1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Masinapandev

    Masinapandev Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Krvna slika pravevte li leukociti kolko se
     
  2. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.811
    Да, кај нас, малата се жалеше само на едната нога, тоа потрага може 2 недели отприлика, не се сеќавам точно колку дена ја држеше и кога веќе немаше ни Температура. А глава мене ме болеше и тоа многууу 2 дена, само до Ипуброфен ми минеше. А малата не ми се пожали ни еднаш дека ја боли глава. Грип е. Направивте ли брис?
     
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    35.656
    Пол:
    Женски
    Немаме правено. Што би значело ако се леукоцитите покачени?
    Два дена ја болеа нозете. Само со едната нога кривеше како само една да ја боли исто како кога имаше 2-3 години ама кога и да ја прашав викаше дека двете ја болат.
    Брис за стрептокока или? Немаме правено зошто се гледа дека не е стрептокока. Не знам дали постои и друг брис.
     
  4. Masinapandev

    Masinapandev Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Kolko se refernto a kolko se pokaceni leukociti ako ste pravile ks
     
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    35.656
    Пол:
    Женски
    Не сме правеле ти пишав.
     
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    22.993
    Пол:
    Женски
    Деф е тоа, ете и градинката соопшти дека ќе е затворена оти сите деца се. Па но дадоја сируп против чешање и исто маст за устето, сега ми е за бебево ако префати..
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    Незнам каква е ситуацијата во други градови и училишта, ама кај нас има веќе епидемија на некој опасен вирус/грип. Малата 6г беше 9 дена со температура.. еден куп разни симптоми ја поминаа, спушти и на плуќа на 7ми ден и е на терапија. Она веќе е подобра, а сега е брат и заникаде... 6ти ден температура (иако се израдувавме вчера дека вечерта немаше, ноќеска немаше.. сабајле немаше, сега еве пак крена и тоа 39.4), први 3 дена повраќаше, од 4ти ден кашлица.. корне кашла. Вака се сите деца од школо, некои разни симптоми зависи од имунитет. По 5,6 деца одат само во одд (мали паралелки се до макс 20 деца), не на пола... повеќе од пола се болни... Има и болни родители.. Јас сега за сега немам ништо.
    @Asja како сте вие?
     
  8. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    1.255
    Над која возраст може да се направи алерго тест?
     
  9. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    474
    Дали има некој вирус со висока температура??
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Само што отворив и се мислев како да пишам и што да пишам за да објаснам убаво, ти си пишала.. Исто сме и ние ;( Веќе 5ти ден темп која постојано варира, нема нема и пак има. Оди и над 39, а најмалку 37,4 .. А кашлицата страшна, упорна, лоша.. не знам ни дали е влажна или сува, еднаш мислам е од грло, еднаш од гради, ларингит, а како да секој момент ќе исфрли нешто.. наод нема, крвна слика добра, укажува на вирус. А кашлицата за "хоспитализација". Нас ни рекоа ако не се смирува да одиме да ја боцнат урбазон, искрено не знам што да правам. Што ви дадоа вас? Како сте сега? Со лесно што побрзо да помине, многу е мачно :(:hug:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Кај нас повеќе од 7 дена траеше ,можеби на 10тиот веќе не се жалеше син ми на болки, а ќерка ми побрзо крена уши. Повеќе од една недела тој не можеше да стани од кревет освем за во тоалет. Ми бараше дури и мраз да му редам на раце и нозе, и температура постојано спушти се крени се … и сите не фати на неколку дена разлика мн тешко беше ама битно поминува. Со лес и помин.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    35.656
    Пол:
    Женски
    7 ден температура малава 6 год
    4 ден тт малиов 2ипол години
    Баш ко што викаш малава немаше вчера тт и денес 40 тт, еве сега пак крева 38,1
    Не знам што да правам веќе
    Да чекам 10 дена
    До олку долго немала тт до сега
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Ехх,ние од вчера мислам дека се опоравивме до некаде. Кај нас поголемиот син го донесе вирусов од школо,он беше 9 дена со температура,5 дена доста висока,а последните 4 му спаѓаше некако;исто беше со ларингит и доста лоша кашлица ама фала Богу не спушти на гради;вториот син исто два дена после него се разболи,он беше 7 дена со температура и на 7ми ден матичната ми рече дека почнало да му се спушта на гради и ни препиша Сумамед,од тоа изгледа и темп. му престана,ама страшно се разочарав што по 7 дена завршивме со атб,иако секој втори ден ги носев на лекар.Е најмалото,она почна само со кашлање и растечено носе,5 дена беше таква,само една ноќ и се качи темп 38.5 и повеќе не,ама после 6 ден и се воспали увото и ми препишаа Алмацин.Утре веќе го завршува атб,се потрудивме да се спасиме само со инхалации ама немаше шанси.Покрај сето ова,јас бев уште полошо од нив,немав ни сила ни волја за ништо,ама помина изгледа,со толку нека остане.Ќе ја запамтам годинава по вирусов,ептен ни се смачи.Најмногу ми е жал за бебињава,колку и да ги пазиш,од поголемите нема вирус што не ги фаќа.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.800
    Допаѓања:
    2.835
    Пол:
    Женски
    Давај многу течности и витамини.ќе помини ништо не му е, од вирусот е.
    Масажа на грбчето, нозете, рацете.
    Витамини земи мулти од се по нешто шо има и ц вит повеќе.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    Малата е веќе добра, не кашла и нема температура... ама од 19ти до 26ти вечерта беше со температурата, сега 4ти ден е добра (пие од пон лекоклар и до вчера инхалации х2 со кортаир). Инаку исто кашлаа и двајцата те суво, те влажно, те од грло мислиш, те од плуќа, ептен грозна кашлица. Матичната вика ова е некоја комбинација на свински грип изгледа... Дека дава и симптоми и со повраќање. Син ми почна понеделникот со температура и повраќање и повраќаше и наредни 2 дена по малку ама ништо не сакаше да јаде (вода, супа повраќаше), ај си реков кај него вака ќе помине со повраќање и дури си реков може е стомачен вирус. Ама четвртокот фати да кашла, а од петокот се откорна и го носев на лекар пак ништо се е супер. Вчера исто кашлаше и сабајле немаше тт, вечерта оп дигна. Еве го сабајлево па мирно спие и не се закашлал, 37.2, ќе видиме.. Ситуација во школо ви викам сташна, ова не е нешто наивно...
    Инаку од Lihen сирупот почнав да му давам по 3 пати, антибиотик не пие...

    Сите деца од школо со исти и слични симптоми: висока температура до 10 дена, на 4,5ти ден јака болка во нозе да не можат да одат (кај двајцата мои го имаше ова), кашлицата грозна, повраќање, болки во стомаче, пролив, јака главоболка, потечени во лице (најверојатно од долгата температура и омалаксаност), немаат апетит. Лудило од вирус/грип. Веќе кај нас има и возрасни испоразболени, не само деца...

    @gjoker4e главата од температурата боли... Големиов со спуштена температура со апче, се жалеше на главата. Па ќе качеше пак после. Мислам се додека и малата ја болеше главата, качуваше... Она во живот немала ни толку долго, ни 40ка. А први 5 дена до 40.3, испод 38.5 не одеше. Што не и направив.. дека на 2ч од сируп имаше 39.5 (facepalm)
     
    Последна измена: 31 март 2024
    На gjoker4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.084
    Допаѓања:
    75.891
    Пол:
    Женски
    Има грип најверојатно :(
     
  17. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.811
    Брис за грип, јас живеам во Грција и тука има тест како за ковид се купуваат и од аптека , во болница и направија и покажа позитивен на грип А.....крвна слика супер, ништо покачено немаше. Ни тој ензим што ја болеше ногата не беше воопшто покачен.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Кај нас мн беа ензимите поксчени. Црп- мирно. Другото беше такс малце изместено и покажуваше дека е вирусно.
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.918
    Допаѓања:
    6.577
    Пол:
    Женски
    Окцето на син ми му е црвено, од средата приметив ама ептен малце беше, викам ај ќе помине, чет, пет, саб и еве денес уште е капакот горе црвен, во окото внатре нема ништо, само капакот, дури и малце потечено беше, па сабајлево е спласнато, не ми личи сна коњуктивит, а ако е каснато од инсект нели треба да помине за ден-два? ;(
    Матичната ми даде капки тобрадекс, и крема хлоранфрниколор, пред секое ставање со физиолошки го бришам. Што може да биде? Дали да одам КС да му правам? Се секирам дека е око во прашање... :x
     

    Прикачени фајлови:

  20. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Има шанса да е корона? Пријателка моја исто вака симптоми страшни и заврши на дневна болница со инфузии 5 дена и високо црп.