https://acibademsistina.mk/health/i...avje/744-bakterii-koi-gi-napa-aat-decata.html кој има време нека ја прочита статијава,ми треба мислење. Синко симптоми нема а на брис ми излезе некоја бактерија на носот. И сега има листа на антибиотици.проблем е што антибиотикот ќе ни го даде како сируп а не локално за во нос во вид на капки. Минатиот пат не ми текна дека бактерија во нос може да се лечи и со капки а не со сируп. Да давам антибиотик на здрав организам некако не ми иде. Потоа бактериите се лекуваат ако се патогени а не во секој случај. Значи нема мака ни температура ни шмрчи ни ништо,изгледа сосем здрав. Не знам што да правам.
А зашто да даваш антибиотик ако нема никакви симптоми? Нашата др не препорачува тоа. Моево дете имаше бактерија во носот без никакви симптоми, и не даде никаков антибиотик. Рече дека е клицоносец и ќе даде ако се активира, т.е. ако почне да прави проблем. Јас дури и ја вакцинирав со ММР со таа бактерија.
А да пробаш со алтернатива да ја излечиш бактеријата? Јас ја излечив со физиолошки и Ацидосалус, Физиолошки 3-4 пати на ден, како ќе ми текнеше, а Ацидосалус само насабајле и навечер, прво прскав физиолошки, па после 15мин Ацидосалус, некогаш искрено и не чекав да поминат 15мин. Свето тројство ми е Физиолошки, Ацидосалус и ВитЦ за бактерии.
појдов на матичен истото ми го рече. Мене ми е дека треба вакцина да прима рече безбедно е. https://en.wikipedia.org/wiki/Moraxella_catarrhalis оваа
мислам дека ќе пробам со тој спрејот/капките од оригано. Прашував пред извесен период добив позитивни искуства. Ставам и физиолошки,сув ми е воздухов нека има "навлажнување" во носот. Ако излезе секрет уште поубаво,ќе си го исчистиме носето докторот рече нормално имаме бактерио во организмот но додека не станат патогени нема никаква потреба да се третираат. И ми даде зелено светло за вакцина. Го прегледа чист е на грло и на плуќа.
Оваа бактерија е дел од нормална флора во носот, не де третира никако. Ја имавме истата и тоа беше советот, сепак можеш да прскаш солен раствор
Ме полуде ова мало палаво немирно девојче Ја начекала пастата на синко и ја ишмукала пола, ако не и више... незнам колку имаше точно во пастата. Може нешто да се случи?
Каква паста? Не би требало да се случи нешто. Со флуор ли беше? Ако е со флуор, дај млеко нека пие, макар и со сила, за да се врзе калциумот за флуорот и да се исфрли. Ако е детска без флуор, тогаш може да има лаксативен ефект, ама не е страшно.
Вака сега, да ве прашам вас што имате искуство. Докторката ме предупреди дека ќе трае 3 дена вирусот, така и беше, и дека од високата температура можно е да се исипе, да не паничиме, и тоа се деси еве сабајлево. За колку време проаѓа исипот дали знаете? Се мачка ли со нешто, и пишав на док. ама не ми одговара уште.
Два три дена, исто колку што траела температурата, некогаш и побрзо. Не се мачка со ништо, ќе помине само од себе.
@AngelOfArh @Annath Уф добро е, викам колку време нема да можам да искочам со детево од дома, не иде исипан да го вадам, од кај ќе знаат другиве родители што е, ќе се извадат од памет, и тоа со право, па и јас би испаничила да ми се доближи исипано дете.
Кај малото траеше 4-5 дена осипот, ама и температурата траеше скоро 4 дена. Ништо не ја мачкав, само ја туширав со вода, затоа што многу ја чешаше, имаше дури и во очните капаци. Побрзо да поминува.
Ќе трае колку што траела тт и не се мачка со ништо. Мојава беше 3 дена со тт скоро 40, и 3 дена потоа со страшен осип, немаше кај немаше точки. Вториот ден беше најлош осипот, третиот веќе почна да исчезнува. Четвртиот ден кога се разбуди, веќе немаше ништо буквално. Лани летото беше ова, и приметив дека ладното и' годеше. Дома клима на 20 степени пуштавме, да ја држиме на ладно ни кажа др тогаш кога ја прегледуваше. Надвор ни самата не сакаше, а и од топлото видов дека и' се вжаруваше осипот. Сигурно и ја чешал, ама мала беше, 6 месеци, па не знаела да покаже. Така што, помалку изложување на топло деновиве
Кај нас колку што памтам за два дена. Каде прво избива таму прво избледува. Не се мачка ништо, само од себе си поминува. Розеола вирус е како што ми текнува. Само дека е топло, туш само почесто за да не се поти и да не се воспалува.