Еве сме и ние. Саботата демек затнато носе, нема ништо. Понеделникот со наод и куп лекарства. Не знам што вирус ќе беше ова.
И јас вака правам кога има затнат нос,прво со хипертоничен спреј чистам,не изотоничен и после оперил или септаназал,навечер хлорамфеникол. @KuklickaSk и мојава го имаше тој вирус пред две недели,немаше тт помина само со инхалации.
@Miss_S Вирусот е таков. Трае долго и од никаде прави компликации или на уво или на гради. Го помина и мојов и двете деца на брат ми и сите комшиски деца. Двете од брат ми добија компликации на ушите и малите од маало спуштија на плуќа. Јас штом доби температура го однесов (ретко така одма го носам ама морав на службен пат да одам и изгледа на почеток го фативме) и со инхалации се спасивме од компликациите
Ај можда малце безвезно прашање. Ќерка ми не ме остава тобрекс никако да и редам во очи,и сега кога заспа и ставив по една капка не ни осети. Аку ? Има инфекција инаку на двете затоа.
И јас така на син ми кога беше мал му ставав, оти не даваше никако во очи да му брцаат, делува како не, исто е, бар немаш плачки, раат си и ти и он и примена терапија
А температура качи? Јас штом видам почнува со шлајм да кашла одма и правам маска со Вентолин спреј, за да не спушти и до сега фала богу добро е, немала спуштено. Грчат , свират градите од шлајмот кој се собира во градите и не може да се исфрли оти се мали уште, затоа побавно мине кашлањето. Што терапија ви дадоа?
Вирус е зошто антибиотик? Од вирус и на плуќа два пати спуштал и не сме добивале антибиотик. Антибиотик добива само за бактериски инфекции.
Бебето качи температура ден ипол дп 38.5. Бевме на пат надвор од Мкд и немав инхалатор, па вториот ден кога се вративме му уклучив сама инхалација со пулмикорт. Вчера матичниот рече ништо не е, вирус ќе пројде, не инхалирајте. Јас и вчера го инхалирав со пулмикорт. Денес пошто почна да свири рече да инхалираме со физиолошки, пулмикорт и вентолин. Имаме инфектолог во фамилија, му земаа брисеви и согласно резултат може да уклучиме и антибиотик, а ќе го слушне и утре, ако е полошо ќе вклучиме и пред резултатите. Многу е мал, 7 месеци ќе прави за некој ден, треба да се внимава да не искомплицира.
Лаик сум на темава со вируси,бактерии плус од онаа генерација, антибиотик за "добро утро" кај што се даваше. Дали за секое кашлање и затнат нос правите крвни слики, брисеви и слично за правилно да се одреди дали е за антибиотик или не?
Крвна слика практикувам да правам после 3-4 дена температура, а брисеви ако одлучи педијатарот така. Ако на секое кашлање и растечен нос им правам, ќе треба да се претплатам годишно во некоја лабораторија.
Јас колку што имам сфатено, антибиотик даваат ако има наод на плуќа независно дали е само вирусно. И не било каков мора да има и кортико во него, како на пример сумамед или панцеф. Најчесто си наод тие што дават амоциклав на крсјот пак завршуваат со сумамед или панцеф. едит: крвна слика правам ако имаат темп два три дена а да не е на пример поради гнојна ангина температурата. Чисто да видиме дали е вирусно па да не брзаме со антибиотик. А брисеви сум направила еднаш или два пати до сега поради затнато носе кое не попушта. Незнам колку пати сум пишала за ова ама пред месец и пол син ми спружен беше цела недела. Температура постојано имаше. Не јадеше. И само лежеше . Го болеа сите мускули. Мн се изнамачивме и три пати на детско во раце го однесов ни инфузија не ни дадоја за хидратација ми рекоја крвната слика покажува вирус и крај. Ќе си се помачите со еликтролити и течности и ќе помине. И вистина де измачивме ама помина без антибиотик.
Па не баш. Проценувам ситуација, ама тоа го научив со искуството како што растеше големиот. Пр.ако е само температура без други симптоми (кашлање и нос), чекам бар два дена. Ако помине ок, ако не тогаш правам кс. Последниот пат големиот прво ми крена рандом температура на два пати и имаше мрсули. Дирекно направив брисеви. Во меѓувреме малото се наполни со секрет и крена тт и за него дирекно брисеви без кс направив. Двајцата со бактерии и двајцата добија антибиотик. Во секој случај следам деца и симптоми па одлучувам, секако консултирам и матична. Дури и на доктор не ги носам одма освен ако е лоша кашлица за да ги преслуша. Ја консултирам на вибер и следам препораки.
Никогаш не ни дале антибиотик за наод освен еднаш за бронхит во комбинација со бактерија во грло ама тогаш се искомплицира ептен со црп 150, ако памтам добро.
Мислев на наод како бронхит или пневмонија проследено и со др симптоми како малаксаност и температура бидејќи најчесто се комбинирани од намален имунитет. А инаку и ние мал наод лечиме со течности и со инхалации.
За бронхит зборам и јас. Последно кога имаше прими и урбазон и си продолживме со инхалации кортаир и вентолин.
И кај моево прв пат беше, го однесов на итна не можеше да дише и ми рекоа или во болница да го носам или да му стават урбазон, па да видиме како ќе биде. Избрав урбазон и се смири одма.