Krvna slika sekogas pravam na svoja raka privatno, i na mirna krvna slika dobivavme antibiotik, nekogas leukocitite bile na granica ili blago pokaceni, 12-13 i pak dobivavme antibiotik. Zatoa veke retko odam kaj maticnata, pred nekoj mesec mnogu i veruvam, Sega veke ne
Исто и моиве доктори. И мој матичен не давал. Како би знаела на одмор дали е за антибиотик работава?!
Не. Мојот матичен (стар педијатар) не ми даде зелено светло за него. Бидејќи му верував (штета се пензионираше) друг матичен има женска моја. Иако најмногу се ослонувам на Станка од Систина. Некако си фатив "ред" со неа од бебе и така терам.
Сум се помешала. Инаку јас антибиотик не сум дала досега на одмор, ама носам. Гледам секогаш прво на доктор да однесам па да одлучам, пример во Црна гора докторот рече ако не се смири од една доза Летизен (кој исто си го носев со себе од Скопје) ќе мора да вклучиме антибиотик, можно е да има воспаление од некој убод. Јас го познавам кога кашла од што и како кашла, како дише, неговиов матичен вика така си ја олеснуваш работата, зошто да трчаш цело време по доктори ако нема потреба, ми објасни како да ги пратам градите како се движат при опструкции, дури и ми дава слушалка да слушнам....
И една стара педијатарка кај вакцините ми рече ау не кај тој не е педијатар, општ е, не смее да лекува деца. Па не знам за еден лош случај кај него, сите задоволни. Иначе најголем страв ми е дека на одмор дете ќе ми се разболии нема да има педијатар, и ќе мора дете епен болно да носам преку граница со саати Е тоа ми е кошмар.
Не ми спомна дека е општ. Ниту ми кажуваше лоши зборови. Само ми кажа не би он. Еве се пензионираше и внуците негови се уште без педијатар. Тешко е да се најде добар доктор. Од тука што ве читам, задоволни сте. Добар дојагностичар е изгледа. Добар беше и мојот. Никад не ми утнал дијагноза.
Точно знае дали е вирус или бактерија. Некогаш и од око знае која бактерија. Точно знае кој антибиотик и кога, знае дали треба или не крвна слика. Знае точно мкога ќе оздрави и дали треба контрола за еден ден или за 5. АКо ми веруваш, ти ми даде поттик да барам плажи, а да не си викам ај друг пат Жими мајка
Е ај сеа е педијатар, што се потресуваат толку. Отидоа и мои блиски од кај него, демек поарен доктор, децата антибиотик за антибиотик се.
^само што специјализира Гого. Пред некое време. Веќе е педијатар. Прекрасен дијагностичар, кај внука ми билирубинот од око го погоди, без лабораторија. А не беше мала вредноста. На клиника се чудеа како точно погодил. Лидапримот не се дава за вирусни заболувања. Колку и да знаете се' за вашите деца, каде и да сте, најдобро е да ве виде доктор, да даде зелено светло за антибиотик, па тогаш кажете му дека носите од Мк. Поправилно е вака
I mene mi e strav da ne se razboli koga ke bideme na odmor Nekoja od vas nosela dete na doktor vo Grcija?
Ама и мене ме породи специјализант, и детето ми го гледаше до вчера специјализант, и многу сум позадоволна од нив, дека постојано се напред, со знаење, со учење, не се застанати пред 30 години. Сакам и почитувам млади доктори, Гого е една година помал од мене, специјализатката што ми ја следеше бременоста исто, а гинекологот кој се мораше да иде со нас на пораѓај е една година постар од мене. Страшно ми е мака ако и кога ќе си отидат од државата. Оти државата не ги цени, а верувам дека ќе бидат светски доктори. Гинекологот еве ја отвори своја ординација, со најсовремена апаратура, Гого веќе 5та година има способен тим, ама не се доволно платени. Другарка ми која работеше тука како сестра 15 години, со факултет и магистарски за сестра, зимаше само 20 000 плата. Сега у Германија, ужива. Мака ми е.
Оф топик сме ама ако не се опуштиш нема да мрднете од дома. Не зезај не одиш во џунгла. Опреми се со се и сешто и шибај. Му треба на дете и море и планина. Од 3-4м ги носам на одмор, малата на 4м на планина во јануари, досега не сум имала проблем, еднаш само пропуштивме одмор дека се разболе многу пред тргање а зимово со т гргнавме, ама со почнат аб, и на планина за 2 дена беше кукурек. Како и да е знам дека се може да се случи па ете оди некаде од каде што можеш за 3ч да си во скопје да ти е мирна глава
Мајки, да прашам, ако станува збор за варичела, после колку време од температурата се појавуваат сипаниците? Има ли некоја шема, прво на глава или на тело се појавуваат? Има ли некое испитување преку крв што ќе потврди присуство на вирусот уште пред да се појават сипаниците? Малата од вчера е со температура и освен тоа друго ништо за проблем нема, ништо како орл симптоматологија, па освен сипаници друго незнам што би можело да биде.
Моиве немаа температура пред да се исфрлаат, не знам точно од каде почнаа, викаат најчесто околу ушињата, вратчето ама нема правило. Не знам за испитување од крв не сум им правела. Зопто на варичела се сомневаш, била во контакт со некој што имал, имаат во градинка? Може е некое вирусче
Синко немаше температура и никаков симптом во најава! Првото исфрлање на сипаницата беше на челото во косматиот дел и на клучната коска! После тоа полека и надолу! На золва ми децата знам дека беа со по 2 дена температура и тоа 39.5 пред да почнат да се исфрлаат!