Да да.. не ни очекувам од 40 да спушти на 36.6. Ама се надевам дека нема уште долго да е ваква со волку висока, се изнамачивме...
Не е толку итно ваљда , ама што е со јазиков? Сеа и го приметив. Освен кашлање, и тоа чат пат, друго ништо нема.
Нешто габично.. кандида и сл? За бебиња знам нистатин.. сум ставала, ама поголеми не ми се случило. Консултирај се со матичната што да направите... Мојава денес конечно почна да спушта и повеќе и не качува 40ка. Ноќеска прв пат конечно после 5 дена се испоти, жива вода беше... Арно ама фати да кашла па сега. Плус стана со плачење и едвај стигна до вц, ја болеа нозете. Како помина денов гледам се движи, ја прашав сега и рече помалку дека ја болат... Утре пак до лекар, таман и брисевите ќе се готови...
Лекокларот е одвратен антибиотик конкретно мислам за пиење, горчи ненормално мојов уште ја нрмаше голтнато лажичката се ми исповрати дома. Ретко кој може да го пие. Ама лоша е кашлицата одпосле кога ќе се излечи ќе се среди ама треба време. Среќа што е подобра.
Истото го минавме и ние во јануари, пишав и тука кога прашував дали се случувало и кај вашите деца да ги болат нозете кога имаат Т и кога се болни, грип е 100%, направивте ли брис? Кај нас одма се покажа позитивен кога и направија во болница. Е сега Т качуваше 2 дена само, до 39.6 одеше, третиот ден воопшто не качи, четвртиот попладне касното имаше блага некоја температура до 37.8, неколку часа само, спушти сама по себе, наредниот ден ништо пак цел ден и толку беше од температурата. Нозете уште пред да качи Т се жалеше, т.е. само на едната, другата не ја болеше и мислев дека се удрила оти немаше никаков симптом дека ќе се разболи, нит нос тече нит кашла ништо и отпосле качи Т прво и наредниот ден почна носето да и тече и да кашла. Во болница и направија комплет крвна слика и за ногата што ја болеше, испадна се во ред и крвна слика супер, се во нормала. Само брис позитивен на грип тип Б. 5 дена отприлика траеше се на се и веќе 6 тиот живна , почна да си игра, ама пак се жалеше на ногата, тоа со ногата може 2 недели траеше. Многу течности, овошје, некој витамин ако даваш давај и сега поготово и треба и одмор. Тоа е. И ќе мине. Со помин
Фала И нас ни се случувало, баш само кај неа.. кај синчево па никогаш. Неа 2,3 пати до сега вака на крај од вирус нозете ја болат... Има сигурно некое медицинско објаснување, фали нешто во моментот најверојатно... Неа и е 6ти ден температура денес, до вчера со ептен висока беше... денеска сабајле и дадов сирупче на 38.5 и цел ден не сум и дала, спушта до 37.3 37.8 и варира сама. Моментов има 37.8 ама не и давам сируп, нека си се бори така. Матичната е убедена дека е грип... А брисеви направивме ама мислам дека тие се само бактериолошки... петокот во Авицена направивме. Од денес кашла па и тоа суво некако Утре обавезно одиме пак на лекар.. Инаку други симптоми кои не ги пишав, проливче по еднаш во ден 3 дена со се денес (најверојатно од сирупот за температура, слабото јадење, повеќе е на течности), поврати еден ден и се пожали на стомачето... Вака како што читам на нет, баш се типични симптоми за грип...
Еве ја, крена тт, 39.3. Се очекуваше со денови ова. Поврзано е со јазикот? Сеа ко подисчистен и е малку
Zdravo. Dali nekoj majka ima iskustvo kaj deteto potecena usnata gorna samo, dolnata ne. Maticnata se cudi, alergija vika ne e, ako e i dolnata i gornata bi bile poteceni. Sepak mi dade aerius za alergija preventivno. Dali od zabite mozi da e bidejki i se ronat imaat edinicite karies, dali od necisto mozhebi ako ima staveno vo ustata neshto navistina ne znam. Ako nekoj imal slicen problem ve molam spodele.
Син ми има трет крајник. Неможе да дише со нос. Не е болен, а затнат е. Ме интересира дали ќе е се така до дека не се изваде крајникот? 18++ месеци е.
Nishto nema drugo, na nieden del od teloto. Samo usnata i samo gornata bash kako potecena kako kasnata od neshto. Vtor pat i se slucuva ova, prehodniot pat pomina samo od sebe so maticnata prepishavme na toa deka najverojatno se ima cuknato, podudreno ili so igracka ili so neshto dr. Vnatre vo ustata nema afti, nema nishto proveri isto doktorkata. Mislam ne, nekako e bagicki potecena za da e od griznato. Ama nishto ne isklucuvam, kje se kinsultiram pak so maticnata i ako e potrebno i na kozhen kje ja nosam.
Ќерка ми 4 ипол, си го акна носот од креветче. И прокрвари. Немаше млазови, потекоа капки крв, ја измив се среди брзо. Почна да и отекува. Што да правам, да ја носам ли на итна? Скршен нос претпоставувам треба да боли, а вели дека не ја боли… И дадов коцки мраз да држи на нос.. што друго да направам?
Можно од траумата на местото да потекло, исто како и на други места од главата кога ќе се удрат и отекуваат... Мислам да е скршено, ќе помодри плус. Види за 1ч како ќе биде, па ако ти изгледа за на итна, носи ја..
Јас за таква повреда слична еднаш ќерка ми ја однесов на итна и еднаш син ми . Ама се испостави дека нема никаква скршеница. За син ми не пратија од брза помош на хирургија да го допри и хирург од причина што нивните коски се помеки од нашите па полесно е да настане дробење или скршеница. Ама ништо не беше. Ми кажа дека има опција само за едно конче (под брадата беше удрен) за да нема лузна ама ми рече можно е и траума да му направиме ,или да има лузна и да си замините дома. Јас второто го одбрав секако под брадата нема ни да му се гледа.