Да нормално ќе избереш што е подобро,и јас би избрала исто,e сега нз дали до тој степен не сме дошле сма никогаш не било опција урбазон. Ни па кај други што ги познавам. А овде често го читам во групава затоа прашав.
Во понеделникот правевме ренген има спуштено на гради, исто и брисови кој детектираја вирус, крвна слика мирна, пред тоа пиеше сируп за искашлување од кој доби алергиска реакција. И дадоја сумамед 6 дена и инхалаци со физиолошки и синомарин за алергијата лоратадин, денес е последен ден од сумамедот од вчера почна да качува тт до 37.6 најмн. Матичната не работи замената одвај ме прими била покриена со терапија и била во добра состојба ама денес е многу омалаксана незнам дали да ја носам на болница
Мајки здраво Пред 2 дена пишав средата детево почна да повраќа што ке каснеше повраќаше, мислев од возењето му беше оти има мака од тоа. Четвртокот не престана, го однесов на клиника не задржаа и прими една инфузија. Од кога отидовме не поврати, немаше пролив и не пуштија петокот, добар беше до вечерта. Денес има пролив, 2 обилни мн течни столици, нема повратено, ама му се гади многу, и не е јаден ништо, течности можеби се на се има испиено некој 150-200мл. Му давам провен прашок, ваја капки, лажиче по лажиче кока кола, еднаш му дадов и фурал, орс шумливи, ама слабо ги пие. Да одиме болница пак, или да продолжам со ова што пишав, препорака од матичната инаку. Незнам што друго да направам од дома, ме загрижува што не е јадено ништо. Детето е 3 год има 15кг, и нема покачена тт.
150-200мл не се малку ако се во неколку часа, половина ден.. ако се буквално во цел ден/24ч тогаш се малку. Колку дена претходно повраќа, има проливче? Други симптоми? На кој основ ве задржаа на клиника и ви дадоа инфузија? Направија лабораториски испитувања, имате резултати крв? Потврден стомачен вирус? Кој петок, вчера? Ако бил дехидриран вчера, со една инфузија не е доволно ако не го лечите причинителот и продолжува со симптоми. Направете соодветни испитувања. Не мора да јаде, доволно е само течности да пие, сок од јаболко, чајче, јогурт, супа од петел, или електролити и сл. Ако одбива течности, изгледа омалаксан, блед, не мочка, тогаш обавезно на лекар.
Немора да јаде, течности само доволно е. ОРС давај со лажиче , секој момент нуди. Нема сакам несакам, секој момент по едно две лажички. Утре ако испие 100 мл. тоа ви е доручек, супа од петел за ручек , вечера пак јогурт. Не се грижи за јадење нема ништо да му биде без јадење.
Од сабајлето па додека прашав имаше толку испиено. Ама пие на секој 10мин 2 лажичиња електролити, и во меѓувреме сок од јаболко и кока кола. Има уште 150мл испиено од тогаш Од 15ч нема пролив, не повраќа оти не јаде ништо, не ни сака , ама барем пие. Повратено имаше средата и четвртокот, и сабајле ама многу малку оти му дадов банана, ако не му дадеш да јаде не повраќа, а проливче 2 пати само денеска, многу во 11 сабајле, и во 15ч, а во 14ч дадов фурал, сега во 22 ке му дадам пак, а колку да му дадам матичната вика 5мл, јас дадов 3мл некако многу ми се виде Не е блед, нема температура, мешето му е меко. А не задржаа оти направија крвна слика од вена и урина,ама ми рекоа не се лоши анализите, но не ми ги дадоа, и иначе да тоа беше вчера. Еве сега имаше пак дијареа, таман викам добро е ке престанува, се покака :/ му го дадов сирупот секако е 21и40
Секоја внесена течност која не е исфрлена како пролив или повраќање е примена течност. Се додека пие течности е добро. Колку и минимално да е, ако се уште има проблем ќе повраќа или ќе има пролив. Веројатно веќе е подобро. Храна не форсирај никако, доволно е течности, сок, чај, јогурт, супа, орс и не наеднаш и не мора од сите. Додека е весело, свежо во ликот и додека мочка детето е добро(не е дехидрирано). Ако тоа се промени тогаш повторно на лекар
Ти благодарам мн, а да прашам дали да правам аларми за ноќеска и да му давам течности, или да го оставам да спие?
Ќерка ми кога беше дехидрирана,не склопи очи цела вечер. Не беше плачлива ама беше будна и стомачето и беше мноогу подуено како балонче и тврдо. И на крвната слика се покажа дека е дехидрација. Сигурно и кај вас мереле бикарбонати и виделе дека се во граница. Не е битно да јади колку што е битно да пие. И не наеднаш по малце. Ако му даваш сок, стави низ прсти и сол внатре за да му се задржи водата во тело. И ако не ти пие орс , давај му со шриц, така е полесно.
Него напротив мешето му е меко и сплеснато, и така е слабичок, сега е бетер...ке пробам и така, ама сеќава одма ако нешто експериментирам и му се гади, сега малце поврати, ептен ми е криво на саат гледам цел ден веќе на 5мин по лажиче две да му дадам, и за секунда се враќаме одново се
Моиве ако повраќаат се што им давам одма ги носам на болница и им кажувам не оди рсботава се што давам повраќа. Пуштете инфузија. Од кога ми дехидрира така малата и страв мин е ептен. Цела недела по две инфузии примаше. Ко ќе видев дека плачи со солзи се радував. (Кога дехидрира немаше ни солзи)
За дехидрација да знаете, штипни ја кожата на задната страна од дланката, и ќе видите дека одма се враќа назад. Ако си дехидриран, останува згужвана една секунда пред да се израмни. Кај деца нема зафрканција со дехидрација, подобро некоја инфузија да примат отколку да колабрираат. Ако примаат течности, макар и една голтка, нема гајле, само упорно да се дава. Ако повраќа се, мора итно на лекар. Полесно ќе се справам со 40 температура дома, отколку повраќање.
Малата моја кога дехидрира имаше година и два месеци. Поврати само два пати инаку. Орс не ми прифаќаше ни вода никако ми стискаше заби, ама ја доев цел ден. И вечерта ми дехидрира. На детско ми кажаа на бебе млекото не се рачуна за течност туку за јадење. И дека не е доволно за хидратација. Тоа што два пати поврати а ја доев не беше доволно да се вратат изгубените течности. Од тогаш премн се плашам од дехидрација и кога имаат температура висока и не ми јадат трчам на секој 5 мин со 5мл шприц со орс. А за стомачен не ни чекам,одмс на инфузија. Мн е страшно кој не видел еве ви кажувам.
Мојата беше со салмонела со 41 температура, од температурата не се плашев колку од дехидратацијата, кога ми поврати втор пат после голтка вода, право во болница отидовме. Каква болест и да има детето, има лекарства што можеш да дадеш, ама ако повраќа и не прима течности, се согласувам дека пострашно нема.
Се извинувам што сега одговарам, како поминавте ноќеска и како сте денес? Вообичаено не би требало да се буди, но дехидрирано или болно дете секако не спие мирно и непречено цела ноќ, па има можности за давање течности и контролирање. Ако не почнало денес со внесување течности поголема количина и со лесна храна/супа/попара и сл и ако почесто сака да лежи/неволно/омалаксано тогаш би требало пак на лекар. Ако е подобро, не брзајте со тешка храна следните денови, тоа е најголема грешка. Прво лесна храна по малку(јогурт, кисело млеко), домашна храна(супа, чорба, ориз, компир па пилешко/мисиркино), сува(двопек, соленки, квики) и течности. Па дури после 3-4 дена постепено и останата храна. Пробиотик пожелно е подолго време.
@Miss_S не носам одма на лекар при најмала температура или течење нос. Чекам неколкј дена. Крвна слика правам после тие два/три дена иако матичната обично и без крвна слика знае дали ттеба антибиотик или не. @Чанта Сумамед и Панцеф се јаки антибиотици ама не се со кортико во нив. Инаку ако е вируа и спуштено на плуќа (бронхит) не ми дале антибиотик туку само инхалации со Кортико или Вентолин.
Да така даваат ама ако се влоши и не поминува мора и антибиотик дека најчесто од паднатиот имунитет може и комбинирано да е со бактерија . Иначе мислев дека се со кортико инаку знам дека се мн јаки.