Новороденчиња 2.2-3.3 Деца 3.3-5.6 Возрасни 3.3-5.9 Ова се референтни вредности на глукоза на листата од Авицена
Со маска цел ден, тешка работа... сама сум со нив од сабајле до 17,18ч... Маскана едвај на лекар ја издржувам, ме гуши Готово ако е фатено тоа веќе, фатено е. Со мене и спиеше малава со 40 тие денови додека беше. Инаку големиов повраќа па На 2 пати се истури, се жали на стомакот, апетит нула и не сака ни течности едвај го пикам... лежи и заспива цело време, нема висока температура сега за сега и му варира сама 38.1, 37.3... Ако е нешто друго ова кај него, голема среќа треба да имам, да не фатам (и јак имунитет) Од утре и него по лекари...
Каде правите испитување за вируси и грипови? Со упат од матичен некаде државно прават? Знам Козле прават, но упат од матичен треба?
Јас пнеумослајд правев приватно и за мене и малата во авицена. За мене матичната ми викаше демек ќе ти дадам упат ама мислам дека веќе не иде преку матичен, за на клиника. А за децава не знам искрено. Башка се чекаше и за резултати и отидов приватно си преплатив Не знам за гриповиве дали има онакви брзи како за ковид и стрептокока, ако сме напреднале, прашај ја матичната за тоа.
И да направам незнам што ќе ми смени, лечењето секако ќе е исто... приватно моментално немам да плаќам, февруарска плата нешто ми зезнаа и сега чекам низ процедури да поминела за да ја добијам Месецов ми е лудило, неам добар хороскоп изгледа
И јас ќе речев зошто да се тестираш Остај ме мене што трчам по болници, хипохондрикот ми работи. Ок ви е терапијата, лежење, одмарање, течности, витамини земете плус и ти и децата и ќе помине. И другарка трудна го помина грипот без проблем. Ќе бидете ок.
За грип има кај нас и во аптека се продаваат, брзи тестови како ковид се само што има пример само за грип А, грип Б и ковид и има и за трите заедно, во болница исто таков прават (ова за во Грција кажувам) таков и направија на малата и за 5 мин покажа позитивен само на грип тип Б, другите беа негативни. Инаку тогаш јас после 2 дена фатив од неа, дека нон стоп заедно ко што викаш заедно спиеме ние и многу грозен грип е , а син ми и маж ми не прифатија ич ништо не им беше и не е дека се пазеле, во иста куќа, на ист кревет ќе седнеш, ќе фатиш нешто со иста рака, колку и да се пазиш па и маска да носиш нема шанси така да се заштитиш, ама ете ништо не прифатија они, до имунитетот е ваљда... Со помин Како е ќеркичката денес?
Ноќеска пак од нигде никаде дигна 39.8 и дадов блокмакс и жива вода се направи, спуштила до сабајлево скроз. Еве ја нема сеа ич, после 8 дена температура конечно да спушти... Ваљда антибиотиков ќе си проделува, трета доза сабајлево... Вчера вечерта и прв пат сама побара да јаде и тоа баш си се најаде, значи оди на подобро Сеа батко и на ред, ама сега за сега нема он мн висока.. макс 38.5. Нема сега он апетит, ама добро е не повраќа веќе... си подкашлува само од старт, па да го носиме на лекар уште денеска.. Многу лош период, луд месец е, луди температури. Па и сипаници вриело, комшичево е со сипаници. Среќа тоа и двајцата прележано имаат... Иначе мислам нема такви тестови кај нас...
И сипаници и ова вирусов гаден Парво. Не ми се верува колку долго го држеше осипов. Конечно денес у школо, правев пресметка за кога треба да добиеме оправдание од матичен, абе пола месец дома, прво уво сега ова. И ко попче си земав Дефендил пак.
Исто е, скоро 3 недели дома. Не одеше ради кашлица страшна за која пиеше антибиотик. Тргна петок, беше и понеделник и од вторник со температурава И јас ќе земам и за двајцата нешто. Видов во Бети аптеките Bimunal Imuno три сирупа големи мислам од 300мл се, за 1700 и нешто. Не сум давала со години ништо вакво, ама сега ќе морам за да ја пркнам бар неа повеќе... 22кг беше, сега рамно 20ка. Хеланки деновиве што и облекувам и висат и и паѓаат
Јас од 2г до лани давав Дефендил, се немавме појавено кај Паскалов, годинава решив не давам, редовни сме, секој месец по еднаш сме најмалку, бебево поиздржливо од него ми е.
Претходно го пиеше по 3-4 месеци, најмалку 3 шишиња зависи по колку пие толку долго и го пие. Сега имам само 2 земено и бидејќи е веќе пролет не планирам повеќе да давам, ама следна есен пак ќе си земам 4 шишиња.
Ве молам за совет, ептен сум во паникаЌерка ми (2год и 9 месеци), само што изеде мусли со расипано тетрапак млеко (сопругот и дал без да го проба млекото).Дури откако изеде видовме дека во млекото има мувла.Количински сигурно имало колку една чаша млеко.Што би можело да и се случи? Можно ли е да има бактерии во млекото? Дали треба нешто да преземеме вечерва? Многу многу сум загрижена
Neznam sto da ti kazam...edino nekako da ja naterate da povrati...neznam dali smee aktiven jaglen na taa vozrast, crnite apcinja.