За што ви го дадоја сирупот? Бидејќи и нас вчера не го дадоја истиот,иначе мојот не прима антибиотик. И дали имате позитивно искуство со сирупов?
За да му се појача имунитетот често настинува а на вас за што ...ама ние пиеме во моментов оспен и затоа прашувам
Колешка го даваше после испиена доза антибиотик кај малото за подигање на имунитетот.. Дали смее заедно не знам..
Малата 1 год и 3 месеци пиеше Зинат, пред 5 дена го завршивме. Од петокот е со растечен нос кој без престан тече. Да ми препорачате некој спреј или капки за нос додека исконтактирам со педијатарот? Цела ноќ не можеше да спие од секрет што ја давеше
И син ми е така, плус со температура. Вчера бевме на дежурен, ни дадоа септаназал за носето. За спиење барем, помогна.
Истиот случај сме и ние,за 2 месеци четири пати е со температура,од кој еднаш спушти на плуќа. Крвна слика перфектна,утре ќе испитаме уринокултура и брисеви.
Колкаво е синчето? Не ми враќа педијатарот, не знам дали за нејзината возраст смее Септаназал? Нека поминува со лесно на сите дечиња па и на нашите
Да, доста добар е за подигање имунитет и спречување на некој начин вирус. Но, матичната на моите деца е против секој атб, па така и за изопринозинот во ептен екстремни случаеви го дава.
Маж ми ми вика детево дека има рамни табани. Има 5 години, последно била на ортопед на 3год и тогаш рече дека се е во ред и да ја донесам пак во прво одделение. Следнава недела имам термин на ортопед за бебето па дали има поента да ја носам? Некој што има дете со дијагностицирани рамни табани да спореди со сликава, па да ми каже дали треба да реагирам. Според чичко гугл, секако до 5 год повеќето деца имаат порамен лак на нозете, ама немам искуство на темава...
Здраво мене ми беа дијагностицирани рамни стапала на 13 години,до пред тоа педијатарот мој не сакаше ништо да превземе тек на 13 години ме упати и се утврди дека се работи за рамни стапала плус јас имав и валгус положба на колена (х нозе) терапијата беше ортопедски чевли со ортопедски влошки,перли А со д3 и имав една направа со нозете правев вежби . Се надевам дека не е ништо ама доколку се сомневате подобро однеси ја.
Вака не може да се види дали има рамни. Ова влечење навнатре на ногата е нормално така мене ми кажа ортопедот за мојата носена за истото. Прстите на носете притисниги нагоре накај телото(стапалото) ако не е дустабан треба да се формира лак. Но штом веќе имаш термин однеси да ја види.
И кај син ми е вака... рамни не се, можеш да провериш иначе да и обоиш и да згазне на хартија. Јас од мал го влечам по ортопед за ова, викаат како порасне ќе се опраи. Десна кај него е повеќе од левата, послаби лигаменти.. а брзо расте, тежина нагла и затоа вака.. Ама ме тешат дека само од себе ќе се среди. Ни рекоа да земеме од оние полутопките гумени со боцки, да гази на нив, да вежба да се крева на прсти и да се спушта и никако скокање на трамболина. Треба и ние пак да отидеме на ортопед... кај него десната од што е надоле и патиките така ги искривува..
Cesti tecni stolici so sekret I oraznenje vednas posle obrok. Na koprokultura vo Sistina Na drzavna koprokultura bese negaticna a vo sistina ni izleze pozitivna