Скоро пред земање имаше јадено ептен малце кисело млеко и леб. ОРС Алвоген пие, некој од докторите ми рече дека е од електролити. Сепак не сум мирна ќе провериме на гладно. Иначе 3 години има
Има некпј вирус со тт до кај 38 со 5, затнат нос ама со секрет цело време, плус кашалање? Двајцата ми се од вчера така хаос, се давам, и инхалации праиме со Синомарин само, од утре со кортеир ќе почнеме, пијат витамини со пробиотик, витамин Ц, инхалации, послаб им е апетот ама колку толку каснуваат, пијат вода, на 7-8 часа качуваат тт, се симнува со сируп, кашлањето ме плаши само, често кашлаат, дадов еден сируп за кашлање, чај никаков нејќат са видат тоа отпаѓа, што да правам за кашлањето, некој лек? Утре секако пак ќе одиме на др, и ќе праиме КС и брисеви.
Моите две беа со температура и кашлање ама и многу црвено грло. И почесто качуваа температура. Со антибиотик двете завршија.
Еве го малиот нешто слично, лежам и го слушам како се дави од кашлање, не знам како да му помогнам. Температура нема ама крајниците топки му се, одма алмацин му препишаа на дежурен, од носот позади му се слева…Вака јаде, пие, трча ама кога ќе легне не може да спие од кашлицата. А големиот само што помина ларингит со лесно зацрвенето грло, он се спаси од антибиотик ама кашла со денови и тој.
Има баш таков вирус. Син ми го фати, температура 38.7, качуваше така на 6-7 саати, два дена. Намален аптетит, па почна и да кашла, ама не многу често. А секрет литри. Еве две недели уште затнат нос и мрсули. Кога бевме на лекар ни кажа докторката дека има таков вирус и дека долго трае. За кашлањето нас ни кажаа само инхалации со синомарин ако ептен зачести. Аптетитот му се врати, крвна слика уредна, кашла само 2-3 пати во денот, ама уште има мрсули.
Па така нешто, до кај 38 со 5 негде качуваат, и тоа среќа на повеќе саати, намален апетит ама сепак каснуваат, и на почеток на вирусот имаше ок КС? Ние утре ќе правиме, 3 ден е утре, се мислам и за брисеви.. Колку качуваа тт? Брзо спуштаат моиве среќа, и тоа со Далерон, се чудам дека воопшто далерон им спушта. На кс се виде нешто високо за антиби Не им е црвено грлото, ама утре морам на матичен да ги носам, и да праиме КС, чисто да си знам што е, како е. Дали треба да пијат антибиотик или не. Сега добри се дечките?
Nie nemame tt sega za sega pred 2 nedeli kaslese i bronhitis se opravi leukocitite bea kaceni 13.9 se namalile na 9.92 sega pak nos tece bistar kako voda i potkasluva prskam sinomarin sprej sto da pravam
Вчера завршивме антибиотик заради стрептокока . Вчера !!!! Денес е со ТТ и повраќање......можно ли е? Ве молам утешете ме дека кај сите се случува зашто ке збудалам. Дадов Наусолвит ...
Малата прво околу 38 креваше ама беше многу омалаксана и цело време кемкава па и давав ефералган и по 3 и пол саати пак ми креваше. Ич не и делуваше. Блокмакс и држеше повеќе саати. Еднаш ми крена 39.5 и ја однњспв на болница осми дадоа одма антибиотик. Таму ја ладеа со пелена водена. 4 дена креваше температура, два пред антибиотик и два откако го почна. Големата се мачеше со грлото црвено две недели, па после почна да кашла па дури по недела од кашлањето крена температура и тогаш доби антибиотик. И таа не креваше многу, околу 38.5 мислам беше
Само еднаш правевме. Кога бевме прв пат ни рече дека не мора одма крвна слика. Кога бевме на контрола пошто веќе не креваше температура, го наслуша на гради, провери грло и уши и рече нема потреба. Јас направив после извесно време заради мрсулите. Ненормално многу.
Само за утеха, Не има повеќе за жал.. Ние во недела го завршивме антибиотикот заради увото, кашлица, температура, црвено око.. вчера пак температура и пак почесто кашлаше.. Не е ни престаната целосно со кашлање 5 месеци
Не, лоратадин и синопен крема, денес отокот и е малу спласнат, а кај шо има убод се направи како меурче тврдо
Дали ви се случувало дечињата да почнат да мократ пречесто. Вчера мнгу често мокреше дури едвај додржуваше и еднаш се помоча во гаки(4 месеца како не носи памперс). Само што ќе моча вика пак ми се моча. И некогаш ќе пушти две три капки. Пред 3-4 дена испитав урина добра беше. Инаку имаше уринарна инфекција пред околу 4-5 месеца. Не знам дали пак да испитувам стварно често испитувам.
Инфркција може да е пак, честото мокрење на тоа резултира обично, кај нас беше така пред 2 месеци, заврши на антибиотик, за брзо се опорави со антибиотикот. Ако фатиш доволно мокрача испитај уринокултура, ако не само урина, ќе покаже присуство на бактерии и ќе ви дадат антибиотик. Ние мачкавме и канестен, и антибиотик конкретно за таа намена Тримоксазол.
Луѓе ова кашлањево ме излудува, се плашам да не има пертуисис, а вакциниран е.... Не знам што да мислам, после сме на лекар секако.
Не би требало и да има јадено да е толку покачено оти не е баш малку. Ама да сте мирни, проверете пак по можност да е гладно детето наутро пред земање крв за да видете дали ќе има разлика. Кај нас еднаш се сеќавам син ми имаше 3 или 4 години не се сеќавам баш и имавме закажано за крв од вена со испитување на сите параметри, цела вечер нели не јаден, сабајле се спремаме и ми бара чоколадно млеко, а нејадач е и ден денес, 11 години има денес, е викам баш сега ли ми бараш чоколадно млеко, да ти земат крв и ти давам одма, нее ко рече плаче, вика, урла бе урла, како да не беше тоа дете никогаш се немаше десено да плаче за млеко и му дадов на крај, касневме плус од него и го испи цело и додека стигнавме им реков на сестрите дека испил ч.млеко и рекоа ок, ништо. И исто и јас викав покачен шеќерот ќе биде сигурно од млекото ама за среќа не, си беше во граници на нормала. Така да, мое мислење, проверете си пак ама на гладно скроз и баш види што ќе излезе тогаш. Со среќа.
Мајки детето ми падна пробувајќи да се качи на стол, не беше поткачен ама наназад падна на ламинат. Плачеше 2-3 минутки, го смиривме. Не можам да се смирам цел саат, што правите во ваква ситуација? На ургентно, каде? Вака личи дека е добро, ама ќе му се приспие за кратко.. помош