Не може аптекарот да ви каже што ви е. Наод на плуќа од вирусно потекло се лечи само со инхалации, без антибиотик.
Се чудам зошто никој не ни даде упат крвна слика да направиме. Треба сами доктори да изиграваме. Секогаш сум и правела крвна слика кога ми било сумливо, ама еве во случајов не знаев дека може од различно потекло да биде наодот. Фала.
Мајка не мора некој да ти даде да направиш крвна слика. Фино лепо отиди до лабалаторија 300 ден е крвна слика. Додека се маткаш навака натака ќе си направиш и ќе отидеш спремна кај докторката. Црп секако е приватно 200 ден немаш упат. И нерви и време ќе уштедиш и дете нема да малтретираш. За следен пат да знаеш
Знам бе мајка ама не се работи за парите. Како што кажав погоре треба сами доктори да се правиме. Знам дека може ориватно кога сакаш да провериш крвна слика. Ама еве Кога ќе направам крвна слика сама, пак ќе треба доктор да ми ги прочита резултатите. А еве во случајов замената ми даде антибиотик на рецепт. Испаѓа дека јас се правам доктор и и ги преиспитувам одлуките. За спуштено немам многу искуство, претходно еднаш спушти и тогаш со сумамед се лечевме. Не знаев дека наодот може да биде од различно потекло. И дека треба крвна слика за да се утврди дека може и без антибиотик да се лечи. Иначе да знаев сама ќе ја прашав дали да направиме крвна слика за секој случај. Претходниот матичен беше супер како доктор ама маана му беше што тешко да го најдеш повеќе замената му беше во ординација затоа и го сменив. Тој не даваше антибиотик така лесно. Ама еднаш ја прегледа ќерка ми виде што виде на грлото и кажа овој пат МОРА антибиотик. Едит:сега те прочитав дека пред да одам на преглед да направам. Е тоа е добра идеја. Ама јас во моментот ни на крај памет не помислив дека има спуштено ,детево навистина само носот му тече и тогаш речиси о не кашлаше. Се изненадив кога слушнав спуштено.
Не е тоа поентата, при доктори ние сами да се правиме. Башка има и тестови за голема кашлица и ако ти е сумњиво @Erika.greeneyes направи си. Мојата матична која до сега ми нема направено утка и која ме спасила сто пати од Козле е против било каков сируп освен бисолвон и исландски лишај. Но обично кај моите мора и инхалација. Така да јас би почнала со инхалација но си кажувам за мене . Дали кашла суво, навечер особено и тешко зема воздух ( кашлица сува во напади т.е)? @Mari-Li железото само по себе ништо не значи. Ако провериш денес може е високо, утре можеби ниско. Има други параметри кои би кажале . Само на железо јас не би се ослонила
Да не ве цитирам посебно, фала ви многу. И јас помислив на рота и затоа веднаш бевме на итна, па потврдија и го задржаа. Ставаа на 6 часа дафалган за темп, само бавно ја симнуваше. Ама докторот рече подобро побавно, нели секако и така се бори телото со вирусот. Не е вакциниран Тука нема сеуште рота вакцини, тек сега се прави план да ги воведат. Се измачи детево ептен. 9кг стана Дома сме веќе, денес не пуштија. Пробуваме полека да враќаме храна, вода не сака, само разредена со малку сок внатре успевам да му давам помалку. Среќа мене 2 дена ме држеше само, денес сум веќе добра. Фала ви на сите, чувајте се
Преку ден речиси и да не кашла. Навечер кашла повеќе во однос на преку ден. Кашлицата се слуша како влажна да е, како со шлајм. Знае во спиење во текот на цела ноќ да се закашла два,три пати. Затоа јас се зачудив кога ми кажаа дека има наод. Воопшто не делува болна. И кашлањето не е нешто страшно. Имавме во октомври после мрп наод тогаш буквално секоја секунда кашлаше, не ни спиевме со денови од што постојано кашлаше.
Доктои со купени дипломи не се доктои. А сите да одиме кај 3ца педијатри Паскалов,Филев и Драгана не можеме нели? Во крајни случајности некогаш треба да се превземе нешто. Наједноставно кс да се направи и урина и после ќе видиш и сам дали е вирусно или не па и да ти даде антибиотик за секој случај како што даваат ќе знаеш дека нема да треба да дадеш.
Дали од шлајмче може да повратат при јадење? Не се задави, ни се закашла, наеднаш и дојде и поврати се што јадеше. Ама и јас јајце и дадов (матено со фета и путер), требаше нешто полесно дури е ваква.
6 ден и е како и давам скоро 4 години е и уште на втората капсула почна да подкашлува како со шлајм а од денес и растечен нос има и се затнува пред спиење. Дали е нешто од нив или си фатила успат нешто друго? Дадени ни се од орл бидејки нон стоп фаќа бактерии во нос и сите со исти симптоми затнен нос полн со шлајм
Не верувам да е од нив, мојот лани скоро цела зима кашлаше и покрај нив ама не се разболи посериозно. Тек после трета доза мислам дека имаше ефект или ја поминавме сезоната. Од вируси не штитат, има таков вирус сега и ние дома сме исти сите. После згуснува шлајмот и се зачестува кашлицата, а првите дена тече носот. Давај и штом фаќа бактерии и ви препорачал орл.
Да секако ке и давам, дали покрај нив можам нешто друго освен спреј за нос и витамини што пие. Секогаш кога и е вака и после густ шлајм се прави како што викаш ама секогаш искача бактерија некоја и секој месец на антибиотик
Ако се влоши однеси ја пак на преглед, мојата е мала, инхалираме со дексазон, може некое сирупче ќе препишат.
Спуштање кај мали деца може одма да бидне. Сум пишувала тука, мојава кога имаше вирусна пневмонија ниту кашлаше ниту температура. Ја однесов сабајле во градинка, вечерта во Козле завршивме на интензивна. Ја земав од градинка , за еден час почна да се жали дека неможе да оди и дека ја болат градите. Тоа имало значи нешто и претходно, ама тогаш покажа симтоми. Тоа што не си приметила не е ништо чудно, но сепак мислам барем крвна слика треба пред антибиотик.
Некоја мајка со вирус Парво, кожен вирус. Аман заман, се фати оваа пролет. Осип ко сипаници ама не го чеша, само има црвенило.
Мајки син ми има трет крајник и проблем со слухот како последица од крајник. Крајникот ќе се реши знам, ама за слухот сум загрижена. 18 месеци е. Ќе се среди ли? Инаку крајникот е голем.