1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    16.130
    Пол:
    Женски
    Фала ти на убаво објаснетиот пост.
    Се смирив после ова. Докторот збореше нешто и за грлото, ми покажуваше некои слики ама не го разбрав пошо јас додека се свестам он веќе беше со една нога надвор од вратата.
    И да, така ми кажа, после 2 месеци да одиме да видиме како ќе е, дали поминало. Ама чим е лесна операцијата, поарно операција да направиме отколку пак да се повтори ова.
     
    На dromka, Mother of 2boys и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    25.471
    Не се за се лек инхалациите, ама спречуваат многу компликации, меѓу кои и да завршите во болница со венски антибиотик, урбазони и х5 инхалации со плус вентолин. Користење на инхалатор со солена вода неколку дена значително го скратува траењето на кашлицата и спречува спуштање на секрет надоле зошто полесно се исфрла.

    За деца со алергии, инхалации ао физиолошки и кортико се препорачуваат за заштита на плуќата на долг рок и за заштита од инфекции.

    Да, досадно е, децата плачат дур се навикнат, ама моето иакуство е дека е подобро да дадеш три дена инхалација пред да направи опструкција.
     
    На mal.ecka, Iva2020, MikicaBt и 9 други им се допаѓа ова.
  3. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    308
    Мајки малиов ми заврши со кашлица и бронхит ради 2 бактерии у нос. Третираме со Панцеф и инхалации три пати на ден со Атровент и кортаир. Го мачкам со лој од гуска и му давам по една лажичка да јаде ама нема ефект за исфрлање шлајмови баш, само од носето што успеваме со пумпица. Некоја да сподели искуство што ви помогнало во ваков случај
     
  4. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    308
    И нашава матична форсира инхалации и ради тоа завршуваме втор пат со бронхит, првиот пат па и со пневмонија. Значи не може бактерии да лечат со инхалации, подобро одма брис да се направи и да се спречат компликации отколку маткање една недела те со инхалации те со спрејови и на крај пак подебелиот крај го јадеме.
     
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    11.733
    Пол:
    Женски
    Каква врска имаат бактериите во носот со бронхитот и што мислиш дека треба да ти препише на течење нос?
    Подобро испитајте од што се случува втор пат ако имало детето два пати бронхит едно по друго. Кај пулмологот кога ги носам болни не им ни земаат брис од нос зашто секако ќе излезе нешто, посебно кај тие што одат во градинка.
     
    На fashion-addict, Bubamaricka, Iva2020 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.656
    Пол:
    Женски
    Точно, еве да пишам. Малиот ми спушти на гради, можеби ќе беше подобро ако навреме инхалирав макар и со синомарин или физиолошки. Затоа сега ќе инхалираме со вентолин. Тоа е што е, ум за друг пат.
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    11.733
    Пол:
    Женски
    Како бе :( А баш крвната слика што ја стави беше ок, што се случи? Не се обвинувај, се се учи од искуство, ќе биде добро.
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    25.471
    Син ми големиот го инхалирам што би рекле самоиницијативно, иако ми е кажано од доктор наш близок дека така треба, при секоја кашлица која е интензивна и трае подолго од 2 дена. Има спуштено на плуќа само еднаш како бебе. антибиотик пиел за гнојно грло само.

    За бактериски инфекции јас лично сум користела антибиотик ампула во инхалатор. Значи тоа може да се лечи.

    Баш барав студија за спуштање на бактерии од нос надоле, не најдов. Може да се направи бактериска инфекција од инхалатор ако маската или кутивчето не се измиени.
     
    На lovely91, dromka, Bebetoo и 2 други им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    25.471
    Таков е вирусот што кружи. Супер крвна слика, а сите многу кашлаат и скоро сите завршуваат со бронхит.

    @Bebetoo не се обвинувај. Кај многу деца е вака.
     
    На mal.ecka и Bebetoo им се допаѓа ова.
  10. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.656
    Пол:
    Женски
    Буквално два дена е со секрет полн, ама не кашлаше толку често. Денес на дневната дремка се удави во кашлање, го скорнав и правец кај матичната. Кога го слушна на слушалка кажа дека веќе спуштил, а редовно чистам со шприц и физиолошки. И само вчера сабајле го инхалирав.

    Во Ноември имаше исто вака бронхит не знам дали е проблем олку брзо.
    Макар што др.Маргарита од Плодност ми рече дека 2 пати годишно не е страшно ако има бронхит, ако се повторува понабрзо ќе треба да се испита да не е алергиски. Ќе одиме во сабота на контрола кај матичната па ќе видам што ќе каже. Ако има потреба ќе го носам и Плодност.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    11.733
    Пол:
    Женски
    Не ни знаев дека има таков вирус, мислев се отвори сезоната на стомачни.

    Инаку и јас инхалирам на своја рака само со физиолошки секогаш кога гледам дека има потреба, фала богу ретко е. Посебно дека двајцата често ми се со ларингити, со продолжени кашлици итн, докторката порано на секое ја прашував дали смеам и еднаш ми рече слободно, не треба да ме прашуваш, исто како на море да си ги однела. И реално во многу ситуации не спасиле и сме поминале полесно.
    Посебно па затнати кога се или со шлајмови, за 2-3 дена како нови деца.
    А еве бактерии имаат стално, кога и да правиме брис од нос секогаш искача нешто, кај помалиот некогаш има и по две.
     
    На Tiny Love и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    11.733
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е често тоа, ете гледаш имало таков вирус значи не е од друг фактор. Ајде барем на време сте фатиле и почнал да кашла, ќе се среди. И тапкај по грбчето после инхалација да искашлува.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    25.471
    Има, има. Големиот почна да кашла интензивно, супер крвна слика, мислевме алергија, ама ете го бебето после некој ден со кашлица плус температура, излезе вирус е. Еве од денес и јас и маж ми кашламе. Големиов подобар имунитет има и без температура поминува. А толку многу секрет кај двеве деца одамна не сум видела.
     
    Последна измена: 11 април 2024
    На Bebetoo и Skyler им се допаѓа ова.
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    7.458
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе.
    Од искуство со малава. Нас многу ни помагаат инхалациите. За носето и за кашлицата. Особено за кашлицата. Спас се. Досега само 2 пати ми има спуштено. После првото спуштање, наредниот пат кога се јави кашлица на време почнав да ја инхалирам кој сака нека ме нападне ама на своја рака со ист состав и иста доза како претходно што ми препиша матичната. И и помина на ќерка ми.
    Втор пат кога спушти, крива сум што не почнав да инхалирам одма кога ги сетив симптомите ама си велев абе ништо не е само поткашлува ајде не значи дека ќе спушти,и баш спушти. Може да инхалирав ќе спречев.
     
    На JoyJoy и Bebetoo им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.661
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да потврдам дека инхалации само со физиолошки раствор кај моето дете спречуваат компликации. Инхалирам ако после два дена од вирусна инфекција сеуште е затнат во носот. Со тоа спречувам влошување на состојба. Ако не инхалирам одма почнувааг комшликации со увото. Инхалација со антибиоток (Гарамицон) му беше спас кога престана да слуша зашто увото му се наполни со течност после пиење на Амоксиклав па Сумамед. Е од тогаш секогаш дома има ампула со физиолошки или со хипертоничен раствор и инхалирам по потреба. И јас како дете од ОРЛ лекар добивав инхалации за проблеми со синуси само што јас одев во болница на инхалацик (домашни тогаш не постоеја). И од се најмногу инхалации ми помагаат за синуси.
     
    На Erika.greeneyes, dromka, Bebetoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.656
    Пол:
    Женски
    Секогаш на своја рака инхалирам и јас, поточно како што кажав имам дозвола од двете докторки да инхалирам со физиолошки. Првиот пат кога почнав да го користам инхалаторот беше само 3 месеци и буквално се гушеше во секрет. Тогаш спречивме само со физиолошки.
    Во Ноември бронхитот имаше страв од звуци и никако не успевав да го инхалирам и спушти. А сега ајде помислив на бактерија и бидна буквално за 2 дена. Можеби и некој вирус е со толку брзо спуштање…

    Да чекам да заздрави да проверуваме брисеви за бактерии? Или нема потреба од брисеви?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    25.471
    Можеш да провериш, и да уклучиш антибиотик ако има бактерија
     
    На JoyJoy и Bebetoo им се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.656
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам:l:
     
  19. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    308
    Не е втор пат бронхит туку прв пат е, пред тоа пневмонија имаше во септември, лошо се изразив. Бронхитот се случи ради тоа што не ги третиравме бактериите во носот со антибиотик од одма и после една недела течење нос и треирање со спрејови и инхалации, почна да кашла и спушти следниот ден. Не мислам дека треба нешто да ми препише на течење нос ама да земев порано брис ќе дадев порано антибиотик и немаше да спушти на гради, ради тоа што стрептокока пнеумонае не се лечи само со инхалации и спрејови во нос. Може инхалации помагаат за вирусни инфекции ама и те како за бактериски е потребно антибиотик.
     
    На Mother of 2boys и H.VAGA им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    18.234
    Пол:
    Женски
    Затоа јас на секое течење нос го носам за брис од нос и грло.

    Пред месец и нешто се покажа дека на обични мрсули без боја всушност има moraxella. Од симптоми само нос растечен и температура два дена. Потоа стрептокока имаше и тоа со поизразени симптоми.

    И кога има бактерија, на брис, веднаш знае падијатар што антибиотик да даде. Неколку пати се случувало да е резистентна на одредена група. Пример, на панцеф (групата не ми текнува која е) е резистентна. А многу често без брис на висок температура знаат да дадат панцеф.

    Многу пати на температура и нос растечен немало бактерија и вирус кој поминувал за неколку дена.