Sega ima streptokoka piogenis i ne e bas naivna. Megu drugoto cesto dava i vakov osip. Mozes brisevi da napravis za sekoj slucaj. Nasiot pedijatar isto se somnevase pa izleze poz brisot i koga ima osip od taa bakterija i da nema drugi simptomi mora antibiotik zosto ne e bas naivna znae problemi da napravi.
Не е осип, само црвенило. Ставив Веледа и избледе па не добив никакви насоки на педијатар. Ќе следам дали ќе се повтори. Во секој случај, фала ви на мислењата.
Da kako crvenilo se javuva ne onaka bas klasicen osip ko sipanici ili alergija da receme. Guglaj skarlatina ili sarlah od streptokoka ke vidis sliki pa sporedi...
Апдејт петта болест е. Сега само што се вративме од итна. Се врати црвенилото па не ми се чекаше. Ама рекоа ништо страшно, неколку дена трае, заминува само по себе. Друг симптом е кашлањето, тт нема. Ама ми рече дека не е вирус во прашање, а искрено не сфатив што е. Ми рекоа го има моментално доста низ градинкиве тој не оди сеуште мора ќерка ми да му пренела, а таа пак нема никаков симптом. Црвенилото му се прошири и по нозе затоа највеќе го носев на итна, да му останеше само на обравчиња ќе го третирав со Веледа и ќе му поминеше за некој ден немаше ни да знам што било. @Cloverrrr
На сестра ми и рекоа вирус дека е и за неколку дена му помина, немаше потреба ништо да се прави. И кај нив внуките немаа ништо само внукот се исфрли. Добро во се ова е што дека стекнува траен имунитет
Здраво мајки син ми има пневмонија,сабајлево е носен кај матичен педијатар на контрола го слушаше рече сеуште има наод ама го накашлуваше со стапче и рече откако ќе се искашла подобро е на слушалка. Уште инхалираме кортаир ама денеска пак почна да кашла,нема тт,јаде,пие течности и си игра не е улежан. Да појдеме до Козле на преглед? Фала ви однапред.
Една годинка е, многу настина, го чешка грлото, носето му тече, неможе слободно да дише, често кива, неможе да спие , еве сега буден е и плаче, совет како да му помогнам, или утре да се обратам до аптека по некакви капки
Чекај, рентген направивте што имате дијагноза пневмонија? Со пневмонија треба да бидете на болничко лекување.
Не мора да значи, како ќе им прдне на паметот, така прават. Син ми (годона и 8м) 2 пати лежел, последниот пат (пред 2 недели) на слушалки ништо а на ренген покажа и место да лежи сумамед му препишаа
На слушалка имаше крепитации (што се типични за пневмонија) и свиркање и матичната и во Козле ни рекоа дека е пневмонија,ртг не му направија. Како што кажа членката не не задржаа и нас во болница,ни препишаа терапија за дома сумамед 6 дена,инхалации со кортаир и ипратом. Не била секоја пневмонија за хоспитализирање,таков одговор добивме од специјалистите во Козле.
Фрчи кортаир на сите страни,како физиолошки раствор да е го препишуваат.. (сите познаници чии дечиња се болни се на инхалација со кортаир/ипратом,кортаир/вентолин)..
Те читам многу се намачивте со малиот често пишуваш во темава . Што ти вели матичната од што толку често се разболува?
Бевме и на имунолог,со слаб имунитет е и докторката во Козле што го води вика поради ниско ИгА е подложно на толку чести горни и долни респираторни инфекции.. Имунологот не ни даде никаква терапија бидејќи немало терапија за тоа освен како ќе расте да јакне имунитет ама витамини може рече да си прима и следење обавезно контрола на секои 3 месеци со нова лабораторија. Ми е грев што го гледам срцево ми се пара,се изнамачи
Дали има некој стомачен вирус периодов? Детево вчера се покака 4 пати,во текот на ноќта стигна до 11 пати. Пишав на матичната сеуште ми нема вратено,што да му давам дури да го однесам на доктор?
11 пати е многу. Кај нас толку чести столици беа рота вирус. Би требало веќе да сте на доктор, освен ако дома не правите сериозна рехидратација, што е многу тешко со 11 течни столици. Електролити обавезно, дупла доза пробиотик, прашок смекта. Чај, сок од јаболко, бистра супа петел- дозирано во мали лажички на одредено време. Двопек, бисквити, соленки, квики- грицкање по малку. Сепак, најдобро е посета на доктор и лабораторија да се види колку е дехидрирано детето.
На "диета" нека е денес да се смири стомакот, сува и лесна храна, двопек, компир, ориз, зелена банана, печено јаболко, пробиотик и електролити, вода многу да не дехидрира. Немој зачинета и пржена храна, сокови, благо и сл. Ние земавме плус пролајф ама тоа нека ви каже педијатар.