Не знам колку е паметно да давате блок макс веќе 8ми ден, не е убаво за стомачето на децата, однесете ги во Козле, нека ви дадат терапија, брз тест за стрептокока, пнеумослајд, искашлок, било што да се провери, премногу денови се со висока тт. @mariz види однеси ја во Козле, ако не ти, некок друг близок, со оглед на тоа што си бремена. Јас душа немам од таа висока тт, 10 дена имаше 41 тт, на крај искочи Адено вирус во Козле лежевме, мајки одете проверете ги подетално.
Мојава е 4ти ден со температура, не кашла, нос не тече, ништо. Од вторникот до сега 3 пати кај матичен бевме. Подобро се држи сабајлево, не отиде до 40ка. Сеуште 37.7 ја држи (во 8 пиеше Блокмакс). Брисеви направивме. Плуќа чиста, грло океј. Сега уште крвната слика да видиме пак. Не сум ја оставила без доктор. Истото што ќе ми го кажат Козле, ќе го каже и матичната. Ако увиди од крвната сега дека е за во Козле, ќе отидеме и таму. Брисевите ќе ни се готови во пон.. Пишував со мајка од школо, нејзиното било 7 дена со ваква температура. Биле и Козле и шо не направиле, на ништо не излегло позитивно.. само од себе поминало..
Да мислам дека непотребно е боцкањето со урбазон доколку стварно нема индикација за тоа ептен треба да не може да дише.
Па не сум ни слушнала урбазон за темп. А одма изгуглав, освен негативни коментари и од доктори дури, друго не најдов. Да демек ќе ја спушти, ама на лош начин што понатаму ќе направи проблем на имунолошкиот систем. Мислам и подобро е да се избори вака чим е се во ред на крвнава. Порано ај во градинка кога беше, знаев да скокнам и здрава да ја оставам подолго време дома за да се дигне имунитет. Ама сега прваче е, како оздрави ќе мора пак назад во школо... Ќе се слушнам со матичен пак.. ама рече прееска ако не е добра крвната ќе дава антибиотик, ако е добра, нема. Среќа послушна е, се што и давам јаде и пие. Лежи цело време, ама јаде и пие.. Малку мене ко да не ми е арно, ама дали од бременоста, дали од мисла, ќе видиме
За да стигнеш до урбазон треба прво да инхалираш со кортаир и вентолин па ако не помогне тогаш урбазон ама се гледа тогаш како би дишело дете нема да се остави така. Знам дека не ти е прво дете ама темп се спушта постепено наеднаш ако се спушти шок му прави на телото и може да направи последици. Мојот од гнојна ангина 15 дена држеше темп. 3 дена по 40 на 2 саати качуваше па 38 цела една недела и 37 со 5 уште 1 недела малтене цел месец со темп беше. Така да не се секирај на темп тоа е одбрамбено ептен да не држи 40 или повеќе со денови тоа е проблем или напади ако има.
Здраво, дали правите крвна слика ако е црвено грло? Ни препишаа антибиотик но матичниот ми рече нема потреба од крвна слика.
Пред една недела правевме брис, чист беше. Од синоќа е со тт и се жали на грлцето, и матичниот рече дека е ептен црвено
Беше исфрлан со брунчиња и затоа правевме, на крај испаднаа дека се сипаници варичела( инаку секој втор месец сме со црвено грло)
Имале и моиве долго ама дека многу висока, а не спушташе и ми беше страв нешто да не и биде... Паника ме фаќаше дека 2ч од сируп, она имаше 39.5... Дигна и сега пак 39.5 ама сируп последно во 8ч сабајле. И дадов сирупче, ја измасирав.. па сега ќе пробам и други начини што ми кажаа другарки...
А да пробаш со поголема доза од сируп? Јас дома давам 5 мл и не паѓа температура, па бевме во болница и таму даваа 5мл, ама ако ме почне да паѓа за еден час, даваа плус 2,5 мл. Ми рекоа дека може и максимална дозА
Ми рече матичната и 12мл далерон може, а да пробам и апче парацетамол наредно (пола апче од 500мг, значи 250мг парацетамол). Блокмаксот е ок 7.5мл, зошто има 20кг.. тоа е макс доза. Леле мислам да симне скроз, ќе славам! Скувано цело топло мн е жална. Јадеше сеа со 38.5 супа цела чинија. Среќа тоа прифаќа, инаку ќе дехидрира...
Во градинка пријавија пертусис. Има некој искуство што да очекувам, какви симтпоми? @AngelOfArh можеби од внукати?
Пертусис почнува како настинка најобична. Ама од сам старт се забележува кашлањето. Подлабоко е. Може и да дигне тт,но немора да значи.
Целосно е вакциниран големиот, ќе се надевам дека делува вакцината. Бебето е со 2 дози. Уште пертусис ми фалеше во животов.