Малата падна кога проодуваше, 12-13 месеци и тоа наназад од стол држејќи се и столот врз неа падна. Ок беше. На година и пол падна од стол додека седеше, плачеше но без други симптоми ок беше. Така да ако веќе не покажал други симптоми добро е
Фала ви да за малку ќе паднеше врз него столот ептен се исплаши (а и јас) немаше ништо, еве спие и го подразбудив пред малку се сврте само
Малата уште малце 3г, испушта некој звук како издишување. На доктор се е во ред, ни рекоа дека се работи за тик кој се јавувал кај многу интелегентни деца на кои им бил како одбранбен механизам во дадена ситуација при справување со емоции. Какво искуство имате вие
Ние сме слично, ама син ми не секогаш го прави тоа, не знам што го тера на тоа, можеби е и глума.... Кога ќе ка прашаш зошто така прави, што одговор ти дава?
Мајки ве молам да споделите ако некоја имала слично искуство,очајна сум веќе. Точно пред недела син ми, имаше страшен стомачен вирус со преку 20 столици првиот ден. Потоа намали,проливот да среда се стабилизира. Испитан фецес не е рота. Меѓутоа почна да се жали на болки во стомакот,се консултирав со повеќе лекари сите ми викаат дека е,од вирусот. Со храна почна скоро све да јаде. Не знам веќе што да правам избезумена сум скроз.
женски имате ли некоj супер лек за кашлица, мокра и болна на сите им помина мене и на едното дете 4.5г не, јас кашлам мн шлајм и ќерка ми исто. др симптоми нема. сируп од бел слез ми дадоа, течности давам.. сируп од кромид не ми го пие :/ ловоров лист со мед и лимон пробав.. ако има некој др идеи пишете
дали ви се чини и сега дека е вака? во Прилеп барем не видов дете да не кашла, и возрасните што слушаат ми велат а и нашиве исто. Можеби е ама сезонски од промена на времето и се шири некој вирус лесно.
претпоставувам дека му е нарушена цревната флора, земи му некој добар пробиотик и уште со лесна храна
Инфо ако може да ми дадете за пертуисис, се сомневам дека со кашлањево на син ми, сме закачиле, му се слева секрет и навечер посебно кога ќе легне, ненормално кашла, не може да лежи дури, нит спие убаво. @AngelOfArh @KuklickaSk
Не знам. Јас го имам тестирано за пертусис, ама негативен бил. Доктор ми има кажано дека кашлањето со пертусис не звучи како слевање, туку баш ко да кашла на празно, но без прекин
Денски не е така кај нас, ама навечер му се слева секрет и е ужас, не може да спие ептен кашла. Каде го тестираше, преку брис оди постапката или? И за колку време има рез?
Не би требало да е пертусис. Таков е вирусов што кружи со страшна кашлица таква со многу секрет. Големиот кашлаше 2 недели, бебето спушти на плуќа, баш долго се лечеше. Во Авицена тестот е најефтин 850, а во Синлаб ако го тестираш сабајле, вечер имаш резултати, 950 мкд е.
Големиот пиеше нешто? Еве плаче навечер не може да спие, изгледа и грлото го боли, прееска во Козле бевме, ни кажаа дека му е црвено грлото, има секрет ама помалце од пред некој ден. Ни дадоа и антибиотик, а и мн е склон кон бронхитиси, и доста нежен, не сака нокт да го боли а не па друго... и сега во спиење рве не кашла ама се разбуди со плачење, и вика го боли нешто а не кажува што, се преплашив...
Кај нас исто болен е со температура повраќање и гликоза 7 излезе со маж ми беа на инфективна докторката ништо ме рекла за тоа дека не е во ред а и јас е паничам
Дај му працетамол, све може да е. И грло од кашлање боли, се надразнува. Јас инхалации им правев. Инаку ако стр биле во Козле ќе ве тестирале за пертусис ако сте сомнителни, знаат да проценат. Големиот инхалации само 3 дена, ама он има доста добар имунитет све брзо проаѓа и на нога. Малово заглавува
Бевме вчера ама не раб микробиологија во Козле дека пеазнично. И не им правеа тест, веќе почна со антибиотил големиот за него џабе ќе правам тест, за малото ќе направам утре во Синлаб, не пие антибиотик он. Кај нас е малото со добар имунитет, големиот паѓа брзо. Тоа е со децава нема раат од овие болести...