Од што може да е температура 37.5 кај дете 4.5 години, никакви други симптоми ниту грло ниту носе ниту кашла, ниту проливче ништо... Еднаш два пати се пожали дека го боли меше ама беше во вц нормална столица.. Дали има некој ваков вирус периодов?
Мајки по колку мл давате изопринозин сирупче на децата ? Ние сме 4 год и дали сирупот се дава заедно во комбинација со витамини ?
За што ви го дадоја? Нас исто не го дадоја, меѓутоа мислењето беше поделено една докторка викаше да го земам,друга не
Дека мн често настинува и постојано сме на антибиотици на секои 2 недели и да се ојача малце имунитетот. А на вас за што ви го дадоа ? И зашто една дава друга не ?
А матичниот др не го дозволува да го пие или ... Јас од колешки што го пиеле деца исто со чести настинки се многу задоволни. Имало ефект мн ама ми кажаа дека се пие заедно со витамински сируп не само изопринозин
Син ми 22 месеци. Завчера имаше малку црвено на обравче. Вчера две кругчиња на двете обравчиња баш на јаболчница. Денеска црвенилото е поголемо. Што може да е? На допир ништо посебно не се чувствува. Кожата личи ок, ама има црвенило. Има некоја искуство?
Ништо ни рекоа само од себе ќе помине до кај 8 год било појава што се јавува. На гастро го гледаа и за слепо црево немаше ништо таа ми рече благо нешто кога ќе му се јавило ама тој го повраќање. За болка парацетамол ако ептен не се трпело
Детето на другарка во Германија и детето на колешка тука, 2-2ипол години се, двете имаа осип на обравчињата, им ги покажував сликите и рекоа дека е истото како испукани капиларчиња, едното било со температура па рекле осип од температура, а таа што не е тука и рекле вирусен осип. Нешто ми одеше накај парво вирусот мене, ама ни на една ни на друга не им го кажале и никако не ги третираа, на едното му помина, другото се гупи па пак има ама помалку.
Не е осип. Кожата е мека и нежна, само црвенило има. Тој си пати и од дерматитис на периоди, ама само црвенилово ме буни. Вчера мислев од топло дека му е, храна немам нова воведено. Ама денеска веќе повеќе има и стварно не знам. Пробав на направам слика, едвај, зумирана е, ама нема осип воопшто. Спојлер Иначе да, си кашла од завчера. Вирус има сигурно, ама стварно не знам дали може да е поврзано.
Здраво мајки, малиот до неделата пиеше амоксиклав, ми имаше спуштено на гради. Два дена не поминаа фати гнојна ангина. Со температура која качува до 41. Нова терапија со зинат. До вчера пиеше некако на сила и вода и некое шмукалче ќе подкаснеше. Утрово не сака ништо. Едвај успеав антибиотикот на сила да му го дадам и го поврати. Веќе ум немам што да правиме.. во многу лоша состојба се крајниците и не може ништо да голта.. И пишав и на докторката чекам одговор што да правиме. И дали кога ќе поврати смеам да дадам иста доза антибиотик одма?
Пушти и кај педијатар да си мирна ама кај нив си помина со време. Едното имаше и некоја инфекција на очиња. Осип не мислев на рапаво нафрлано, они го опишаа како испукани капилари и мазна кожа, да не кажам ко шливка (од времето) . Безвезе ми е да праќам слики што не се мои, ама вака освен што двете се црвени на иста специфична регија што нив не им е вообичаено, друго не знам за да приметам и споделам.
На педијатар сум во 2. Ме интересираше искуство пошто почињам да паничам. Не е како испукан капилар ниту шлифка, туку само црвенило кое жеже и баш ми е несекојдневна ситуација и не знам што да мислам. Во секој случај фала што издвои време.
Прочитај за петта болест, вирус е. Внук ми во странство живеат и пред неколку недели имаше и таму му кажаа дека за неколку дена ќе пројде и така беше. Ништо страшно не е. Исто вака изгледаше сега може не е ни тоа ќе видете на матичен секако