Па добро, имало тт, поминала, се изборил организмот. Детето добро се чувствува? Весело е, јаде, пие? Ништо не му е ако е така.
Охрабрување ? Децата така растат. Од што е стравот ? И бактерија и вирус ќе фати. Ако го пазиш сега ќе фсти или во градинка или во школо.
Doma sme ne odime pak sme bolni ne znam sto da kazam strav golem pedijatat ni rece deka sme dobri so krv i toa e
Температура е еднакво на војска. Кога имаш температура се бориш и треба така да реагира организам, значи оди во одбрана. Не го боцкајте детето со еден ден температура, тоа се прави доколку има два три дена. Не давајте антипиретик под 38.5 па и повисоко. Весело дете со 39 температура е сосема во ред. Баталете тромбоцитите, од прсте им земаат, додека им земат крв од прсте вредноста се качила. Тромбоцити имаат распон од 150-450, се што е во тие рамки се нормални вредности, па и да отскокне ништо не значи, треба да се мери преку вена.
И на син ми му беа покачени тромбоцитите и ензими некој мускулни и другите параметри му беа изместени температура имаше 7 дена, буквално од кревет стснуваше само за во тоалет и ништо не ни дадоја. Имаше вирус . Еликтролити само и течности. Нема друго. Немој така со стравови. Така рсстат,само со помин да е.
Значи ти кажал доктор тука ти кажуваат неколку членки и ти упорен си со тоа... Незнам како не разбираш. Се надевам тролаш.
Проблемот си ти, не леукоцитите. Прво не се покачени туку малце над границата. Второ нормално е штом детето има настинка. Ќе помине. Не го малтретирајте детето на секое ако немаш оправдана причина.
Колку време може да стои растворен цефалексин? Го земав минатиот петок, го растворија во аптека ама поминавме само со Виранто, дали да го чувам или да го фрлам. Колку време може да се чува растворен во фрижидер?
Јас најдобро знам како е да бараш дијагноза кај што ја нема,сум била таму. Ама не му го прави тоа на детето свое, оди си на психијатар.
Само да додадам на разговорот погоре. Мојот педијатар доста добар, сега веќе во пензија, секогаш викаше, а и сеуште кажува кога ќе го види моето дете.” Кога детето е весело и покрај што има настинка, тоа си е на нозе, игра, не е легнато во кревет, многу лесно ќе помини и тоа е знак на здраво дете со моментален грип, уживајте” Секоја мајка е загрижена за своето дете, но јас колку што можам се држам на неговиот совет и до сега не ме изневерил.
Исто. Јас многу ретко ги носам децава на лекар. Дали 2/3 пати во годината. Кога имаат температура чекам 3 дена, па после ако треба реагирам. Со стомачни вируси, течење на нос и сл сама се справувам и досега добро проценувам. Имав период кога за се нешто ги влечкав по лекари, се додека една докторка не ме освести...
Не е проблем што сте направиле пет крвни слики, вие сте загрижена и затоа тоа го правите, но да знаете, веднаш после температура не кажува крвната слика точни резултати, самото дете ќе ви покаже дали се подобрува или се влошува, ако и се влошува состојбата тогаш боцнете ја, не правите погрешно, но пуштете работите малку сами да се наредат без да си правите дополнителни стресови.