Покачени гранулоцити (и тоа баш процентите) и високо ЦРП се бактерија. Кај мојот скоро секогаш е така. Леукоцитите му се или мирни или благо покачени. Со лесно да поминува.
Исто на 4 до 6 часа, парацетамол па бруфен, ако е мн висока тт прво пробај да гп разладиш, акп не помага јас сум давала и на 5 часа сируп.
Еферелган е парацетамол. Ако е чепчето исто парацетамол тогаш е минимум 4 саати, а препорачливо е на 6. Исто така максумум дозата дневна не смее да се надмине. Така ако еднаш дадеш на 4 саати во текот на денот следната доза ќе треба да ја одложиш. Ако не спушта со парацетамол подобро смени со ибупрофен (Блок Макс) отколку пречесто да даваш парацетамол. Е сега кај моето дете единатвен парацетамол што делува е оној на Алкалоид иако по вкус е најлош, па можеш и Ефералганот да го замениш со друг производител и да видиш дали делува.
Здраво,дете 7год,во попладневните часови,после 15ч,почнува да кашла,обилен прозирен секрет од нос,очи солзат и чешаат.Ова се случува последните два дена. Веќе три месеци е под терапија за алергија.Доколку е ова алергиска реакциј на полен(или незнам што),зар не би требало уопште да ја нема?збунета сум,незнам што му е. (ОрЛ која го води и му ја даде терапијата за алергија не е тука оваа недела за да ја консултирам)
Дали тие што сте имале контакт со болен од пертусис или имате дома заболен ви дале превентивно нешто или сте се тестирале? Исто така ме интересира околу семејството дали сите лесно префаќаат?
Дали има некој друг со сличен проблем - долготрајна сува кашлица? Детево (2ипол години има) скоро 3 месеци кашла, највеќе навечер во спиење или кога ќе се растрча и умори надвор. Неколку пати го носевме на матичен, ме убедува дека ништо не е, нормално било кај деца што одат во градинка да кашлаат нон стоп, да сме се навикнале. Мене не ми е нормално, не знам кај да го однесам, што да се испита? По совет на матичниов пробавме со Проспан, па инхалации со Дексаметазон, па млеко со прегорен шеќер да му давам, па чај од бел слез, да го мачкам со Павле балсамон и слично. Иначе нема ни мрсули, ни температури, крвна слика добра, ама ете кашлицава не поминува. Некогаш ќе прекине сама од себе па по 2-3 дена пак ќе почне. Некој совет што да се прави?
Мислам дека сама можеш најубаво да си оцениш дали е или не е нормално. Исто кога ме убедуваше мене матичната отидов на второ мислење. Не викам дека успат нешто не залепивме ама се излечи. Отиди и на второ мислење. Ќе почнат со исклучување кс, брисеви, алергија. А со антихистамин си пробала дали се смирува? Може и за тоа да ја прашаш матичната да пробаш, ако се смири алергија е.
Не знам дали е исто и кај вас, ќерка ми поткашлуваше лани од септември до декември. Некогаш повеќе ( тогаш носена на матичен, ништо немаше ), без никакви други симтоми.... Помина. Не знам. Освен бејби оригано ништо друго не вметнав плус. А алергија да не е овој период?
Баш така, некако самата си мислам дека не е нормално ова. Ниту сум паничар, ниту хипохондрик, стварно мислам дека има некаков проблем. Со сируп за алергија не сме пробале, ќе разговарам за тоа со педијатаров. А каде да го носам на второ мислење, некоја препорака? Кај вас што се испостави дека е? Само од себе и помина? И јас му прскам од тој спреј ама џабе, ништо не му помага. За алергија појма немам дали е, ништо не ни рекол докторов. Изгледа јас треба да сум поупорна, само не знам кој пат да го фатам.
Во Ремедика ја носев од раѓање. Сега по потреба. Кај Јадранка за рутинска контрола, а кај Искра кога е со кашлица.
Не, никој, и никој не префати од неа. Има вирус еден 3м што трае со упорна сува кашлица. Адено вирус. Секоја есен синко го има. Ништо друго, само кашлање суво.
Малата 2г 4м вчера два пати имала мека столица дур бев на работа. Откако се вратив не беше во вц и не се пожали, вечераше двопек и јогурт. Сабајлево маж ми и дал витамини меѓу кои редовно има и ваја пробиотик. Ама ми се пожали ја боли мешето и пак течна столица имаше. Не знам што да и давам за јадење, попара со јогурт, ориз/компир за ручек, банана? И вајата ми е некако слаба дали да и дадам плус диастоп или многу ќе биде? И растворив и електролити.
Ние сме со антибиотик, направив огромна грешка заборавив да дадам пробиотик првиот ден и следните три дена малиот беше со течна столица. Со исхраната се како што напиша, вчера веќе не знаев што да правам, дадов дупла доза диастоп и со само една ќесичка смекта се среди столицата.
Јас во вакви ситуации давам дупла доза ваја. 2 х 10 капки Го имам прашано матичниот ми има кажано дека нема штета
Повеќе личи на алергиска база. Провери дома дали имате негде мувла во некој дел од особите каде е највеќе изложен дневна или детска дури и најмалце да има ќе кашла со месеци без престан, ако имате завеси,теписи дома исто може и од тоа да е. Најдобро алерготест да си направите и да видите на што сте. Друга работа проспан и чај од бел слез го тераат телото да исфрла шлајм доколку го има кај вас го нема и суво кашла што е нормално. Дексаметазон немате потреба искрено зошто детето нема потешкотии со дишењето туку кашла само.