Krajnikot bidejki e zgolemen gi blokira evstahievite tubi vo srednoto uvo i zatoa ne slusa. Ako nema druga pricina za namaleniot sluh koga ke se izvadi krajnikot ke se sredi i sluhot. Obavezno da go izvadite cim smeta na sluh.
Мајка, а како дознавте за третиот крајник, дали на редовна контрола матичниот ви кажа или бевте на орл и кои симптоми ги имавте?
Ваљда веќе си му дала ама ќе пишам чисто ако на некој му треба. Дневна доза блокмас е 20-30мг по килограм поделено на 4 пати (да се даде на 6 часа). По таа формула според килажа секој може точно да пресмета колку да даде, зошто на пакувањето пишува според возраст, што не е баш најточен начин зошто не сите деца на 6 год имаат иста килажа. За 20кг тоа би било 400-600мг на 24ч, поделено на 4 пати, тоа е 100-150мг во една доза. Бидејќи 5мл од сирупот има 100мг од лекот, значи би требало да дадеш 5-7.5мг за 20 кг. Јас ја давам помалата количина ако се работи за блага температура (38.5) и поголемата количина за темп 39-40.
И дадов 7.5, по упатството по возраста што е на 39темп... и сабајлево во 5 и дадов далерон 10мл. Фала ти, да знам зошто е слабичка за возраста и не бев сигурна...
Избегнувај блокмакс, давај само ако е баш нужно наизменично, јас давав на 4 ч на син ми, после цела недела имаше хипотермија и ладна пот, ни рекоа дека од блокмаксот, хипотермијата била многу опасна исто, можела да предизвика внатрешно крварење. Среќа добро помина на крај.он е 22 кг давав 9 мл блокмакс а 10 далееон така ми кажа матичната после лом ме направија во болница ми рекоа голњжема доза било требало од 7 - 7.5 мах да биде дозата блокмакс и да се даде на 6ч а не на 4.
Има деца на кои парацетамолот не им делува. Ама дефинитивно треба повнимателно со блокмаксот. Затоа е најдобро да се пресметува доза по килажа и се дава максимум 4 пати дневно (значи на 6 часа). Реално си дала и голема доза и на помал размак, затоа те искарале.
Да знам, макс 2 пати сум давала блокмакс во 24ч и сум гледала после блокмакс сируп после 6ч да дадам... Инаку со машкото го имам доживеано тоа, ама не од мн блокмакс... дигаше 2,3 дена 40 температура и не спушташе ич, едвај на 4ч дававме сируп наизменично блокмакс и парацетамол. И после 3ти ден спушти 35, ладен камен, омалаксан исто како со 40 температура, паѓаше... па сум го топлела... Не ми биле болни одамна, испозаборавив се. Висока температура незнам од кога нема качено. Минатата недела беше болна ама со 37.5 и не ни давав сируп, ама па мн воспалено грло имаше и отечени жлезди и и дадоа антибиотик, од пон до петок се откорна од кашлање.. особено навечер. Пиеше од пон до неделава антибиотик. Саб, недела беше супер, ни кашлаше, нит ништо. И еве ја од вчера со болка во плуќата, малку влажно се подкашлува и 39+ Дали ја повтори, дали недолечена, дали нешто друго...
А зошто си давала на 4ч, општо познато е дека Блокмакс не се дава пред 6ч никако, ако се комбинира се дава на 4ч па доаѓа на 8ч Блокмакс фактички. Мене дете ми има на 2 пати изреагирано со фебрилни конвулзии од Блокмакс и Неофен.
Зошто така ми има кажано матичната, и таа доза она ми ја пиша, не ја измислив јас,детето почна да ми халуцинира од висока тт, качуваше до 40.5, и претходно така имам давано, и со тие дози не спушташе тт, максимум до 38 ке ја спуштеше и толку.
Ок, ама матичната не ти ја бива. Никако не се дава бруфен на помало растојание од 4ч. Не сакав да те нападнам, извини, лошо се изразив, баш тоа мислев, кој ти дал на 4ч. Инаку и јас кога пијам бруфен почесто исто после имам ладна пот со денови и повеќе се потам. Брзо делува ама па јак е и има продолжено дејство после.
И да има 40 темп не можеш да очекуваш дека дете наеднаш ќе падне на 37 или 36 тоа ќе му биде шок на телото. Ибупрофен ти пишала спиди како се дава да не се повторувам и јас нареден пат кога ќе има 40 темп стави чепче ако не делува сируп парацетамол и види како ќе биде ако не после 3 часа дај блокмакс. Јас така ги комбинирав кога качуваше толку темп.
Пред две недели не стави Благица Манчева на фликсотиде, правевме алерго тест и испадна алергична на полен рж, даб и мувла, немаа реагенси за алергија на храна ама еве од вчера пак затнат нос, кива и пак на гради спуштено и хрчи... дали и кај вас што сте на спреј пак спуштаат?
Морам да направам и на храна, може и тоа да и прави проблем... кај кој пулмолог сте? Благица океј ама не ми е баш баш...
Јас никогаш сум немала спуштено сем ако не биле крајниците во прашање тогаш спуштав на плуќа 3 год по ред и на крај извадив крајници и се препородив. Алергијата дава гушење не и наод на плуќа да спушта.