Na dvata obrazi ima ili kako na pocetok se pojavi , gledam i kaj mojov na edniot obraz se pojavi kako vo vid na krug e sega zasega.
Првиот ден беше само на едното обравче малку црвено како отпечаток од прст. Вториот ден веќе беа зафатени двете обравчиња по едно мало кругче. Третиот ден беше највеќе вжарен, проширено беше на образите и плус му се прошири по нозете. Нозете не му беа вжарени, повеќе како бледи шари беа. Вчера четврти ден беше доста повлечено, денеска петти ден скоро и да не се приметува. Друг симптом беше кашлица. Ама ретка, не да кашла цело време. Може да има и тт и да се чувствува летаргично или да има болки во коските, или да нема никакви пропратни симптоми, ама генерално не е ништо страшно, поминува за неколку денови. Иначе знае и да се повлече црвенилото па пак да стане интензивно во текот на денот.
Ова на ringelröteln наликува .Ако имате во градинката сигурно е тоа многу е раширено периодов секаде по школи градинки.
Da na pocetok na Juli ke ima operacija na polipite i rezovi na usite.Operacijatà e ambulanska i se na se prestojot e okolu 4 casa.
Не се секирај. И да е тоа, не е страшно. Може да е и тоа назив овде. Петта болест ми рече и во извештај под дијагноза стои Erythema infectiosum, fünfte Krankheit. Спомна докторката дека го има во градинки. Малиов не оди уште, веројатно ќерка ми му пренесла, асимптоматски.
Колку време ги оставате преку ноќ да спијат со температура? Малата ми крева 38 а има две години. Претходната ноќ исто креваше до 38 а и давав ефералган и по 3 и пол саати пак креваше.
Здраво Последниве два пати после бањање малата многу се чешаше доле и си пушти крв се изгреба кај препоните и срамните усни и црвена се направи. Така и по телото кога се греба се прави(од атопичниот дерматит). Не знам дали е до памперсот. Бејби лино почнав да користам ама речиси го потрошив сега на крај да покаже реакција? Не знам дали е пеленски осип, пошто и од дерматитот знаела да се исфрли и после ко ништо да не било. Ја намачкав со домашен кантарион вчера. И се потсмири црвеното. Но мене ме буни што вчера и денес кога мокри плаче и ми вика кака и плаче. Прво мислев какала проверив памперсот немаше. И потоа сфатив кога мокри дека така прави. Утре секако ќе ја носам на матичен. Ама ми треба ваше мислење или искуство, дали мислите дека од што мокри па ја пече кај црвеното долу, или пак да не е некоја инфекција? Какви симптоми имаат инфекциите. Пошто мојава нема апсолутно ништо друг симптом.
На малата и се појавуваат модринки на нозете кај колената и на рацете кај лактото,мене ме буни нели кога ќе се удриме местото посинуват а кај неа се црвени, кога почнав да пребарувам на интернет од тоа што го прочитав сега сум уплашена ве молам за мислење
Големата бидејќи е проблематична, имаме поминато 38 преку ноќ и со разладување со алкохол симна и на тоа остана. За малата сум поисплашена и на 38 веќе давам, страв ми е за преку ноќ кога спие да не покачи повеќе а да не ја осетам
Аа ова се крајниците. Епа и на мене тој докторот на ќерка ми ми збореше за нив ама не го раззбрав убаво. Ние пиевме една недела тие лековите и некни бевме кај матичната, она и ги провери ушите и уште стои течноста. Така да, сигурно и ние ќе завршиме на операција. Ај со помин мајка.
Да тоа е .Раширено е и листот стои повеќе од 2 месеци никако да го симнат и во школото и во градинките, веројатно пак и пак се појавува.Побрзу да помине .
Рота вакцина има примено? Ако нема веројатноста дека се заразил со Рота е доста висока. 11 столици личи на рота вирус.
За жал нема примено, докторот рече можно е да е рота. Треба денеска да испитаме фецес. Може да ми пишете во ЛП? јас не можам
Дечки како беше сооднос на кортаир и физиолошки за инхалација ? Му дадоа на мм за малата ама сум забораила