Како ќе знаат дали е алергија, мора да се испита, а мало е? Сигурно ќе дадат некој сируп да го засуши секретот ама ако оди во градинка џабе е. Еве мојот постар 6 месеци си е на терапија со Аериус и Назонекс, сега паузира и носот е чешма. Се е привремено затоа и јас не би давала сирупи без потреба. Иде лето, ќе се смират, малку море и ќе помине.
Мислам дека не е алергија. Мојот често си има вакви настинки со обилно течење на нос и знае да подкрене температура. И сношти ми крена 38.4 а еве денес нема ништо, па затоа мислам од алергија не би кренал температура. Особено сега сега изгледа дека е од градинка бидеќи е втора недела на адаптација. И општо имам болежливо дете, затоа прашав за спреј за нос, да не отсуствува од градинка секоја втора недела. Едит: да напоменам дека и многу густ секрет има.
Зошто инхалации ако му тече носот? Тоа се прави кај затнат нос, не кога тече. На своја рака ги правиш или педијатар ти кажа?
Немој, оти ако има густ секрет и е бактериски, ќе ја разнесеш бактеријата надолу, ќе искомплицираш. Подобро само влечи ако не знае да дува, или испирај со шприц со физиолошки од едната ноздра, да излезе од другата. Доволно е. Мене лично ми е несфатливо со тие инхалации што се даваат на сите. Две деца имам, не сум ги инхалирала никогаш, дури и кога матичната ми предлагала, не сум правела инхалации, си поминувале настинките. Во нормални земји, инхалатор не можеш да купиш во аптека, најмалку на своја рака да инхалираш. А кај нас стана мода. Потреба, разбирам, има случаи кога се навистина потребни. Ама кај нас се злоупотребува веќе, како и за сите други лекови...
Да, почесто чистам со физиолошки и шприц. Имам совет од педијатри да инхалирам кога има многу секрет, затоа го инхалирам со физиолошки бидеќи е густ да се навлажни и да го исфрли побрзо. Во Ноември исто имаше премногу секрет и не даваше да го инхалирам и направи бронхит (не знам дали од тоа) потоа со инхалација поминавме без антибиотик.
Можеш да инхалираш но со антибиотска ампула препишано од лекар за доколку би имало бактерија да не се спушти надолу евентуално даваат хлорафеникол во нос но сепак подобро брисеви да се направат. Аериус за ништо не помага.
@Brpbrp @Annath Ви благодарам, ќе ве послушам. Утре ќе го носам кај матичната да побарам упат за брисеви. Крена температура на 12 часа, ваљда има нешто.
Од што може да е црвенилово? На сликава не се гледа убаво, поцрвено е многу. Ваков го земав од градинка, ниту го боли ниту се чеша ама втор ден како воопшто не се повлекува. Прееска земав и да го трљам убаво, си реков да не го бацила учителката па со кармин
Ова е реакција од сонцето, овие два дена многу дечиња направија реакција. Обавезно фактор пред излегување.
Фала. Почна да се лупи сега малку доле и се пожали дека го боли. Воопшто не ми текна дека е некоја реакција на сонце, дерматит...
Му давав на мојот живо џабе како вода да пиеше дали дека е доста послаб од другите не знам. Само летизен помогна кај нас и момокс спрејот. Не си единствена ако не помогнал сирупот и од блиско опкружување иато така било со тој сируп.
Имам давано и летизен, лоратадин и сите имале ефект, што знам. Супер си беше тие 6 месеци додека пиеше, еве и помалото дете и маж ми пијат Аериус, немам приметено дека не делува.
Дали некоја имала такво искуство? Ќерка ми, скоро две години е, не збори. Ја однесовме на ушно, и ми рекоа дека има течност внатре во ушето, средното уво или како се вика. Затоа и не зборела, оти не слушала добро. Ми дадоа лекарства да и давам, и ми рекоа на контрола пак после два месеци. Ако не и се тргнала таа течност после два месеци, ќе требало операција. Кога спомнаа операција, јас се заледив и буквално ништо не слушнав шо зборат после тоа. Затоа ме интересира дали некоја мајка имала вакво искуство да сподели со мене, шо како, па ако може и за операцијата да ми објасни. Јас прв пат слушам за такво нешто.
Најверојатно се мисли дека има секрет во средното уво. Син ми исто така има секрет, од проблем со третиот крајник. И заради тоа има намален слух и неразбирлив говор. Следната недела треба да ги вади крајниците и ќе му ставаат и некои цефчиња во ушињата. Најверојатно и кај вас мислеле за ваква операција, пошто најчесто крајниците се виновни за проблеми со ушињата.
Мене овој докторот ми кажа дека тоа е течност. И оти се случувало кога децата се разболувале, кај некои поминувало, кај некои не. Ми објаснуваше нешто накратко и за операцијата, оти ќе се отстранува нешто оти ќе се сечело, ама пошо овој докторов маж беше, и незнае убаво да објасни и да одговори на прашања шо ги поставувам. Само се брзат некаде како да возот ќе им избега. А со жена доктор ова ми се нема случено, жените се секогаш коректни, објаснуваат убаво и одговараат на секое прашање.