Мене првото на кортаир ми е постојано... 3-4 дена не и после пак 2 недели... а во козле ми имаат кажано дека до 3 месеци константно може да се инхалира доколку има потреба. А сеа колку е тоа штетно да е постојано на инхалатор...ама новово здравство само со инхалации лечат, бар од мое искуство, за жал
Iskustvo oteceni jazli kaj dete bolno bese tt krvna slika dobra kaslenje bronhit maticen pedijatar ni rece uste sme pod terapija
Ќерка ми (4год) последниве 10тина дена неколку пати се жали на мешето. Еднаш стана со плачење од спиење и ја однесовме на болница. Малку и било подуено и на допир малку ја болеше. Терапија еспумисан, пробиотик и б витамини. Од вчера е со антибиотик амоксиклав зошто е болна, кашлање, грло црвено и температура. И пак се жали на мешето. Вчера матичната рече дека и е од настинката, ама еве и денес пак се жали дека ја боли. Се што има за терапија е веќе дадено и не знам ми што да правам сега.
Кај мали деца често при инфект (вируси и други состојби), се случува воспаление на жлездите во мешето и тие прават грчевити болки. Меѓутоа не е лошо да ја види доктор и да процени. Кај мојот поголемиот еднаш се случи така дури и поврати од болка. Го гледаше педијатар, ама не упатија и ехо на меше и само се потврди оваа состојба. На познаничка девојчето додека беше мало цело време имаше ваква симптоматологија на скоро секое разболување.
Вчера бевме кај матичната, рече дека е од вирусот, а откако ќе допие антибиотик ќе правиме и уринокултура секако. А има нешто друго што можи да пие или со се е покриена? Ми е непријатно да ја носам пак на болница, скоро секој ден сме таму.
За ларингитна кашлица ги инхалирате само со физиолошки или директ со кортаир? Малиша од ноќеска почна да лае па да му направам една инхалација сабајлево
Тоа прашувам, пошо до сега само еднаш на своја рака имам правено со кортаир, иначе за се чекам дозвола од педијатар
Мојот неколку пати имаше при настинки јаки болки во стомак и на ехо и на гастро и хирургија бевме излезе дека му се воспалуваат жлездите на стомакот