена пауза и така 3 пати едно по друго и се дозира според килажа. Инаку е имуностимулатор обично го даваат на деца што се често болни
Па тоа се зачудив, не знам што значи често. Како не е во градинка не се разболела, сега и е прв пат. Ќе ја прашам матичната, да не знаеш дали е ок ако го прекинам после петиот ден?
Па најубаво да прашаш матичен. Нас ни го дадоа кога секое враќање во градинка едвај 3 дена остануваше здрав, па се лечиме дома 2 недели и после пак исто.
Различно се дозира кога се дава на дете кое е болно во моментот (вирусна инфекција) и на дете кое е здраво (за подигање на имунитет). Нас така ни кажа педијатар. Мислам дека треба да даваш како што ти кажал докторот, ама секако и консултација со матичен.
Со првото далерон воопшто не симнуваше еднаш го заебав убаво кога имаше 40 темп и никогаш повеќе само со чепче помагаше и блокмакс. Додека кај малава после парацетамол се смируваше од вакцината и убаво спиеше тие 2 дена. Јас го имам користено на натур аид за искашлување сируп тој е еден единствен и за бебиња што може да се користи на големиот му имаше доста помогнато еднаш и тоа беше година и пол мислам на своја рака го дадов не ми се брцаше по ординации.
Мајки ние сме веќе 3 ти ден во болница со рота вирус Искуство од тие што го поминале, колку дена ви траеше? И јас и син ми фативме, мене веќе ми поминува, на него уште температурата ми остана, често качува. Повраќање и пролив нема веќе. Имавте некои последици вие?
А сакав да те прашам да не е рота, ми личеше од муабетот на рота. Со лесно! Ќе помине. Вакцинирани сте? На малиот мислам, дали има примено рота вакцина, зошто викаат тие со вакцина полесно поминувале.